Поврзаната моќ на Samsung Galaxy

Поврзаните уреди Galaxy се совршени заедно и отвораат нови начини за беспрекорна комуникација, работа, игра и одржување на здравјето. 1

Проблемите со компатибилноста нека останат во минатото. Уредите Galaxy се направени да работат заедно, непречено. Од водењето видеоповици од твојот паметен телевизор или Galaxy Tab до споделување датотеки и соработување со тимот, со Galaxy сѐ е едноставно.

Споделувајте речиси сѐ

Заборавете на препреките помеѓу уредите. Galaxy ви овозможува да ја пренесете вашата содржина онаму каде што сакате.

Quick Share

Quick Share кај уредите Android

Споделувањето фотографии, видеа и документи е брзо и лесно со Quick Share. Споделувај датотеки со Galaxy паметни телефони, таблети, компјутери или дури и со Android-уреди што не се Samsung, за само неколку секунди. Сега, можеш да префрлуваш датотеки на повеќе контакти истовремено, без разлика каде се наоѓаат. 2

Smart View

Отсликувајте го телефонот на телевизорот. Зачувајте ја вашата приватност.

Smart View ти овозможува безбедно пресликување на екранот, штитејќи ја приватноста на личните пораки. Со функцијата „Cast app оnly“ може да го споделуваш екранот на твојот телефон на телевизорот или на други уреди и да продолжиш да го користиш телефонот за други задачи. 3

(кликни + како да се користи)

Контактирајте како никогаш претходно

Отворената комуникација е полесна во отворениот екосистем на Galaxy.

Префрлање видеоповици

Разговарајте, гледајте и смејте се заедно

Среде повик си? Разговорот нека си тече и кога се движиш од паркингот до дневната соба, само со притискање едно копче. Непречено префрли го повикот од паметниот телефон на таблетот, а кога треба да трчаш, врати го повикот на телефонот. 4

Повикување на други уреди

Никогаш не пропуштајте повик

Ако работиш на Galaxy Tab или на PC, поврзаниот Galaxy телефон ќе ги испрати сите повици до тебе за да бидеш постојано во тек.5

(кликни + како да се користи)

Зголемете ја вашата продуктивност
со Samsung Galaxy

Синхронизирањето на уредите Galaxy ви овозможува да создадете ефикасна работна станица за да ги завршувате работите, каде и да сте.

Link to Windows

Тоа што е на вашиот телефон, сега е на вашиот компјутер

Достигни нови нивоа на синергија со Link to Windows. Наместо да се префрлуваш од пораки на апликации на повеќе уреди, сите нека ти бидат подредени истовремено на еден PC-екран. Оди чекор подалеку со континуитетот во работењето со помош на опциите за последно користени апликации и последно користени веб-страници — со прикажување на мобилните апликации и пребарувања што последно се користени и пребарувани на твојот PC. 6

(кликни + како да се користи)

Поврзана камера

Користете го вашиот телефон како поврзана камера.

Користи ја моќната камера на уредите Samsung Galaxy како веб-камера така што ќе ја поврзеш на твојот PC. Ќе можеш да уживаш во квалитетни видеа, да се вклучуваш на состаноци, брзо да ги менуваш предната и задната камера и да користиш функции како заматување на заднината и автоматско врамување. Ќе можеш да праќаш и пораки, да ги проверуваш известувањата и да користиш други апликации на телефонот додека го користиш како веб-камера. 7

(кликни + како да се користи)

Втор екран

Проширете го вашиот дигитален работен простор

Зголеми ја продуктивноста со Galaxy Tab. Со Second Screen, екранот на твојот PC се проширува на твојот Galaxy Tab за да добиеш дополнителен простор. Ти текна одлична идеја? Запиши ја и илустрирај ја со помош на S Pen пенкалото – запиши ги идеите и спроведи ги. 8

(кликни + како да се користи)

Samsung Notes

Соработувајте секаде со Samsung Notes

Со Samsung Notes, твоите белешки интуитивно се синхронизираат на сите Galaxy уреди преку Samsung Cloud, овозможувајќи ти непречено фаќање белешки. Имаш проект на кој треба да соработуваш со други? Едноставно создај белешка, сподели ја со врска и покани ги другите да прегледуваат и уредуваат. 9

Поинтелигентен и поздрав живот со услугите на Samsung Galaxy

Вашиот Galaxy Watch и телефонот Galaxy работат заедно како еден моќен поврзан тим.

