ПРАВНИ ПРАШАЊА
1. ПРАВНИ ИЗВЕСТУВАЊА
1.1 Ова правно известување (овие „*услови*“) се применува на севкупната содржина на веб-локацијата под доменот 117.p.syniva.es/mk/ ( „*веб-локација*“) и на секоја кореспонденција меѓу Вас и компанијата (како што е дефинирано во натамошниот текст). Пред користењето на веб-локацијата, внимателно прочитајте ги овие услови.Користењето на веб-локацијата значи дека ги прифаќате условите без оглед дали ќе ги регистрирате Вашите податоци кај нас или не. Ако не ги прифаќате условите,немојте да ја користите веб-локацијата.
2. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ И ДОЗВОЛА
2.1 Дозволено Ви е да печатите и да преземате материјали од веб-локацијата за свои лични потреби под следниве услови:
(a) не може на кој било начин да ги менувате документите или сродните графички слики од веб-локацијата;(б) сликите од веб-локацијата не може да ги користите одделно од текстот на кој се однесуваат;(в) известувањата за авторското право и за заштитниот знак на компанијата и оваизвестување за дозвола се наоѓаат во сите примероци.
2.2 Освен ако не е поинаку наведено, авторското право, заштитните знаци,правата на база на податоци и другите права на интелектуална сопственост во целата содржина и материјалот на веб-локацијата (вклучително без ограничување фотографии и графички слики) се сопственички права што ги поседува компанијата или нејзините издавачи на дозвола. За цел на овие услови, забрането е какво било користење на материјалите од веб-локацијата што не е во согласност со клаузулата 2.1 за какви било цели. Доколку прекршите кој било од овие услови,овластувањето што го имате за користење на веб-локацијата автоматски престанува, а целиот материјал што сте го презеле и отпечатиле од веб-локацијата мора веднаш да го уништите.
2.3 Според клаузулата 2.1, забрането е репродуцирање или чување на каков биломатеријал од веб-локацијата на која било друга веб-локација, како и вклучување во кој било јавен или приватен електронски систем или сервис за чување информации без претходна писмена дозвола од компанијата.
2.4 Ние ги задржуваме сите права што не се изречно наведени во овие услови.
2.5 Веб-локацијата не смее да се користи во кои било други комерцијални цели, освен оние што се посебно поддржани или одобрени од компанијата. Компанијата ќе преземе соодветни правни постапки во случај ако на какво било незаконско или недозволено користење на веб-локацијата.
3. ПРИВАТНОСТ И РЕГИСТРАЦИЈА
3.1 Во случај на користење на Вашите лични податоци, компанијата се води од својата ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ која што може да ја погледнете долу на почетната страница на веб-локацијата. *ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ПРОЧИТАЈ ЈА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ* – таа ги опфаќа Вашите права и нашите обврски поврзани со Вашите лични податоци,вклучително и она што компанијата може да го направи во врска со нив и кому може да ги даде во одредени ситуации.
3.2 Исто така, компанијата (во согласност со својата политика за приватност)ќе соработува со извршната власт и со релевантните институции во врска со каква било истрага или прекршок на мрежната безбедност и го задржува правото да открие какви било информации (вклучително и лични податоци) што потекнуваат од Вас ако законот го наложува тоа или од убедување во добра верба дека непочитувањето на законското барање на извршната законодавна власт може да му наштети на спречувањето или на откривањето на кривични криминални дела или апсење или откривање престапник.
3.3 Секоја регистрација (на производите Samsung или на Вашиот избор компанијата Samsung да Ве контактира или не) остварени по пат на веб-локацијата се однесува само на еден корисник. Кога ќе Ви бидат доделени ти се доделат корисничко име и лозинка, компанијата не Ви дозволува да ги споделувате со кое било друго лице, ниту со повеќе корисници на мрежата. Вие преземате одговорност за безбедноста на секоја доделена лозинка.
4. ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ
4.1 Освен информациите што може да го идентификуваат корисникот, а кои се покриени со нашата политика за приватност, целиот материјал што ќе го пренесете или објавите на веб-локацијата ќе се смета за недоверлив и незаштитен.Компанијата нема да има обврски во врска со таквиот материјал. Компанијата и нејзините претставници ќе имаат право да го копираат, објавуваат обелоденуваат, дистрибуираат,спојуваат и на друг начин да ги користат таквиот материјал и сите податоци,слики, звуци, текст и други работи што се опфатени со него за кои било и за сите комерцијални и не комерцијални цели.
