Повторно дојде тој ден — за перење алишта. Перењето алишта може да потроши многу вода и струја, па како да заштедиш енергија при перење на облеката? Со енергетски ефикасна машина за перење, нормално.

Што придонесува за една машина за перење да биде енергетски ефикасна?

Енергетската ефикасност се однесува на намалување на потрошувачката на енергија, од температурата на водата до количината на вода што се користи по едно полнење. Најголем дел од електричната енергија што ја троши машината за перење се користи за загревање на водата, така што машините кои трошат помалку енергија перејќи алишта на пониски температури се сметаат за енергетски ефикасни. И не само тоа, многу имаат сензорски систем за откривање на големината на полнењето и ја приспособуваат потребната количина на вода, што заштедува и вода и електрична енергија — бидејќи користењето помалку вода значи дека се загрева помалку вода. Важно е да бараш вакви карактеристики ако ти треба совршена заштеда на енергија, бидејќи на овој начин може да заштедиш енергија при перење на облеката.

Запознај ги нашите машини за перење алишта со А-ознака за енергетска ефикасност

Ти се чини комплицирано? Најлесен начин да најдеш енергетски ефикасна машина за перење е да бараш машина со добра ознака за енергетска ефикасност, а тоа е онаа машина која има А-ознака за енергетска ефикасност. Купувањето машина за перење која има А-ознака за енергетска ефикасност значи дека ќе имаш најоптимален апарат за енергетска ефикасност. Разгледај и купи некој од нашите најголеми, иновативни штедачи на енергија.

Што придонесува за Samsung машините за перење да бидат енергетски ефикасни?

Прикажан е паметен телефон со режимот AI Energy. До него има крупен кадар од копчињата на машината за перење, а до нив има копче за вклучување и опција за памук и лен. Прикажан е паметен телефон со режимот AI Energy. До него има крупен кадар од копчињата на машината за перење, а до нив има копче за вклучување и опција за памук и лен.

SmartThings™

Со апликацијата SmartThingsTM може да ја следиш и намалиш потрошувачката на струја на машината за перење. Режимот AI Energy1 ти овозможува лесно да ја проверуваш потрошувачката на енергија и ја проценува сметката за струја. За програми што работат во режимот AI Energy2 ја намалува потрошувачката до 70 %3 со помош на EcobubbleTM за да пере со ладна вода, наместо со топла вода и подолго траење на циклусот.

Samsung машина за перење гледана од предната страна, а во неа има алишта. Зад неа има крупен кадар од текстурата на меурчињата. Samsung машина за перење гледана од предната страна, а во неа има алишта. Зад неа има крупен кадар од текстурата на меурчињата.

AI ecobubble™

AI ecobubbleTM4 повеќе нечистотија, дури и при ниско температури, штедејќи до 70 % енергија4— помагајќи ти да ги намалиш сметките за струја, бидејќи перењето при ниски температури штеди струја.

Крупен кадар од делот за детергент на Samsung машина за перење којшто е истакнат во сина боја. До него има три икони за автоматизација, калибрација и сензор. Крупен кадар од делот за детергент на Samsung машина за перење којшто е истакнат во сина боја. До него има три икони за автоматизација, калибрација и сензор.

AI Wash

Пери ги алиштата темелно5, но нежно, со помалку вода и детергент6. AI Wash циклусот користи напредно сензорирање за да ја детектира тежината и мекоста на ткаенината и постојано го следи нивото на нечистотија. Потоа, интелигентно ги оптимизира водата и детергентот и времињата на натопување, плакнење и центрифугирање, така што штедиш струја и вода.

Желка со перка на вратата на Samsung машината за перење исполнета со меурчиња. Седи зад контролната табла поставена на „Помалку микровлакна“, 40 степени, 2 циклуса и 8:00. Се гледа значка со фразата: Циклус „Помалку микровлакна“, намалување на микропластиката до 54 %. Желка со перка на вратата на Samsung машината за перење исполнета со меурчиња. Седи зад контролната табла поставена на „Помалку микровлакна“, 40 степени, 2 циклуса и 8:00. Се гледа значка со фразата: Циклус „Помалку микровлакна“, намалување на микропластиката до 54 %.

