Фотографија

Рекреирај го моментот
Кога се заљуби

За Денот на вљубените сними фотографии за својата љубовна приказна #соGalaxy.

Дали некогаш се навраќаш на моментот кога очите ви се сретнаа за првпат? Без разлика дали тој романтичен момент поттикна да си праќате емотикони-срценца или постепена врска која напредуваше со текот на времето, сакаме да видиме обнова на твојата вистинска љубовна приказна преку нови фотографии.

За да ја разгориме инспирацијата, поканивме два пара повторно да ги доживеат тие слатко-непријатни денови на додворување и напредок во врската со користење на Galaxy S21. Немаш подобра половина? Не грижи се. Размисли за времето кога ја запозна својата друга половина (најдобар пријател, крзнено пријателче или нешто друго!) и повторно создај ја својата вистинска љубовна приказна #соGalaxy.

Валис и Флечер

Валис и Флечер се зближија преку заедничката љубов кон црните тесни фармерки, поткренатите челзи чизми и фотографијата. Додека нивната врска проследи подолга неконвенционална авантура како колеги кои станаа пријатели, а потоа и љубовници, ним постојано им беше пријатно и интересно да бидат еден крај друг. Оди зад сцената за да видиш како тие ги снимија нивните рани спомени заедно и погледни ги нивните совети за тоа како да направиш совршена фотографија.

4

Камил и Дарнел

Не беше потребно многу време за Камил и Дарнел да се здружат во реалниот живот, откако споделија смеа преку своите меѓусебни профили за запознавање. Она што започна како рандеву со вафли за појадок се претвори во 16-часовна сесија на поврзување преку уметност, храна, танцување, маратонско гледање серии и смеа додека не ги здоболат образите. Погледни како тие ги документираа своите пријателски почетоци и откриј повеќе бонус совети за тоа како да ги снимиш сопствените фотографии за својата љубовна приказна.

4

Нека фотографијата биде подобра од споменот

Овој Ден на вљубените пак посети ги незаборавните спомени и повторно создај ги во супер-висока резолуција на новиот Galaxy S21.

Следно, прочитај ги овие приказни