Фотографија

Оживеј ја својата визија
за снимање филмови со мобилен
телефон #withGalaxy

Совети за снимање од филмскиот сет на новиот филм „Срцев удар“ на Ли Чунг Хијан.

Да се дојде до идеја за краток филм може да биде доволно застрашувачки дури и пред да се вклучи сета опрема што е потребна, како стабилизатори, високотехнолошки камери и сложено осветлување. Доколку имаш визија, но ти недостасуваат средства, продолжи да читаш надолу за да видиш како корејскиот режисер Ли Чунг Хијaн ја оживеа својата загадочна приказна во која се испреплетени трагедија, љубов и патување низ времето—само со уреди од серијата Galaxy S20 и некои обични секојдневни предмети.

Ова е одлично време за креаторите на содржина

Со обемот на филмска технологија што сега е вградена во уредите Galaxy, сега е вистинско време да се работи на екранизација на некоја идеја. Исто како и доста други работи во дигиталната револуција, алатките за создавање визуелна содржина станаа многу достапни за секого. Денес, со еден обичен мобилен уред може да се постигне многу повеќе од она што можеле да направат филмаџиите со цели студија пред неколку генерации, а слободата што ја имаат да не бидат ограничени со скапи камери и сложена технологија значи дека почнува новa, свежа ера на филмови.

Визионерот

Триесет и тригодишниот режисер Ли Чунг Хијан веќе си пробива пат до славата во Кореја. Во 2015 година, тој доби признание за неговиот краток филм „Зделка“ (анг. „Bargain“), а во 2020 година ќе дебитира со неговиот следен филм „Повик“ (анг. „Call“). За овој проект, Ли се здружи со Yong Film—продукциската куќа којашто стои зад „Верник“ (Believer) и „Слугинката“ (The Handmaiden) на Парк Чан Вук. По понудениот Galaxy S20 Ultra и поканата да создаде краток филм каков што сака, Ли ја прифати шансата да покаже што може да се случи кога Galaxy технологијата е во рацете на големите раскажувачи—и резултатите се неверојатни.

Ексклузивна најава за „Срцев удар“

A woman sits on the floor against a wall, surrounded by books and writing in a notepad. A woman sits on the floor against a wall, surrounded by books and writing in a notepad.

„Секој кој сака да раскаже некоја приказна, веќе ја има потребната опрема на дофат.“ 

—Ли Чунг Хијан

Super Steady
Ли не би можел да изведе ниту еден од неговите трикови во снимањето без опцијата Super Steady на Galaxy S20 Ultra.

Визијата

Неговиот филм „Срцев удар“ раскажува приказна за една млада девојка која постојано се враќа во времето со надеж дека ќе го спаси саканиот од подлиот срцев удар. Ова визуелно впечатливо дело бара од нас да се запрашаме како гледаме на минатото и сегашноста и на одличен начин го вовлекува гледачот во автентичниот амбиент, сцената и занесните бои.

Погледни ја најавата погоре и продолжи да читаш за да ги дознаеш четирите кратки совети од филмската екипа кои ќе ти помогнат да снимиш твој краток филм.

Совети за снимање филмови со помош на обични предмети

Дали си подготвен да снимиш твој краток филм? За триковите со камера што се покажани подолу не е потребно ништо друго освен Galaxy уред и некои обични предмети што може да ти се најдат при рака—не е потребна професионална опрема. Дознај како може сам да направиш слични филмски итроштини.