Помалку микровлакна

Ти треба филтер за микровлакна кај машината за перење? Samsung, Ocean Wise Plastics Lab и Patagonia заедно бараат решенија за проблемот со ослободување микровлакна. Специјално дизајнираниот циклус за перење на Samsung го намалува ослободувањето микровлакна до 54 %7. Ова е само првиот чекор за поздрави океани.

  1.  Достапна на Android и iOS уреди. Потребно е Wi-Fi поврзување и корисничка сметка на Samsung.
  2. Може да се промени кога избраната температура за перење е 20 ~ 40 °C.
  3. Според интерно тестирање на моделот WW11BB944AGB во нормални услови на употреба. Резултати: Потрошувачка на енергија без режимот AI Energy = 0,539 kWh. Потрошувачка на енергија со режимот AI Energy = 0,145 kWh. Резултатите може да се разликуваат во зависност од реалните услови на употреба.
  4. Тестирано во согласност со стандардот IEC 60456-2010/Капацитет на перење од 4 kg/Програма за перење Intense Cold (WW11BBA046AW) наспроти програма за перење синтетика 40 °C без функцијата Ecobubble (WW90T4540AE). Поединечните резултати може да се разликуваат.
  5. Според алгоритам создаден со вештачка интелигенција. Реалните резултати може да се разликуваат во зависност од индивидуалната употреба.
  6. Опцијата AI Wash може да складира доволно детергент за 1 месец перење, ако просекот е 4 полнења неделно. Може да се разликува во зависност од полнењето и поставките на перењето.
  7. Tестирано со полнење од 2 kg дуксери од 100 % полиестер, во споредба со циклусот за синтетика на конвенционалниот модел на Samsung, WW4000T, како и со циклусот Less Microfiber (Помалку микровлакна) на WW7000B. Резултатите може да се разликуваат во зависност од облеката и средината. Тестирано од Ocean Wise Plastics Lab.

Сакаш да ја намалиш потрошувачката на енергија?

Веќе имаш еколошка машина за перење алишта? Еве неколку начини на кои може да заштедиш повеќе енергија.

Види кое е најдоброто време за перење алишта

Кога електричната енергија е најевтина? Користи стар струјомер или паметен струјомер за да ја провериш потрошувачката на енергија и да го откриеш најдоброто време за користење машина за перење. Часовите со најголема потрошувачка зависат од побарувачката, колку повеќе луѓе користат струја, толку е поголема цената. Обиди се тогаш да испереш едно полнење, што ќе помогне да се намали сметката за струја!

Помалку валканите алишта пери ги на пониски температури

Дали знаеше дека кога переш алишта на повисока температура се троши повеќе струја? Еве како да користиш помалку струја: Ако облеката е само малку извалкана, искористи ја оваа шанса да заштедиш струја перејќи ја облеката на ниска температура. Со иновативната технологија како AI ecobubbleTM, може да бидеш безгрижен знаејќи дека алиштата ќе бидат свежи и чисти — заштедувајќи до 70 % струја8.

Намали го бројот на перења секоја седмица

Наместо да пушташ повеќе помали полнења во текот на седмицата, собери повеќе алишта и испери ги на едно перење, со што ќе заштедиш струја и вода. Машината за перење користи слична количина на струја при секој циклус, така што ќе биде од помош ако го намалиш бројот на полнења секоја седмица. Плус, ти ќе имаш помалку работа!

Користи поголема брзина на центрифугата за да го намалиш времето за сушење

Зошто? Кога брзината на центрифугата е поголема, тоа значи дека ќе се отстрани повеќе влага, а алиштата ќе бидат помалку мокри додека да дојдат до машината за сушење. Колку помалку се влажни алиштата, толку помалку струја ќе потроши машината за сушење за да ги исуши — и толку пократко ќе бидат во енергетски ефикасната машина за сушење.

    8. Тестирано во согласност со стандардот IEC 60456-2010/Капацитет на перење од 4 kg/Програма за перење Intense Cold (WW11BBA046AW) наспроти програма за перење синтетика 40 °C без функцијата Ecobubble (WW90T4540AE). Поединечните резултати може да се разликуваат.