Samsung Research е центар за напредно истражување и развој на Samsung Electronics што овозможува идните технологии да создаваат нови вредности преку непрекината иновација и интелигенција
Samsung Research е центар за напредно истражување и развој на Одделот за широка потрошувачка и Одделот за информатичка технологија и мобилни комуникации на Samsung. Samsung Research го води развојот на идните технологии за производите и услугите на Samsung со повеќе од 10.000 истражувачи и програмери кои работат во центри за истражување и развој во странство.
Под мотото „Ја обликуваме иднината со иновација и интелигенција“, активно спроведува истражување и развој за да ги идентификува новите области на иден раст и да обезбеди напредни технологии за своите производи и услуги за да создаде нова вредност и да го подобри животот на луѓето.
Основните теми за истражување на Samsung Research вклучуваат веmeштачка интелигенција, интелигенција на податоци, комуникации од следната генерација, робот, Tizen, грижа за животот и нови искуства, медиуми од следната генерација и безбедност. Особено го проширува својот истражувачки опсег на нови ветувачки полиња за да создаде нов начин на живот базиран на технологиите за вештачка интелигенција.
Центарот работи заедно со 14 странски центри за истражување и развој во 12 земји во светот и 7 глобални центри за вештачка интелигенција за да се обезбедат иновативни технологии и да се зајакнат неговите глобални капацитети за истражување и развој. Подеднакво ја максимизира технолошката соработка преку активна отворена иновација со истакнати универзитети, истражувачки институти и партнерски компании на глобално ниво, кои ги имаат најдобрите технологии во светот.
Samsung Research ветува дека ќе продолжи да работи напорно за да стане врвен глобален институт за истражување што создава нови вредности за иднината преку непрекината иновација и интелигенција.