Samsung Health

Усогласи ги сите аспекти на своето патешествие до подобро здравје

Пристапи и управувај со детални информации за твоето здравје и општа добросостојба преку Samsung Health App на твоите Samsung Galaxy уреди. Внесувај детални забелешки за да ги постигнеш посакуваните цели. 14, 15, 16

Find My Phone

Нема потреба да се грижите ако го оставите вашиот телефон

Не можеш да си го најдеш телефонот? Ако е во близина, јави се на твојот број со спарен Watch преку Find My Phone. Ако е надвор од домет и не е поврзан на Bluetooth, користи ја опцијата Samsung Find за да пристапиш до локацијата на телефонот на мапа и заѕвони на бројот преку твојот Watch. 17

(кликни + како да се користи)

Уживајте во забава без граници

Galaxy го олеснува споделувањето, пребарувањето и задлабочувањето во вашата омилена музика и емисии.

Медиумски излез

Оставете ја музиката да свири во текот на префрлањата

Сакаш музиката да трае? Отвори Media output на брзиот панел за да продолжиш да слушаш на Galaxy Buds, Bluetooth или Wi-Fi звучници и управувај со уредите на еден екран. Освен тоа, може да поврзеш два или повеќе Wi-Fi звучници истовремено и да уживаш во совршено усогласен звук. 19

(кликни + како да се користи)

Автоматско префрлање

Префрлете се од филмови на повици автоматски

На пример, гледаш филм на Galaxy Tab со Galaxy Buds и одеднаш ти заѕвонува телефонот. Auto Switch веднаш ги поврзува Galaxy Buds со телефонот за да можеш да одговориш на повикот преку нив. Штом ќе заврши повикот, повторно те поврзува на филмот. 19

(кликни + како да се користи)

Автоматска точка на пристап

Поврзете се на интернет моментално, без разлика каде сте

Со Auto Hotspot, твојот Galaxy Tab останува поврзан на хот-спот мрежата од твојот телефон, а потоа автоматски вклучува Wi-Fi кога ти треба. 20

(кликни + како да се користи)

Производи Galaxy

Неверојатни поединечно.
Подобри заедно.

Запознајте го семејството на уредите Galaxy.

 

