ПРИВАТНОСТ
НАГЛАСЕНИ ДЕЛОВИ ОД ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА SAMSUNG
Samsung Electronics Co., Ltd. (наречена „Samsung Electronics“, „Samsung“ или „ние“ во оваа политика), со седиште во Јужна Кореја, знае колку им е важна приватноста на нашите корисници. Сакаме да се увериме дека разбирате како ги собираме и користиме Вашите лични информации на сите наши уреди и услуги Samsung, од мобилни телефони и таблети до телевизори, домашни апарати, услуги на интернет и повеќе.
Иако оваа Политика за приватност важи за сите наши услуги, ќе обезбедиме и дополнителни информации за приватноста поврзана со конкретни услуги таму каде што е неопходно.
ПРЕГЛЕД НА ЛИЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ
Собираме лични информации што ни ги обезбедувате директно, информации за начинот на кој ги користите нашите услуги, како и информации од извори од трети страни. Овие информации ги користиме за да Ви обезбедиме услуги, да разбереме како ги користите нашите услуги за да може да го подобриме и персонализираме Вашето искуство, како и да ги развиваме најрелевантните апликации, технологии и содржини за нашите корисници. Ги користиме личните информации и за да обезбедиме персонализирано рекламирање прилагодено на вашите интереси, во согласност со важечкиот закон.
СПОДЕЛУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ
Може да ги споделуваме Вашите лични информации со компаниите-подружници на Samsung Electronics, како и со компаниите што обезбедуваат услуги во име на Samsung Electronics. Можеме, исто така, да ги споделуваме вашите лични информации со доверливи партнерски компании, како што се мобилни оператори или осигурителни компании, кои ви обезбедуваат производи и услуги што ги барате, како и информации за производи и услуги за кои што може да сте заинтересирани. Можеме, исто така, да ги споделуваме личните информации со органи за спроведување на законот кога тоа го бара законот или за заштита на Samsung Electronics и нејзините корисници.
-
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА SAMSUNG
Датум на стапување на сила: 1 февруари 2024 година
Оваа Политика за приватност важи за сите наши уреди и услуги Samsung, од мобилни телефони, таблети, телевизори, и домашни апарати, до нашите услуги за корисниците до услугите на интернет што ги обезбедуваме. Овие уреди и услуги ќе ги нарекуваме „услуги“ во оваа политика.
Важно е често да вршите проверка за ажурирања на Политиката за приватност. Можеме да ја ажурираме оваа Политика за приватност периодично за да ги одразиме промените во нашите практики за личните информации во однос на услугите или промените во важечкиот закон. Ќе објавиме известување на нашата веб-локација или Вашиот уред за да Ве известиме однапред за важните промени во нашата Политика за приватност и ќе наведеме во горниот дел на Политиката за приватност кога е последното ажурирање. Најновата верзија на Политиката за приватност секогаш ќе биде достапна тука: https://account.samsung.com/membership/terms/privacypolicy. Освен оваа Политика за приватност, Samsung обезбедува и конкретни напомени за приватност поврзани со конкретни производи и услуги. Во случај на некакво разидување меѓу условите на оваа Политика за приватност и конкретната напомена за приватност, ќе преовладаат условите на конкретната напомена за приватност..
-
КОИ ИНФОРМАЦИИ ГИ СОБИРАМЕ?
Samsung Electronics собира информации од вас на различни начини.
Информации кои директно ги давате
Некои услуги ви овозможуваат да ни давате информации директно. На пример:
- Кога ќе направите сметка или профил, бараме информации како што се вашето име, датум на раѓање или информации за контакт како што се телефонскиот број и адресата на е-пошта.
- Ако нарачате производ или платена услуга од нас, ќе го побараме вашето име, адреса, информации за контакт, како и информации за испорака и наплата за да ја обработиме Вашата нарачка. Исто така, можете да изберете да ги зачувате вашите информации за наплата кај нас за да можете да се одјавите полесно следниот пат.