4.2 Забрането е да објавувате и да пренесувате на веб-локацијата и од неа секаков материјал:
(а) што е заканувачки, клеветнички, експлицитен обсцен, непристоен, подривачки што ослабнува,навредлив, порнографски, злоставувачки што малтретира, што може да иницира расна омраза, дискриминациски, заканувачки, скандалозен, предизвикувачки, богохулен,што ја повредува довербата, ја повредува приватноста и може да предизвика вознемирување или непријатност;
(б) за кој ги немате сите неопходни дозволи и/или одобренија;
(в) што претставува или поттикнува на однесување што се смета за кривично дело, кое води до граѓанска одговорност или на друг начин е против законот или ги нарушува правата на која било трета страна во која било земја во светот;
(г) што е технички штетен (вклучително, без ограничување, компјутерски вируси, логички бомби, тројанци, црви, штетни компоненти, оштетени податоци или друг штетен софтвер и податоци).
4.3 Дозволено користење
Можете да ги користите Сајтовите или вашата сметка само во согласност со овие Услови и сите важечки закони. Не смеете да ги користите Сајтовите на кој било начин што може да му наштети на Samsung, неговите филијали, неговите брендови или на било кое лице или имот. Покрај тоа, не смеете:
1. да правите обратен инженеринг (reverse engineering), да ги декомпилирате, разложувате или да правите обиди за откривање на изворниот код или алгоритмите на нашите Сајтови.
2. да ги менувате или оневозможите/ограничите кои било карактеристики на нашите Сајтови.
3. да креираате/создавате какви било изведени дела врз основа на нашите Сајтови.
4. да закупувате, изнајмувате, позајмувате, давате подлиценца или да давате какви било комерцијални хостинг услуги користејќи ги нашите Сајтови.
5. да ги прекршувате нашите права на интелектуална сопственост или правата на кој било друг додека ги користите нашите Сајтови.
6. да ги користите нашите Сајтови на кој било начин кој ги прекршува овие Услови или кој било закон, правила, прописи, кодекси на практики, упатства или кои било други барања на регулаторните органи, заедно со сите измени и дополнувања кои се случуваат од време на време, во рамките на правниот систем на територијата во која сте жител или од кој ги користите Сајтовите („Применливо право“).
7. да ги користите нашите сајтови на каков било измамнички или злонамерен начин, на пример за воведување вируси, злонамерен/малициозен код или штетни податоци.
8. use или пристапува на our Sites in any way that could damage, disable, overburden, impair, or compromise our systems or security, or interfere with other users of our Sites.
9. освен доколку е дозволено од страна на Самсунг, да собирате, обработувате, или употребувате без ограничување користењето на или преку користење на алатки за индексирана екстракција , структурирана екстракција, анализа и сумирање, или било какви други слични методи на екстракција или автоматизација, било какви информации или податоци од нашите веб страници, сервери или обид да се пресретнат било кои преноси до и од серверите кои ги поддржуваат нашите веб страници.
4.4 Компанијата целосно ќе соработува со секоја институција на извршната власт, односно ќе го почитува судскиот налог со кој се бара од компанијата или ја упатува да го открие идентитетот или локацијата на лице што објавува материјал со кој се кршат клаузулите 4.2 или 4.3.5
5. ВРСКИ
5.1 Врските објавени на Веб-локацијата што водат до веб-локации на трети страни достапни се само за ваше користење. Ако ги употребите овие врски,ќе ја напуштите веб-локацијата (поврзаните локации, главно, се отвораат во нов прозорец, а веб-локацијата останува отворена). Компанијата ги нема прегледано не ги прегледала сите наведени веб-локации на трети страни, не ги контролира ниту е одговорна за нив, нивната содржина и достапност. Со тоа, компанијата не поддржува ниту создава претстави за нив, како ни за материјалот што таму се наоѓа, ниту за исходите до кои може да се дојде со нивно користење. Ако одлучите да пристапите до која било веб-локација на трети страни што се поврзани с овеб-локацијата, тоа целосно го правите на сопствен ризик.
5.2 Не смеете да креирате врски до веб-локацијата без претходна писмена согласност од компанијата, која ќе биде дадена само под услов да се задоволени одредени критериуми.
5.3 Целосно ќе ја надоместите штетата на компанијата во случај на загуба,губење или оштетување нанесено на компанијата или на која било нејзина групација поради кршење на клаузулата 5.2.
6. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ И ОДГОВОРНОСТ
6.1 Компанијата не гарантира ниту создава претстава дека Вашето користење на веб-локацијата ќе биде непрекинато ниту, пак, без грешки. Иако компанијата вложува напор да овозможи веб-локацијата да биде стандардно достапна 24 часа на ден, компанијата нема да биде одговорна за каква било причина поради која веб-локацијата не е достапна во кој било момент или во кој било временски период. Пристапот до веб-локацијата може да биде привремено запрен без претходно известување во случај на дефект на системот, одржување или поправање, како и во случај на причини над кои компанијата нема контрола.
