Снимено со Galaxy S10
Златниот час е првиот и последниот час од сончевата светлина во денот и идеално време за неверојатни фотографии. Ова лето, оди на {1} за да снимаш фотографии од изгрејсонце и зајдисонце за кои постојано ќе добиваш допаѓања. Како да снимиш идеална фотографија од златниот час на мобилниот апарат - нема потреба од фенси ISO.
Снимено со Galaxy S8
Тајмингот е најважен
Се вика златен час, но всушност трае само 20 минути и најмногу зависи од времето и твојата локација. Најдобар начин да ја фатиш оваа магична светлина е да утврдиш точно кога е изгрејсонцето или зајдисонцето, а потоа да одиш на местото неколку часа порано. (Верувај, вреди да се стане рано за тоа.)
Снимено со Galaxy Note9
Квантитет = квалитет
Времето лета во текот на златниот час и светлината се менува од сјајна до слаба додека трепнеш. Погрижи се да ја снимиш златната фотографија. Вклучи го режимот Burst за да снимиш што е можно повеќе фотографии.
Снименo со Galaxy S7 со Про режим
Мала игра со сенки
Користи ги подолгите, помеки сенки од златниот час во своја полза. Субјектот нека биде директно пред изворот на светлината за да создадеш неверојатно заднинско светло. Играј со изворот на светлина така што делумно ќе го блокираш со дланката за да создаваш сончеви точки или ќе наоѓаш нови агли за да создаваш магични сенки и одрази.
Снимено со Galaxy S7 Edge
Да наздравиме за гламурот на одморот
Штом ќе ја снимиш саканата фотографија, уреди ја по свој вкус и прикачи ја директно на твојата омилена друштвена мрежа. Потоа седни, уживај и гледај како добиваш љубоморни допаѓања.