ФОТОГРАФИРАЊЕ

Како да снимите прекрасни
ноќни градски пејзажи

Долгата вредност на експозицијата, стабилната слика и
Galaxy Z Flip4 се клучни за совладување на
урбаното фотографирање по стемнување.

Ако некогаш сте се обиделе да направите јасна фотографија од живописен ноќен градски пејзаж, знаете дека не се сведува на тоа да се упатите во центарот на градот и да фотографирате неколку снимки. Брзата енергија и остриот контраст помеѓу светлината и темнината може да го отежнат доловувањето на деталите без замаглување. Па, како го прават тоа професионалците? Се здруживме со фотографот за пејзажи Michael Shainblum (@shainblumphotography) за да ни покаже како да ја оживееме вашата визија за урбано фотографирање после работното време со Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4.

Уникатни агли со FlexCam
Снимајте кадри од воодушевувачки перспективи.

Врамете го градскиот пејзаж

Од врвовите на ридовите до срцето на градот, најдете интересно место за да го врамите вашиот кадар. „Навистина уживам во гледните точки кои се издигнати над градот – тие ми се омилени.“ – вели Shainblum. Снимањето одвисоко ви дава чист поглед со епско чувство. Ако барате повеќе детали и построги композиции, одете до аголот на улицата. Shainblum користи FlexCam¹ на на Galaxy Z Flip4 за да подреди симетрични погледи на градските улици. „Побарајте водечки линии, интересни модели и текстури за прикажување.“

Одржете ја стабилноста без тешка опрема

Не сакате камерата да се движи при фотографирање со слаба осветленост, па затоа е важно да имате стабилно место за поставување. Стативите се одлични за снимање на кадарот, но се тешки за носење наоколу. Shainblum не сака да носи тешка опрема, особено по ридовите на San Francisco. „Не е забавно да се шета низ град со огромен ранец полн со опрема.“ Наместо тоа, тој се одлучува за полесна опција. FlexCam значи дека може да правите стабилни фотографии, без потреба од опрема.​ „Можам да добијам извонредни долги експозиции без огромен ранец полн со опрема.“ Едноставно најдете раб, поставете го паметниот телефон и снимајте.

„Можам да добијам извонредни
долги експозиции без ранец полн со опрема.“

– Michael Shainblum

4

Снимајте го движењето
што ве придвижува

Сега е време да додадете малку живот и навистина да ги видите градските светла ноќе. Shainblum ги претвора автомобилот, велосипедот и бродот светлосни патеки во апстрактни цутови низ градскиот пејзаж. За да добие најчиста слика, тој го одржува ISO колку што е можно пониско. Бидете внимателни: со ниска ISO, брзината на затворање значително се намалува. Може да остане отворен помеѓу 2 и 8 секунди, така што одржувањето на камерата стабилна е од витално значење за чиста снимка. Најважно, бидете трпеливи. Почекајте го совршениот момент на движењето.

Уредувајте како експерт

Ако планирате да ги уредувате фотографиите подоцна, апликацијата за фотографии Expert RAW² ви овозможува да извезувате како професионалец. RAW-фотографиите ви даваат повеќе податоци со секоја слика, а со тоа и поголема флексибилност за приспособување на бојата, контрастот, балансот на белата боја и друго. Кога е време да за уредување, Shainblum користи Adobe Lightroom³ на големиот екран на Galaxy Z Fold4 за да добие совршен изглед. „Чувството е многу подобро да се има поголема површина за фино дотерување на деталите.“ – вели тој. „Ги увезувам сликите директно на уредот и можам да ги уредувам сликите во движење.“ Играјте си со напредните приспособувања на фотографиите и ефектите за да го создадете вашето совршено урбано расположение, од топли градски светла до ладен бетон.

  • *Сите фотографии се снимени со Galaxy Z Fold4 или Galaxy Z Flip4 и уредени со Adobe Lightroom.
  • ¹ *FlexCam се однесува на искуство со камерата со користење на Flex Mode. Flex Mode е поддржан под агли меѓу 75° и 115°. Одржувањето на Flex Mode може да биде тешко додека се движите поради тресење или друго движење. Се препорачува да го држите телефонот неподвижен додека е во Flex Mode.
  • ² Апликацијата Expert RAW е достапна во Galaxy Store само за Galaxy Z Fold4, Z Fold3, Z Fold2, Galaxy S22 series, S21 Ultra, S20 Ultra и Galaxy Note 20 Ultra.
  • ³ Преземете од Galaxy Store за да добиете 2 дополнителни месеци на Adobe Photoshop Lightroom. Важи до 28.02.2023 г. Важи за сите земји, освен за Кина. Важат одредени услови. Одете на Adobe.com за да дознаете повеќе. Потребни се сметка на Samsung и Adobe ID.

Градот е вашето игралиште за фотографирање

Снимајте и уредувајте ги вашите сопствени легендарни слики од градот со паметни телефони што се преклопуваат.

ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ

Michael Shainblum

Фотограф и режисер од San Francisco

Икона за Samsung Galaxy Икона за Samsung Galaxy

СПОДЕЛЕТЕ И ИСТРАЖЕТЕ

Вие сте на ред

Следете ја @SamsungwithGalaxy на Instagram за да најдете инспирација од нашата заедница креатори, а потоа споделете ги вашите креативни фотографии #withGalaxy

Следно, прочитајте ги овие приказни