6.2 Изречно се согласувате дека веб-локацијата ќе ја користите на сопствен ризик, како и во случај на неможност за пристап. Материјалот на веб-локацијата се доставува во видена состојба, без услови, гаранции или други услови од каков било вид. Соодветно на тоа, во најголема мера што ја овозможува законот,компанијата Ви ја овозможува веб-локацијата врз основа на фактот дека компанијата ги исклучува сите претставувања, услови и други одредби и изречно негира секаква гаранција од каков било вид, било да е изречна или имплицитна,вклучително и сите имплицитни гаранции од задоволителен квалитет,подобност за одредена цел, соодветност, одговорност, навременост,прецизност, целосност, безбедност, назив и оглушување што, освен за ова правно известување, може да влијае врз веб-локацијата.
6.3 Во ниеден случај компанијата, која било друга страна (било да евклучена во креирање, производство, одржување или овозможување на веб-локацијата или не), ниту која било од групациските групните компании во сопственостна компанијата, нејзини директори, службеници, вработени, подружници, агенти или поддоговарачи, нема да имаат одговорност кон Вас или кон која било трета страна за која било директна, индиректна, случајна, казнена,посебна или консеквентна загуба или оштетување, вклучително без ограничување, секоја загуба на користење, добивка или податоци што настанала поради твоето користење на веб-локацијата или поради кое било друго тврдење поврзано со кој било начин за Вашето користење на веб-локацијата,вклучително без ограничување, грешки или испуштање на која било содржина или која било загуба или оштетување што настанала поради употреба или неможност за употреба на содржина што е објавена, пренесена или на друг начин направена достапна преку веб-локацијата или поради однесување на кој било корисник на веб-локацијата, било на мрежата или надвор од неа, бришење на твоите податоци, информации или содржини што се наоѓаат на веб-локацијата, дури и ако е предупредено на нивна можност, било таквите загуби или оштетувања да потекнуваат од договорот, небрежноста,негрижата, вината или друго.
6.4 Компанијата не потврдува изјавува ниту гарантира дека на веб-локацијата нема да дојде до загуба, дефект, напад, вирус, пречки, хакирање или други напади на безбедноста, и компанијата негира секаква одговорност во врска со тоа. Ќе бидете одговорни за правење резервна копија на својот систем, ако поради користењето на материјалот на веб-локацијата дојде до потреба за сервисирање,поправање или исправање на опремата, софтверот или на податоците и ќе ги сносите сите потребни трошоци.
6.5 Иако компанијата вложува напор да обезбеди точност исправност на информациите на веб-локацијата, таа не ги гарантира точноста и целосноста на материјалите на веб-локација. Компанијата може да го измени материјалот на веб-локацијата или опишаните производи и цени во кој било момент без претходно известување.Материјалот на веб-локацијата може да биде не ажуриран, а компанијата не се обврзува дека ќе го ажурира таквиот материјал.
6.6 Ништо од овој договор нема да може да ја исклучи или ограничи одговорноста на компанијата за смртен исход или телесна повреда до кои дошло поради негрижа, измама, погрешно претставување на основните факти или која било друга одговорност што можеби според важечкиот актуелниот закон не можеда се исклучи или ограничи.Ако сте незадоволни со кој било дел од веб-локацијата или со овој договор,единствен и исклучив правен лек е да престанете да ја користите веб-локацијата.
7. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Со користењето на веб-локацијата се согласувате дека ќе ја надоместите штетата на компанијата и која било од групациските групните компании што се во сопственост на компанијата, нејзините директори, службеници, вработени, подружници, агенти, поддоговарачи и издавачи на дозволи, како и дека нема да ги товарите во случај на какви било тврдења до кои е дојдено како резултат благодарејќи на Вашето кршење на условите, Вашата употреба на веб-локацијата, каква било постапка преземена од компанијата како дел од истрага за можното кршење на овој договор или поради утврдување или одлука дека дошло до кршење на овие услови.
8. ОПШТО
Овие услови се меѓу Вас и компанијата и на нив се применливи законите на Англија иВелс. Споровите Расправите до кои може да се дојде во врска со ова правно известување нема се подложни на исклучителна јурисдикција на англиските судови.
Компанијата може да ја одложи примената на своите права според овие услови, а притоа да не ги изгуби.
Се согласувате дека компанијата може да ангажира поддоговарачи за извршување на секоја од своите обврски или може да го додели овој договор или кои било негови права или обврски, без притоа претходно да Ве извести.
Компанијата нема да има одговорност кон Вас во случај на какво било кршење на овие услови до кое може да дојде поради околностите што компанијата не може да ги контролира.
Законот за договори (Права на трети страни) од 1999 година не се применува на договорот меѓу Вас и компанијата што е склучен под овие услови.
Овие услови ја претставуваат целокупната севкупната спогодба меѓу Вас и компанијата во врска со Вашето користење на веб-локацијата и ги заменува сите претходни договори што се однесуваат на веб-локацијата.
Ако кој било дел од овие услови се прогласи за законски неважечки или неприменлив, тогаш неважечката или неприменливата одредба ќе се смета за заменета со важечка, применлива одредба што најмногу одговара на намерата на првобитната одредба, а преостанатиот дел од овие услови ќе продолжи да важи.