- За да ви одговориме кога контактирате со Службата за корисници, бараме одредени информации за да го потврдиме вашиот идентитет и производот за кој се распрашувате.
- Кога комуницирате со нашиот персонал од Службата за корисници или со други лица, вашата комуникација ќе се пренесе преку нашите системи.
- Доколку ги споделувате Вашите контакти, ние ќе ги собереме нивните телефонски броеви и другите информации за контакт за да го олесниме споделувањето датотеки и размената на пораки. Може да ги исклучите или ограничите овие функции во Поставувања на вашите уреди.
Информации во врска со користењето на услугите
Освен информациите што ни ги давате, собираме информации за вашето користење на нашите услуги преку софтверот на вашите уреди и преку други средства. Овие информации вклучуваат:
- Информации за уредот: информациите за вашиот уред, вклучувајќи ги поврзаните уреди (како што се моделот и производителот) и софтверот на вашиот уред (како што се верзиите на оперативниот систем и софтверот), бројот на IMEI и други уникатни идентификатори на уредот (како што се мобилниот повикувачки код за земјата, кодот на мобилната мрежа, MAC-адресата, IP-адресата, серискиот број, уникатните идентификатори на уредот, рекламните идентификатори (на пр. за мобилни уреди, идентификатор на Google AD и Android ID и за уреди за визуелно прикажување на Samsung, вклучувајќи телевизори Samsung Smart TV, идентификатор на персонализирана услуга („PSID“) и идентификатор на Tizen за рекламирање („TIFA“))), телефонскиот број, продажниот код, евидентирањето на пристапот, колачињата, пикселите и слични технологии (како што се опишани подолу во „Колачиња“, маркери и слични технологии“), информациите за претплата, и поставките на уредите што ги користите за пристап до услугите.
- Информации за дневниците: дијагностички информации, технички информации, информации за грешки и користење како што се времето и времетраењето на вашето користење на услугите, услугите инсталирани на вашите уреди, термините за пребарување кога внесувате термини за пребарување во вашиот уред во врска со конкретна услуга на Samsung, кои било информации зачувани во колачињата што сме ги поставиле на вашите уреди и извештаите за грешки и дневниците за компримираните датотеки.
- Информации за локацијата: информациите за блиските пристапни точки за Wi-Fi, базните станици и, со ваша посебна согласност, сигналот на GPS на вашиот уред, може да се пренесат до нас кога користите одредени услуги. Освен тоа, за одредени услуги, поштенските кодови и изведените локации со користење на IP-адресите може да се пренесат до нас кога користите такви услуги.
- Гласовни информации: снимките од вашиот глас што ги правиме и собираме на нашите сервери кога ја овозможувате оваа функција и кога ги користите говорните команди за контролирање услуга се покриени со посебна политика за приватност на Bixby. Ги собираме и складираме и снимките на вашиот глас кога контактирате со нашиот тим за услуги за корисниците. Имајте предвид дека ако работиме со оператор од трета страна кој обезбедува услуги за претворање говор во текст или услуги за повикувачки центри во наше име, тој оператор може да прими и складира и одредени говорни команди во согласност со договорот склучен меѓу нас и доверливиот оператор на трета страна.
- Информации за тастатурата Samsung: зборовите што ги внесувате кога ќе го овозможите „Предвидлив текст“. Оваа функција може да се нуди со Вашата Samsung account за синхронизирање на податоците за користење на вашите други мобилни уреди на Samsung. Можете да ги избришете податоците така што ќе отидете во поставувањата за „Предвидлив текст“.
Јавно или комерцијално достапни или споделени информации
Понекогаш собираме јавно или комерцијално достапни информации, вклучувајќи и информации од социјалните мрежи што ги користите, и ги комбинираме со другите информации за Вас, така што ќе може подобро да ги разбереме Вашите потреби, интереси и приоритети.
Други информации кои ги собираме
Ние, исто така, може да собираме други информации за Вас, Вашите уреди или Вашето користење на услугите што се согласувате да ни ги испратите. Ја добиваме вашата согласност во согласност во важечкиот закон.
