Уметноста на
Foodstagram
Советите за фотографирање храна на Изабел Ченг се толку добри што може да ги изедеш.
Фотографија од: Isabelle Cheng / @allons.y
Која е тајната на фотографиите од храна вредни за објавување на Instagram? Вежбање, трпение и одлична камера. Ве носам зад кулисите за да ги видите тајните на декоратерите на храна и да дознаете како да направите совршени фотографии со храна.
Фотографија од Isabelle Cheng / @allons.y
Атмосферата е најважна
Како декоратер на храна, најважната лекција што ја научив е дека луѓето реагираат на атмосферата што ја создавам исто колку и на храната. Инспирирајте се од она што е околу вас. Прикажете ги порцеланскиот сад за млеко и приборот за јадење или пак прекрасните подни плочки за да соберете различни елементи во фотографијата. Малите детали ќе го пополнат кадарот и ќе додадат атмосфера на сликата.
Фотографија од @allons.y
Светли идеи за затемнето светло
Сите мои фотографии изгледаат како да се сликани на природно светло, но честопати се наоѓам во слабо осветлени или темни соби и се обидувам да направам совршена фотографија. Ако светлината не е совршена, секогаш ја вклучувам поставката „Про“ на мојот Galaxy Note 8. Двојниот отвор интуитивно ја користи задната камера за да направи јасни фотографии без разлика на осветлувањето. Ако собата е премногу темна, честопати го поставувам ISO на поголем број и го прилагодувам балансот на белата боја.
Фотографија од @allons.y
Додај движење на фотографијата
Додавањето движење во фотографијата од храна е извонреден начин да се додаде реализам во фотографијата и ви дава чувство како да сте таму во моментот на сликањето. Лесно ќе додадеш движење ако вклучиш раце во фотографијата. Едноставно побарај од некого да тура јаворов сируп врз пржено лепче или да ги меша кремот и шеќерот во кафето. Во таквите моменти, кликнувањето на блендата може да биде предизвик, па затоа сакам да го користам режимот Burst. Така успевам да го снимам точниот момент кога сирупот капе совршено, без какво било замаглување.
„Најдобар начин да создадете движење е да се движите. Храната не може да се движи, но вие можете.“
- Isabelle Cheng
Фотографија од @allons.y
Сесии за Samsung: Долови го моментот (Создавање атмосфера)