Galaxy паметен телефон

  • Сликата е симулирана за илустрација.
  • Сликата е симулирана за илустративни цели. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
  1. Достапните функции може да се разликуваат во зависност од уредот, земјата, регионот, операторот или верзијата на One UI.
  2. Достапно на уреди со One UI 2.1 или понова верзија и Android OS 10 (Q OS) или понова верзија. Во поддржани компјутери спаѓаат Galaxy Books, вклучувајќи компјутери со Qualcomm пуштени во продажба во 2020 година или подоцна и Windows компјутери од други производители со Intel Bluetooth/Wi-Fi драјвери (OS: Windows 10 верзија од 2004 или понова, Bluetooth драјвер: Intel верзија 22.50.02 или понова, Wi-Fi драјвер: Intel верзија 22.50.07 или понова). За да се користи Quick Share потребно е Bluetooth и Wi-Fi поврзување. Бројот на уреди на кои Quick Share може да споделува истовремено може да се разликува во зависност од хардверот на чипот за Wi-Fi на уредот од кој се споделува. Реалната брзина може да се разликува во зависност од уредот, состојбата на мрежата и корисничката средина. За споделување датотеки со помош на QR-кодови и контакти, одеднаш може да се префрлат до 1.000 датотеки. Има ограничување на големината од 10 GB по датотека и 10 GB на ден што може да се префрлат. Врската истекува по два дена. За уредот на испраќачот е потребна Samsung Account, a поврзување на интернет е потребно и за уредот на испраќачот и за уредот на примачот.
  3. Smart View е достапна само на паметни телевизори, паметни телефони и таблети Galaxy што поддржуваат Miracast. Достапноста на App Cast може да се разликува во зависност од уредот, апликацијата и земјата/регионот.
  4. Google Meet е заштитен знак на Google LLC. Достапно на уреди Galaxy (паметни телефони и таблети) кои ја користат истата сметка на Google што е веќе регистрирана. Оваа функција може да се користи само во групни повици. Квалитетот на видеото може да се разликува во зависност од бројот на учесници и условите на мрежата. Оваа функција е предмет на промена без претходно известување.
  5. Функцијата „Повикување на други уреди“ бара двата уреди да се поврзани на истата Samsung account и уредите треба првично да се спарат во поставките за да се поврзат автоматски. Достапна на уредите Samsung со Android P и со 3 GB RAM и повеќе. Бара компјутер со Windows 10 со верзија 1809 или понова, Galaxy Book со One UI 5.0 или понова верзија и паметен телефон Galaxy со One UI 5.0 или понова верзија. Датумот на пуштање во употреба на услугата може да се разликува во зависност од регионот, операторот и уредот.
  6. Корисниците мора да ги поврзат своите Samsung Galaxy уреди со нивниот Windows PC преку „Link to Windows“ на мобилните уреди и апликацијата Microsoft Phone Link на PC и да ги следат упатствата за поставување, како и да бидат најавени на истата корисничка сметка на Microsoft. Link to Windows е претходно вчитана на одредени Samsung Galaxy уреди. За таблети е потребен One UI 5.1.1 или понова верзија. За PC (Microsoft Phone Link) е потребно Windows 10 или понова верзија. Microsoft Phone Link препорачува Samsung Galaxy уредот да биде поврзан на истата Wi-Fi мрежа како PC. Некои мобилни апликации може да ограничуваат споделување содржини на други екрани. Некои поврзани функции може да се разликуваат во зависност од уредот. Таблетите не ги содржат функциите за Повик/Порака. Опцијата Recent Websites е достапна само кога се користи апликацијата Samsung Internet на Samsung Galaxy паметни телефони со One UI 3.1.1 или понова верзија (Samsung Galaxy S, Note, Z Fold, Z Flip), таблети со One UI 5.1.1 или понова верзија (достапно само на моделите Tab S, не на моделите Tab FE или Tab Lite) и на Windows PC со Windows 10 20H1 или понова верзија. Потребни се најновите ажурирања на апликацијата Microsoft Phone Link/Link to Windows/Samsung Internet.
  7. За да го користат телефонот како камера, корисниците мора да ги поврзат своите Samsung Galaxy уреди со нивниот Windows PC преку „Link to Windows“ на мобилните уреди и апликацијата Microsoft Phone Link на PC и да ги следат упатствата за поставување, како и да бидат најавени на истата корисничка сметка на Microsoft. За PC (Microsoft Phone Link) е потребно Windows 11 22H2 или понова верзија, а за телефонот е потребно OneUI 1.0 или понова верзија, Support Camera effet со OneUI 6.0 или понова верзија. За Microsoft Phone Link е потребно Samsung Galaxy уредот да биде поврзан на истата Wi-Fi мрежа како PC. Некои поврзани функции може да се разликуваат во зависност од уредот.
  8. Second Screen е достапен на Galaxy Tab S7, S7+ и S7 FE со One UI 3.1 или понова верзија и на S8, S8+, S8 Ultra и Active4 Pro. Потребно е PC со безжичен екран и Windows 10 v.2004 или понова верзија. За поврзување со 1 клик е потребно Galaxy Book1 или понов со Samsung Account најавена и на Galaxy Tab и на Galaxy Book. За директно активирање на Second Screen од PC без да се активира на Galaxy Tab, и двата уреди треба да бидат најавени на истата Samsung Account.
  9. Наменето е само за општи цели на велнес. Дава насоки за спиење само за ваша лична референца. Не е за откривање, дијагностицирање, лекување на медицински состојби или нарушувања на спиењето. Побарајте совет од медицинско лице. UX/UI може да варира во зависност од верзијата на софтверот, моделот, регионот, меѓу другото. Достапно во серијата Galaxy Watch4 и понови.