Аналитика од трети страни
Преку одредени услуги, собираме лични информации за вашите активности на интернет на веб-локации и поврзани уреди со текот на времето и преку веб-локации, уреди, апликации и други функции на интернет и услуги на трети страни. Користиме услуги за аналитика од трети страни на услугите, како што се услугите на Google Analytics и Adobe Analytics. Операторите кои ги администрираат овие аналитички услуги ни помагаат да го анализираме вашето користење на услугите и да ги подобриме услугите. Информациите кои ги добиваме може да бидат обелоденети или директно собрани од тие оператори и од други релевантни трети страни кои ги користат информациите, на пример, за да ја проценат употребата на услугите, да помогнат во администрирањето на деловните услуги и да дијагностицираат технички проблеми. За да дознаете повеќе за Google Analytics, посетете ги страниците http://www.google.com/analytics/learn/privacy.html и https://www.google.com/policies/privacy/partners/.
Вашите опции
Можете да изберете да не ни дадете одредени типови информации, како што се информациите што се бараат како дел од купувањето производ или услуга. Во некои случаи, ова може да ја ограничи вашата способност за користење на некои услуги. Ќе дадеме сè од себе за да ги објасниме овие ограничувања кога ги бараме вашите информации за да донесете информирана одлука.
-
КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ?
Информациите што ги собираме ги користиме за следните намени:
- Да Ви помогнеме Вам или на Вашиот уред да се регистрирате за нашите услуги.
- Да обезбедиме услуга или карактеристика што ја барате.
- Да ви дадеме прилагодена содржина и персонализирани услуги врз основа на вашите минати активности на нашите услуги.
- Да обезбедиме персонализирани и/или обопштени реклами, промоции и понуди кои што може да ве интересираат за нашите услуги, веб-локации, веб-локациите на трети страни и платформи на интернет како што се веб-локации на социјални мрежи (во согласност со важечкиот закон). Ќе ви испраќаме само персонализирани реклами, промоции, и понуди кога сте ја дале вашата согласност да примате маркетиншки известувања од Samsung.
- Да ви даваме промоции и понуди преку директни маркетиншки известувања (како на пример преку е-пошти, насочени известувања или текстуални пораки), само онаму каде што сте ни дале посебна согласност.
- Да ја раководиме, процениме, и подобриме нашата работа, вклучувајќи и развивање и подобрување нови и постоечки производи и услуги, управување и подобрување на нашите комуникации, анализирање на нашите услуги и база на корисници (вклучувајќи и спроведување истражување на пазарот, побарување на вашите мислења за нашите производи и услуги, и спроведување кориснички анкети, со ваша посебна согласност доколку е потребно) и собирање и анонимизирање податоци.
- Да овозможиме ажурирања на софтвер, услуги за одржување и поддршка за вашите уреди.
- Да ви обезбедиме корисничка поддршка кога вашите уреди со во гарантниот период.
- Да загарантираме безбедност на производите и да спречиме измама кога вашите производи се вон гарантниот период, ќе ги собереме вашиот IMEI и сериски број.
- За да го потврдиме вашиот уред за поправки.
- Да ги заштитиме законските права и интереси, имотот или безбедноста на Samsung Electronics или на кои било од нашите подружници, деловни партнери или корисници.
- Да одговориме на вашите барања и прашања, вклучително и за вашите лични информации.
- Да се заштитиме од, да идентификуваме и да спречиме измами и други криминални активности, побарувања и други одговорности.
- Да се придржуваме кон, и да ги спроведеме важечките законски барања, релевантните индустриски стандарди и нашите политики, вклучувајќи ја и Политиката за приватност на Samsung.
- Да анализираме дефектен уред што е вратен во Samsung. Samsung презема мерки за да загарантира дека личните податоци се избришани од сите дефектни уреди пред тие уреди да бидат анализирани.
Можете да правите избори за вашите информации. Видете го делот КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА? за да дознаете повеќе.
