Samsung AI

Откриј како нашите производи со AI може да ти го направат приватниот и социјалниот живот посреќен.

Дали од завидливост ти течат лиги додека ги разгледуваш социјалните мрежи на инфлуенсерите? Дали едноставна обврска во домот ти ја зголемува анксиозноста? Или, пак, од досада непрекинато ги прелистуваш социјалните мрежи, барајќи нешто повозбудливо?

Производите со AI на Samsung се тука за да ти помогнат.

Завидувај им помалку на инфлуенсерите со помош на Пребарување со заокружување на Google

Твојот омилен креатор штотуку ja објави својата „Комбинација на денот“ со прекрасна заднина. Зумираш завидливо и размислуваш за својот следен летен одмор. Но, каде се наоѓа тој живописен град што гледа на море?

Ти ја претставуваме опцијата Пребарување со заокружување. Со еден едноставен потег, може да го означиш тоа коешто ти ги побудува љубопитноста или завидливоста и да добиеш повеќе информации без да мора да излезеш од апликацијата. Вистинска среќа на твојата дланка!

Достапно на сериите Galaxy S24, S23, Flip5 и Fold5.

Намали ја анксиозноста од валканите алишта со нашите
машини за алишта BESPOKE AI™


Памучни, синтетички, нежни ткаенини? Шарени или бели алишта? Перење со топла или со ладна вода? Колку детергент да ставам? Долг или краток циклус? Брза или бавна центрифуга? Трошам ли вода, не заштедувам ли доволно енергија? Па добро, од кога перењето алишта предизвикува толкава анксиозност?

Со машините за алишта Samsung BESPOKE AI™ нема простор за претпоставки и анксиозност, има само совршен процес на перење. За време на AI циклусот за перење, четири сензори ја мерат тежината на алиштата и проверуваат колку се валкани за го утврдат количеството вода и детергент, како и времето на плакнење и брзината на центрифугата што се потребни за да ги добиеш посакуваните резултати без да се грижиш.

Кажи ѝ збогум на досадата, гледајќи надградени
содржини на телевизорите на
Samsung со AI и резолуција од 8K


Телевизорите на Samsung со AI и резолуција од 8K го подобруваат квалитетот на звукот и сликата, претворајќи ги обичните содржини во исклучителни. Всушност, резолуцијата од 8K е толку дефинирана, а сараунд звукот на Dolby Atmos е толку опсежен што ќе ти се чини дека си на стадионот и го бодриш својот омилен тим.

Отстрани го срамот со Bespoke Jet™ AI на Samsung


Одржувањето беспрекорна чистота во домот не е само за изгледот, туку и за тоа колку добро ќе се чувствуваш во него! Чист дом без прашина значи поголема удобност за твоите сакани и помалку срам за тебе.

Соодветна правосмукалка, како Samsung BESPOKE Jet™ со AI, ја олеснува работата. Оваа паметна правосмукалка не само што го детектира видот на подот, туку и автоматски ја приспособува моќноста на вшмукување. Дури и сама го испразнува садот за прашина! Што велиш за вакво паметно чистење?

Гледај го трејлерот на „Опаку
наопаку 2“ на Disney и Pixar

Гласчињата што Рајли ги слуша во главата ја познаваат целосно — но летово, сè ќе се промени поради тоа што Disney и Pixar воведуваат неколку нови Чувства во „Опаку наопаку 2“.

Искуси уште поголема среќа со нашите
поддржани производи

Следно, прочитајте ги овие приказни