Фотографија

Wildlife Watch

Внимавајте да не забележите животни од загрозени видови, во живо.
Бидете виртуелен ренџер кој се бори против ловокрадците.

Сите ги сакаме животните, но за жал, во светот постои драстично зголемување на ловокрадството поради ненадејното запирање на туризмот во резерватите на диви животни. Тоа значи дека има многу помалку луѓе да внимаваат на дивите животни кои се под закана.

Wildlife Watch е специјализирано ново доживување кое му овозможува секому каде било во светот да биде виртуелен ренџер и во живо да го набљудува дивиот свет.

Сметаме дека едноставниот чин на следење на животните помага тие да се заштитат. Со помош на технологијата, ќе помогнеме во борбата против ловокрадците во јужноафриканската степа.

Затоа Samsung ги здружи силите со пионерите на африканската технологија Africam. Редизајнирајќи ги нашите најнови мобилни телефони во партнерство на технологијата за добри цели, ги употребивме телефоните Samsung Galaxy S20 FE и нивните неверојатни камери како „систем за надзор“, за да ја зголемиме безбедноста на најранливите животни во Африка. Насочувајќи мноштво погледи над загрозените диви животни и најбараните грабливци, ловокрадците.

Преземете ја стражата и исполнете го својот дел во заштитата на загрозените животни од ловокрадците. Набљудувајте ги во нивното природно живеалиште и уживајте во спектакуларни глетки во живо од дома.

Со тоа што ќе станете виртуелен ренџер во ова интерактивно искуство, можете да ги предупредите ренџерите на терен доколку видите животни во опасност или видите знаци на ловокрадци. Споделете го она што го гледате преку слики на социјалните медиуми за да ги поттикнете другите да учествуваат и донирајте во Единицата за борба против ловокрадци Црна мамба. Со различни погледи низ камерите, набљудувањето никогаш не е исто, може да видите слонови, лавови, дури и жирафи во дивината од вашиот кауч. Бидете виртуелен ренџер.

Преземете стража на
Wildlife-Watch.com

Africam и Црните мамби

Клучна цел на Africam е да се поврзат љубителите на диви животни со глетки во живо во африканската степа. Тие се единствената организација која успешно постојано пренесува животни од природна средина од Африка, онлајн 24/7, додека континуирано развива нова технологија која функционира во степата и на најоддалечените локации.

Додека го поддржуваме Africam во нејзините напори, ние исто така му помагаме на нејзиниот добротворен партнер Единицата за борба против ловокрадство „Црна мамба“. Првите светски ренџери во светот работат невооружени додека трагаат по ловокрадци, жичани замки и провали по должината на оградата додека секој ден патролираaт до 500 квадратни километри од резерватот Балуле.

Прекинувајќи ја строгата патријархална традиција, овие храбри жени се фокусираат на елиминирање на нелегалната трговија со диви животни, на едукација и на заштита на дивите животни. Тие се гласот на нивните заедници, бидејќи веруваат дека битката против ловокрадците нема да се извојува со оружје и куршуми, туку со доволно образование во нивните локални заедници.

Преку Wildlife Watch ќе бидете поблиску до нивната работа, ќе ги видите загрозените животни кои тие ги штитат и ќе имате можност да донирате за да ги поддржите.

4

Ја користиме нашата технологија на телефони за да го заштитиме дивиот свет

За да се подобри надзорот над дивите животни, инсталирани се четири Samsung Galaxy S20 FE телефони како дополнителни камери во степата, зголемувајќи го дострелот на постојната инфраструктура на Africam во природниот резерват Балуле, Јужноафриканска Република.

Професионалната камера, големите сензори и моќниот 30X Space Zoom во секој телефон се користат за снимање животни за прикажување во живо и за поддршка на ренџерите во нивните секојдневни задачи. Покрај тоа, телефоните Samsung се редизајнираат и повторно се распоредуваат од страна на ренџерите како CCTV камери за граничните огради, како и додавање клучна техничка поддршка за подобрување на нивните секојдневни патроли.

Ренџерите користат и маскирно обоен џип опремен со Samsung Galaxy S20 FE за патролирање, а пренесувањето во живо од овој телефон ќе ве приближи до ренџерите и нивните секојдневни доживувања.

Меѓународниот диџеј, продуцент и моден креатор Пеги Гу, која ги сака дивите животни – особено жирафите – го претставува Wildlife Watch за да се залага и да ги поттикнува луѓето да учествуваат и да донираат. Таа го користи Samsung Galaxy S21 за да ја преземе стражата и да биде виртуелен ренџер.

Глобални цели

Wildlife Watch ја поддржува Агендата за одржлив развој 2030, план развиен од 193 земји-членки на Обединетите Нации, така што го зголемува бројот на луѓе кои ги набљудуваат животните и го зголемува надзорот за борба против ловокрадците. Вклучете се во глобалното движење.

Samsung се залага за користење на технологијата како инструмент за постигнување добри нешта, а нејзината програма за пренаменување Galaxy има за цел решавање на социјалните потреби, продолжување на животниот циклус на производот, и намалување на отпадот со пренаменување на телефоните за нови цели.

Дознај повеќе за заложбата на Samsung за остварување на Целите за одржлив развој и за тоа како можете да се вклучите и да придонесете.

Подготвени ли сте да го снимите дивиот и прекрасен свет?

Еве што ви е потребно.

Следно, прочитај ги овие приказни