Нетаргетирани реклами
Имајте предвид дека вашиот избор за приватноста во однос на рекламите засновани на интерес или персонализираните реклами („таргетирани реклами“) нема да влијае врз тоа дали ќе добивате или ќе бидете услужени со генерички, основни или контекстуални типови реклами („нетаргетирани реклами“) кои не се конкретно засновани на информациите што ви ги опишуваме за да обезбедиме таргетирани реклами за одредена услуга.
За мобилните уреди, информациите што ги користиме за да ви прикажеме нетаргетирани реклами ги вклучуваат важечките информации за рекламите (на пр. пакет на апликацијата, верзија, име и домен), информации за уредот (на пр. тип на уредот, производител, оперативен систем, верзија, информации за екранот, телекомуникациски оператор, земја и јазик) и идентификатори на уредот (на пр. IP и идентификатор на рекламите). Ги споделуваме овие податоци со доверливи деловни партнери (контролори на податоци) и доверливи оператори (обработувачи) за да ви обезбедиме нетаргетирани реклами што подлежат на примена на соодветни договорни заштитни мерки.
Samsung ги обработува овие ограничени податоци врз основа на својот легитимен интерес да снабдува нетаргетирани реклами. Овие реклами може да бидат помалку релевантни бидејќи тие не се засновани на вашите интереси.
[Само за жителите на Европската економска област (ЕЕО)]
Samsung ги обработува личните информации за целите опишани погоре. Правната основа на Samsung за обработка на личните информации вклучува обработка за:
(i) да можеме да ги исполниме нашите ветувања кон вас (извршување на договорот, член 6(1)(б) од ОПЗП), како на пример, да ви обезбедиме услуга.
(ii) да ги промовираме нашите деловни интереси (легитимен интерес, член 6(1)(ѓ) од ОПЗП) (на пример, да управуваме со нашиот однос со вас, да го подобриме вашето искуство со услугата за корисниците и да обезбедиме генерички реклами), вклучувајќи ги и комуникациите на нашата веб-локација, веб-локациите на трети страни и платформите на интернет.
(iii) да се придржуваме кон законот и законските процеси (член 6(1)(в) од ОПЗП).
(iv) со ваша согласност (член 6(1)(a) од ОПЗП (и член 9 во случај на специјални категории на податоци) на пример, да ви испраќаме маркетиншки известувања. Кога ја бараме вашата согласност, ќе ви дадеме информации за тоа кои информации ги користиме и можете да ја отповикате согласноста. Алтернативно, за да ја отповикате вашата согласност, можете да стапите во контакт со нас како што е наведено во делот КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС од оваа Политика за приватност.
Samsung Electronics е контролорот на податоците од Вашите лични информации како што е опишано погоре. За некои директни маркетиншки известувања и некое персонализирано рекламирање во Европа, Samsung Electronics (UK) Limited, што се наоѓа во Обединетото Кралство, исто така е и контролор на податоците од Вашите лични информации. Некои од европските подружници на Samsung исто така ги обработуваат вашите лични информации. Во некои ситуации, тие ќе дејствуваат како контролор на податоците, вклучително и за услуги за корисниците и за одредени маркетиншки активности. Онаму каде што европската подружница на Samsung е контролор на податоците, можете да ја погледнете нејзината локална Политика за приватност на нејзината веб-локација за да разберете како таа ги обработува вашите лични информации.
-
СО КОГО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ?
Ги откриваме вашите информации внатрешно во рамките на нашата работа, како и на следните субјекти, за целите опишани погоре.
- Подружници: други компании од Samsung Electronics Group што ги контролираме или поседуваме.
- Деловни партнери: партнери со кои работиме заедно. На пример, може да соработуваме со банка за да може да користите една од нашите услуги, со цел да се изврши побрзо и поефикасно плаќање. Овие деловни партнери ги контролираат и управуваат со вашите лични информации.
- Oператори: внимателно одбрани компании кои обезбедуваат услуги за или во наше име, како што се компаниите кои ни помагаат со поправките, центрите за контакт со корисниците, активностите за грижа за корисниците, рекламирањето (вклучително и персонализираното рекламирање на нашите веб-локации, веб-локациите на трети страни, платформите на интернет и платформите на социјалните мрежи), спроведувањето анкети за задоволство на корисниците, наплатата или кои испраќаат е-пошти во наше име. Овие оператори, исто така, се посветени на заштитата на вашите информации.