\u041F\u043E\u0434\u0432\u0438\u0436\u043D\u0430 \u0435\u0434\u0438\u043D\u0438\u0446\u0430 \u043A\u043E\u0458\u0430 \u0441\u0435 \u0443\u043F\u0440\u0430\u0432\u0443\u0432\u0430 \u0434\u0430\u043B\u0435\u0447\u0438\u043D\u0441\u043A\u0438 \u0438 \u043D\u043E\u0441\u0438 Galaxy S20 Ultra \u0434\u043E\u0434\u0435\u043A\u0430 \u0458\u0430 \u0441\u043B\u0435\u0434\u0438 \u0430\u043A\u0442\u0435\u0440\u043A\u0430\u0442\u0430 \u043D\u0430 \u043B\u043E\u043D\u0433\u0431\u043E\u0440\u0434\u043E\u0442 \u043D\u0438\u0437 \u043F\u0440\u0430\u0437\u0435\u043D \u0431\u0430\u0437\u0435\u043D. \u0412\u043E \u0431\u043B\u0438\u0437\u0438\u043D\u0430 \u0441\u0442\u043E\u0458\u0430\u0442 \u0442\u0440\u043E\u0458\u0446\u0430 \u0447\u043B\u0435\u043D\u043E\u0432\u0438 \u043D\u0430 \u0435\u043A\u0438\u043F\u0430\u0442\u0430.
\u0427\u043B\u0435\u043D \u043D\u0430 \u0435\u043A\u0438\u043F\u0430\u0442\u0430 \u0441\u043D\u0438\u043C\u0430 \u0430\u043A\u0442\u0435\u0440 \u043A\u043E\u0458 \u0458\u0430 \u0443\u0434\u0438\u0440\u0430 \u0442\u043E\u043F\u043A\u0430\u0442\u0430 \u043E\u0434 \u0437\u0435\u043C\u0458\u0430 \u043D\u0430 \u043A\u043E\u0448\u0430\u0440\u043A\u0430\u0440\u0441\u043A\u043E \u0438\u0433\u0440\u0430\u043B\u0438\u0448\u0442\u0435.
\u0415\u0434\u0435\u043D \u0447\u043B\u0435\u043D \u043D\u0430 \u0435\u043A\u0438\u043F\u0430\u0442\u0430 \u0442\u0443\u0440\u043A\u0430 \u0435\u0434\u0435\u043D \u043A\u0430\u043C\u0435\u0440\u043C\u0430\u043D \u0434\u043E\u0434\u0435\u043A\u0430 \u0442\u043E\u0458 \u0441\u0435\u0434\u0438 \u043D\u0430 \u043A\u0430\u043D\u0446\u0435\u043B\u0430\u0440\u0438\u0441\u043A\u0438 \u0441\u0442\u043E\u043B \u043D\u0430 \u0442\u0440\u043A\u0430\u043B\u0430 \u0438 \u0458\u0430 \u0441\u043D\u0438\u043C\u0430 \u0430\u043A\u0442\u0435\u0440\u043A\u0430\u0442\u0430 \u0441\u043E Galaxy S20 Ultra \u0434\u043E\u0434\u0435\u043A\u0430 \u0442\u0430\u0430 \u0433\u043E \u0432\u043E\u0437\u0438 \u043B\u043E\u043D\u0433\u0431\u043E\u0440\u0434\u043E\u0442 \u043D\u0438\u0437 \u043F\u0440\u0430\u0437\u043D\u0438\u043E\u0442 \u0431\u0430\u0437\u0435\u043D.
\u041F\u043E\u0433\u043B\u0435\u0434 \u043E\u0434 \u0437\u0435\u043C\u0458\u0430\u0442\u0430 \u0434\u0438\u0440\u0435\u043A\u0442\u043D\u043E \u0432\u043E \u0430\u043A\u0442\u0435\u0440\u043E\u0442 \u0434\u043E\u0434\u0435\u043A\u0430 \u0458\u0430 \u0443\u0434\u0438\u0440\u0430 \u0442\u043E\u043F\u043A\u0430\u0442\u0430 \u0434\u0438\u0440\u0435\u043A\u0442\u043D\u043E \u0432\u0440\u0437 \u043A\u0430\u043C\u0435\u0440\u0430\u0442\u0430.
4

Оди зад сцената со Ли Чунг Хијан

Снимка над рамото на камерманот кој поставува кадар за снимање на главната актерка во филмот. Другите членови на екипата набљудуваат. Снимка над рамото на камерманот кој поставува кадар за снимање на главната актерка во филмот. Другите членови на екипата набљудуваат.

Подготвен си да ја овековечиш твојата визија?

Погледни го „Срцев удар“ на Ли Чунг Хијан на Samsung YouTube channel сега, потоа научи ги најважните аспекти од снимањето филм и почни да си ги реализираш идеите.

'Следно, прочитај ги овие приказни