    • Достапноста на функцијата за известување за неправилно отчукување на срцето (IHRN) може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата од земјите за добивањето одобрение/регистрација како софтвер како медицински уред (SaMD), таа функционира само на часовници и паметни телефони купени во земји каде што услугата е достапна во моментот (сепак, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји во кои услугата не е достапна). Не е предвидена да дава известување за секоја епизода на неправилно отчукување што дава претпоставка за AFib и, во отсуство на известување, не е предвидена да укаже дека е присутен процес на заболување. Не е предвидена за корисници со други познати аритмии или корисници на возраст под 22 години. Корисниците не треба да интерпретираат или да преземаат клиничко дејство врз основа на направените предвидувања без консултација со квалификуван здравствен работник.
    • Достапноста на апликацијата ECG може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата од земјите за добивањето одобрение/регистрација како софтвер како медицински уред (SaMD), апликацијата ECG функционира само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е достапна во моментот (сепак, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји во кои услугата не е достапна). Погледнете на https://117.p.syniva.es/apps/samsung-health-monitor за повеќе информации и најновото ажурирање на земјите во кои е достапна услугата. Не е предвидена за корисници на возраст под 22 години. Корисниците не треба да интерпретираат или да преземаат клиничко дејство врз основа на резултатот од уредот без консултација со квалификуван здравствен работник.
  10. Енергетскиот резултат е наменет само за следење на општата добросостојба и физичките активности. Енергетскиот резултат е поддржан само на Galaxy Ring или на Galaxy Watch4 series и на моделите на Samsung Galaxy Watch што се пуштени во продажба подоцна (не вклучувајќи го Galaxy Fit3). За да гo провериш eнергетскиот резултат, здравствените податоци што ги следи Samsung Galaxy Watch или Samsung Galaxy Ring мора да бидат синхронизирани со Samsung Health App. За да ги пресмета дневната енергија и кондиција, енергетскиот резултат користи податоци од минимум еден ден следење на спиењето, активностите и пулсот при спиење.
  11. Советите за добросостојба се достапни на телефони Android (со Android 10 или понова верзија) и потребна е апликацијата Samsung Health App (v6.27 или понова), како и согласност за персонализирање на Samsung Health. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатот е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
  12. Индексот AGE (напредни крајни производи за гликација) се мери на Galaxy Watch7 series и на понови модели. (*The labs function) Индексот AGE го користи биосигналниот сензор на Galaxy Watch7 series што работи во рамките на границите поставени со безбедносните прописи на IEC62471. Меѓутоа, луѓето со фотосензитивна кожа може да имаат несакани реакции на светлина, како дамки на кожата или осип. При симптоми на фотосензитивност користењето на оваа функција треба да се избегнува.
  13. За да го провериш Енергетскиот резултат, здравствените податоци што ги следи Samsung Galaxy Watch (Galaxy Watch4 series и понови модели, не вклучувајќи го Galaxy Fit3) или Samsung Galaxy Ring мора да бидат синхронизирани со Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за срцебиењето за време на спиење.
  14. Потребна е Samsung Health application version 6.24 или понова.
  15. Galaxy Watch7 мора да е спарен со Samsung Galaxy паметен телефон со оперативен систем Android 11.
  16. Сите информации на Samsung Health се наменети само за следење на општата добросостојба. Насоките што се дадени се само за лична употреба. Не се наменети за откривање, дијагноза или лекување каква било здравствена состојба или нарушување на сонот. За совет консултирајте се со медицинско лице. UX/UI може да се разликува во зависност од верзијата на софтверот, моделот, регионот и други фактори.
  17. Samsung Find (Find My Phone) е поддржана на часовници Galaxy Watch со Wear OS спарени со Galaxy паметни телефони со Android 10 или понова верзија. Спарениот паметен телефон треба да биде најавен на Samsung Account.
    • Find My Phone при ѕвонење и прегледот Ringing on Map се поддржани кога е поврзан на Bluetooth и е во домет. Прегледот Ringing on Map може да се активира и од далечина.
    • За активирање од далечина, твојот Watch мора да биде поврзан на Wi-Fi или на мобилен интернет. Твоите Watch и паметен телефон треба да бидат најавени на истата Samsung Account и треба да биде дозволен пристап за следење на локацијата.
  18. За поврзување на Wi-Fi звучниците со Media Output, треба да поддржуваат Chromecast и тој да биде достапен на Galaxy уреди со One UI 5.1 или понова верзија. Wi-Fi звучникот и Galaxy уредот мора да бидат поврзани на истата Wi-Fi мрежа. Bluetooth звучниците и Buds треба да бидат ставени во режим на спарување за да користат Media Output.
  19. Функцијата Auto Switch е достапна на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 4.1.1 или понова верзија, на Galaxy Watch4 Series и на понови модели, на модели на Samsung TV пуштени во продажба во 2022 година или понови и на модели на Galaxy Book со One UI 6.0 или понова верзија. Galaxy Buds мора да бидат спарени барем еднаш со твоите Galaxy паметен телефон, таблет, Watch, TV или Book за да можеш да ја користиш функцијата Auto Switch со уредите. Auto Switch е достапна само на Buds2 Pro, Buds3 и Buds3 Pro и на ниеден друг модел. Соодветните уреди мора да бидат најавени на истата Samsung Account и да им бидат вклучени и Bluetooth и Wi-Fi.