- Други страни кога тоа се бара со закон или ако е потребно да се заштитат нашите услуги: на пример, може да биде неопходно според закон, законски процес или судски налог од владини органи да ги откриеме вашите информации. Тие, исто така, може да ги побараат вашите информации од нас заради спроведување на законот, национална безбедност, антитероризам или други прашања што се поврзани со јавната безбедност.
- Други страни поврзани со корпоративни трансакции: можеме да ги откриеме вашите информации на трета страна како дел од спојување или пренос, преземање или продажба, или во случај на банкрот.
- Други страни со ваша согласност или според вашите упатства: освен откривањата опишани во оваа Политика за приватност, споделуваме информации за вас со трети страни кога посебно ќе се согласите со тоа или ќе побарате такво споделување.
-
КАКО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ СИГУРНИ?
Ние сериозно ја сфаќаме заштитата на податоците. Поставивме разумни физички и технички заштитни мерки за да ги зачуваме сигурни информациите што ги собираме. Меѓутоа, имајте на ум дека иако преземаме разумни чекори за да ги заштитиме вашите информации, ниту една веб-локација, интернет-пренос, компјутерски систем или безжична врска не се целосно безбедни.
-
КАДЕ ГИ ИСПРАЌАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?
Вашето користење на нашите услуги ќе го вклучи преносот, складирањето и обработката на Вашите лични информации во и надвор од Вашата земја на престој, во согласност со оваа политика. Особено, Вашите лични информации ќе се пренесат во Република Кореја.
Освен тоа, вашето користење на услугите може да вклучи и пренос, складирање и обработка на вашите лични информации во други земји каде што е неопходно; тие земји ги вклучуваат, без ограничување, земјите во Европската економска област, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Швајцарија, Кина, Сингапур, Виетнам, Индија, Канада, Мексико, Филипините и Јапонија. Европската комисија утврдила дека некои земји соодветно ги штитат вашите лични податоци. Можете да најдете список на тие земји тука: https://ec.europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/international-dimension-data-protection/adequacy-decisions_en. Имајте предвид дека законите за заштита на податоците и другите закони на земјите во кои Вашите информации може да се пренесат може да не се толку детални како оние во Вашата земја. Ќе преземеме соодветни мерки, во согласност со важечкиот закон, да се погрижиме Вашите лични информации да останат заштитени. Таквите мерки вклучуваат употреба на Стандардни договорни клаузули за заштита на преносот на податоците надвор од ЕЕО и Обединетото Кралство. За да побарате повеќе информации или да добиете копија од Стандардните договорни клаузули, контактирајте со нас. Видете во делот КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС.
-
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?
Вашите лични информации ви припаѓаат вам. Во согласност со важечките закони, имате право да побарате да обезбедиме детали за тоа што сме собрале и може да побарате од нас да го избришеме тоа или да поправиме какви било неточности. Исто така, од нас може да побарате да забраниме или ограничиме обработка, споделување или пренос на вашите лични информации, како и да ви ги испорачаме вашите лични информации што сме ги собрале за да може да ги користите за сопствени цели. Имате право на преносливост на податоците што значи дека можете да побарате од нас да ви ги доставиме вашите лични информации до вас или до трета страна во машински читлив формат. Исто така, можете да се спротивставите на обработката на вашите лични информации и можете да ја повлечете вашата согласност. Меѓутоа, барањето за бришење на Вашите лични информации може да резултира со губење на пристапот до услугите што ги даваме. Нема да бришеме податоци што според законот се бара да ги задржиме.
Исто така, имате право да се спротивставите на обработката врз основа на легитимни интереси и да се спротивставите на обработката за маркетиншки цели, вклучително и профилирање
За да поднесете барање што се однесува на вашите права или да поставите прашање, контактирајте со нас. Видете во делот КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС.
-
КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ?
Нема да ги чуваме вашите лични информации повеќе отколку што е неопходно за намената за која биле собрани. Ова значи дека информациите ќе бидат уништени или избришани од нашите системи кога веќе нема да бидат потребни.
Преземаме соодветни чекори за да се увериме дека ги обработуваме и задржуваме информациите за Вас според следново:
1. Барем за времетраењето за кое информациите се користат да ви обезбедат услуга;
2. Како што се бара со закон, договор или во врска со нашите законски обврски;
3. Само толку долго колку што е потребно за целта за која биле собрани, се обработуваат, или подолго доколку се бара според кој било договор, според важечкиот закон или за статистички намени кои подлежат на соодветни заштитни мерки. -
КОИ УСЛУГИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ ГИ КОРИСТИМЕ?
Некои од содржините, рекламирањата и функциите во нашите услуги ги обезбедуваат трети страни. Овие трети страни може да користат колачиња, маркери, пиксели за следење и други алатки за собирање информации за Вашето користење на овие услуги. Овие трети страни не ги контролира Samsung директно, па затоа Ви препорачуваме да ги погледнете нивните политики за приватност за да разберете како тие ги користат вашите податоци.
За некои апликации и услуги, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, ние ги добиваме и зачувуваме информациите за најава, како и другите информации што ни дозволувате да ги добиваме кога се поврзувате со овие апликации и услуги.
-
КОЛАЧИЊА, СИГНАЛИ И СЛИЧНИ ТЕХНОЛОГИИ
Ние, заедно со одредени трети страни, како што се давателите на содржина и рекламните агенти, можеме, исто така, да користиме технологии наречени колачиња, сигнали или пиксели, како и други алатки (заеднички познати како „технологии“) кои пренесуваат информации од вашиот уред до сервер. Тие технологии може да бидат вградени во содржина на интернет, видеоснимки и реклами. Тие му овозможуваат на сервер да чита одредени видови на информации од вашиот уред, знаат кога сте погледнале одредена содржина или одредена реклама и го определуваат времето и датумот кога сте ја гледале содржината, како и информации за вашиот уред, вклучувајќи ја и IP-адресата на вашиот уред. Ние, и трети страни, ги користиме овие технологии за цели како што се потврда дека содржината и рекламите се правилно испорачани и прегледани.
Колачиња
Колачињата се мали датотеки што зачувуваат информации на Вашиот компјутер, телевизор, мобилен телефон или други уреди. Тие му овозможуваат на субјектот кој го ставил колачето на вашиот уред да ве препознае на различни веб-локации, услуги, уреди и пребарувачки сесии. Колачињата служат за многу корисни цели. На пример:
- Колачињата може да ги запомнат вашите акредитиви за најава, така што нема да морате да ги внесувате секој пат кога се најавувате на некоја услуга.
- Колачињата ни помагаат нам и на третите страни да разбереме кои делови од нашите услуги се најпопуларни, бидејќи тие ни помагаат да видиме на кои страници и карактеристики пристапуваат посетителите и колку време тие поминуваат на страниците. Проучувањето на овие информации ни помага да ги приспособиме нашите услуги и да Ви обезбедиме подобро искуство.
- Колачињата ни помагаат нам и на третите страни да разбереме кои реклами сте ги виделе, за да не ја добивате истата реклама секогаш кога ќе ѝ пристапите на услуга.
- Колачињата ни помагаат нам и на третите страни да ви обезбедиме релевантна содржина и реклами преку собирање информации за вашето користење на нашите услуги и други веб-локации и апликации.
Ги користиме следниве типови колачиња на нашите услуги:
- Основни колачиња: ви овозможуваат да ги добивате услугите што ги барате преку нашата веб-локација. Без овие колачиња, услугите што сте ги побарале не можат да се обезбедат. На пример, основните колачиња може да се употребат за да ве автентицираме кога се најавувате. Овие колачиња се овозможени автоматски и не можат да се исклучат затоа што се неопходни за да овозможат ефикасна работа на нашите услуги.
- Колачиња за перформанси: ни овозможуваат да ги анализираме перформансите и дизајнот на нашите услуги и да откриваме грешки. На пример, овој тип на колачиња ни овозможува да препознаеме дека порано сте користеле услуга и ни покажува кои од нашите апликации се најпопуларни со тоа што ни овозможува да видиме до кои страници посетителите пристапуваат најчесто и колку време посетителите поминуваат на секоја апликација. Користиме Google Analytics, Adobe и слични колачиња за аналитика за да го постигнеме тоа.
Тој тип колаче автоматски се оневозможува и може да се конфигурира според вашите посебни преференции. - Колачиња за функционалност и профилни колачиња: ни овозможуваат да испорачаме подобро корисничко искуство. На пример, овој тип колаче гарантира дека информациите прикажани при следната посета на нашата веб-локација ќе се совпаднат со вашите кориснички приоритети или со вашата Samsung account од која сте се поврзале со услуга. Тој тип колаче автоматски се оневозможува и може да се конфигурира според вашите посебни преференции.
- Рекламни колачиња/колачиња за таргетирање: ни овозможуваат нам и на нашите внимателно одбрани партнери да ја персонализираме нашата веб-локација, да ви испорачуваме реклами или директно да контактираме со вас кога посебно сте се согласиле со такви комуникации, на начин што е релевантен за вас и што одговара на вашите интереси со, на пример, користење информации за услугите до кои што сте пристапиле преку нашите апликации. Може да ги користиме и комбинираме вашите податоци за колачињата со информациите што ги собираме за Вас од други извори за да Ви обезбедиме подобро искуство. На пример, можеме да ги користиме за да ви обезбедиме порелевантни директни реклами, но само таму каде што сте се согласиле да примате директни реклами.
Можеме да им дозволиме на внимателно одбрани трети страни да го постават овој тип на колаче или слични технологии за оваа цел. На пример, и без ограничување, ги користиме ознаките за повторно рекламирање на Google за да им овозможиме на нашите трговски партнери да ги рекламираат производите што сте ги прегледувале на нашата веб-локација. Можете да дознаете повеќе за тоа како функционираат ознаките за повторно рекламирање на Google тука: https://www.thinkwithgoogle.com/intl/en-gb/. Освен тоа, третите страни како Facebook може да постават колачиња за да ве следат на важечките интернет-страници и на други веб-локации.
Исто така, можеме да соработуваме со внимателно одбрани деловни партнери за да испорачаме реклами заеднички. Тоа може да опфати комбинирање на податоците од колачињата прибрани од нашата веб-локација со податоците прибрани од нашиот деловен партнер. Во зависност од тоа кои колачиња ги овозможувате, можеме да ги користиме и прибраните информации за да ги разбереме приоритетите на нашите корисници и за да влијаеме врз идните рекламни кампањи вклучително и врз начинот на кој што избираме кон кого да ги насочиме нашите реклами.
Ние, и нашите внимателно одбрани деловни партнери, можеме да поставиме колачиња кога прикажуваме реклами за нашите производи или услуги на веб-локации на трети страни и кога кликнувате на тие реклами, за да знаеме кои страници и реклами ги виделе нашите корисници и со кои реклами имало интеракција. Ние и нашите деловни партнери ги користиме овие колачиња само ако ја дадете вашата согласност на операторот на веб-локацијата на третата страна. Можете да ги прилагодите вашите приоритети во однос на овие колачиња на тие страници на трети страни. Ќе користиме таков тип колачиња за период од 13 месеци. - Колачиња од трети страни: нашите услуги може да прикажуваат и содржина од веб-локација или услуга од трета страна, што може да резултира со зачувување на колачиња од трети страни на вашиот уред. Можете да управувате со вашите приоритети за овие трети страни на истиот начин како и за колачињата на Samsung. Погледнете подолу за повеќе детали за начинот на управување со вашите приоритети. Ние не го контролираме складирањето и употребата на тие колачиња од страна на такви трети страни и затоа треба да се повикате на политиките за приватност на релевантните трети страни за повеќе информации. За повеќе информации за другите оператори, контактирајте со нас со посета на нашата страница за поддршка на приватноста на https://117.p.syniva.es/request-desk. Тој тип колаче автоматски се оневозможува и може да се конфигурира според вашите посебни преференции.
Сигнали и пиксели
Ние, заедно со одредени трети страни, користиме технологии наречени сигнали или пиксели кои пренесуваат информации од вашиот уред до сервер. Сигналите може да се вклопат во содржина на интернет, реклами, видеа и е-пошти, и може да му дозволат на серверот да чита одредени видови информации од вашиот уред, да знаат кога сте погледнале одредена содржина или одредена порака на е-пошта и да го определат времето и датумот кога сте ја гледале релевантната содржина, како и IP-адресата на вашиот уред. Ние и одредени трети страни користиме сигнали за различни цели, вклучувајќи и да ја анализираме употребата на нашите услуги и, заедно со други информации, да обезбедиме содржина и реклами кои се поважни за вас.
Друго локално складирање
Ние, заедно со одредени трети страни, користиме други видови на технологии за локално складирање, како што е локално споделени објекти (исто така, познато како Flash колачиња) и локално складирање HTML5, во врска со нашите услуги. Овие технологии се слични со колачињата за кои стана збор погоре. Тие се складирани на Вашите уреди и може да се користат за зачувување на одредени информации за Вашите активности и приоритети. Како и да е, овие технологии користат различни делови на вашиот уред, почнувајќи од стандардните колачиња, па така можеби нема да можете да ги контролирате користејќи ги стандардните алатки и поставувања на прегледникот. За информации за деактивирање или бришење на информациите содржани во Локално споделени објекти, посетете ја http://helpx.adobe.com/flash-player/kb/disable-local-shared-objects-flash.html.
Колачињата не се задржуваат подолго од времето неопходно за обезбедување на функцијата за која што се користат. Тоа се разликува во зависност од конкретната услуга. На пример, колаче за автентикација на најава може да се задржи подолг временски период од колаче што се користи да ви овозможи да ставате предмети во корпа за пазарување како гостин на нашата веб-локација.
Како да управувате со вашите приоритети
Таму каде што ги користиме овие технологии на нашите услуги, можете да ја повлечете вашата согласност или да управувате со вашите приоритети во секое време. Меѓутоа, некои технологии се суштински или неопходни за извршување на услугата и не може да се променат. Посетете го менито за поставките или приоритетите за колачиња на релевантните услуги или на вашиот уред за повеќе информации за начинот на управување на овие опции.
-
КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС
Може да контактирате со нас за да ги ажурирате вашите приоритети, да ги поправите вашите информации, да поднесете барање или да ни поставите прашања.
Најлесниот начин да го направите тоа е преку делот Поддршка на https://117.p.syniva.es/mk/
Исто така, може да контактирате со нас на:
Контролор на податоци
Samsung Electronics Co., Ltd.
129, Samsung-ro, Yeongtong-gu,
Suwon-si, Gyeonggi-do 16677, Република Кореа
[Само за жителите на Европската економска област (ЕЕО)]
Samsung Electronics има канцеларии ширум Европа, со тоа ве уверуваме дека Вашето барање или прашање ќе биде обработено од тимот за заштита на податоци со седиште во Вашиот регион.
Најлесниот начин да контактирате со нас е преку нашата страница за поддршка на приватност на https://117.p.syniva.es/request-desk.
Исто така, може да контактирате со нас на:
Европски службеник за заштита на податоци
Samsung Electronics (UK) Limited
Samsung House, 2000 Hillswood Drive, Chertsey, Surrey KT16 0RS, UK
Може да поднесете жалба до релевантен надзорен орган ако сметате дека нашата обработка на личните информации го прекршува важечкиот закон. Деталите за контакт за сите надзорни органи на ЕУ и ЕЕО може да се најдат на https://edpb.europa.eu/about-edpb/board/members_en.