32" UHD Smart монитор M80B
key features
-
Омилените серии во твојот простор со Smart TV
-
Уникатен тенок дизајн
-
Продуктивни и без PC со работен простор
-
IoT Hub - Центар за твојот дом, од која било просторија
Омилените серии во твојот простор
Како паметен ТВ (Smart TV)
Лесна забава. Уживај во Netflix, YouTube и други стриминг услуги само со поврзување на мониторот на WiFi. Samsung TV Plus нуди и бесплатна содржина во живо и на барање, без преземања или регистрација, додека Универзалниот водич дава препораки за персонализирана содржина.
* Достапноста на апликацијата може да се разликува во зависност од земјата и може да биде потребно да се направат одделни претплати.* Потребно е поврзување на интернет, а не е вклучен ТВ приемник.* Samsung TV Plus и Универзалниот водич може да не бидат достапни во некои региони.* Спецификациите на далечинскиот управувач може да се разликуваат во зависност од земјата.* Достапноста на бои на производот може да се разликува во зависност од земјата.
Дај му нов шмек на работниот простор
Уникатен тенок дизајн
Изрази се. Smart мониторот е изграден земајќи го предвид твојот начин на живот со понапреден дизајн од кога било досега. Со ултратенок рамен заден дел, уреден дизајн на камерата и прекрасни бои, мониторот нуди минималистички изглед што одговара на секоја средина и го подобрува изгледот на просторот
Кажи им здраво на другарите
Камера SlimFit
Вклучи се во сите разговори. Камерата SlimFit што може да се наведнува ти овозможува да го најдеш совршениот агол додека ги користиш омилените апликации за видеоповици, како Google Duo, на коишто можеш да им пристапиш директно преку мониторот. Освен тоа, капачето на камерата и опцијата за целосно отстранување секогаш ја штитат твојата приватност.
Само кажи што сакаш
Повеќе гласовни асистенти
Со функцијата Far Field Voice може да го активираш гласовниот асистент само со зборување. Може директно да му задаваш команди на мониторот – дури и од далеку – и да му кажеш што ти треба. Ете толку е лесно. Smart мониторот поддржува и Bixby и Amazon Alexa.
Оптимална осветленост за оптимално ужива
Адаптивна слика
Сензационална слика, и дење и ноќе. Постои сензор што ја детектира околната светлина за да може автоматски да ја приспособи светлината со функцијата за адаптивна слика. Дури и на силна дневна светлина, гледај ги темните, мрачни драми без мижуркање и напрегање на очите.
Побогат звук за пореалистични доживувања
Адаптивен звук +
Со вградените 2.2Ch звучници, M8 обезбедува побогат и пореалистичен звук за побогато, комплетно доживување. Надградената опција Adaptive Sound+ го приспособува звукот во зависност од содржината и нивоата на бучава во средината на корисникот, давајќи префинет звук што се адаптира во реално време.
Практично поврзување
USB тип-C
Со приклучокот за USB тип-C можеш да полниш, да префрлаш податоци, па дури и да праќаш сигнали за приказ помеѓу уредите со само едно поврзување. Неговата градба за еден приклучок придонесува за пријатна работна средина без гужва од неуредни кабли и без стрес.
* Достапноста на бои на производот може да се разликува во зависност од земјата.
* Достапноста на бои на производот може да се разликува во зависност од земјата.
Откриј ги скриените страни на играта
Ултраширок приказ на игратаФокусирај се на победата. Приспособи го екранот на 21:9 за да ги откриеш скриените области во сцените на играта со Ultrawide Game View. Отсега, кога ќе играш фудбал, ќе гледаш поголем дел од теренот, сè до головите. А во игрите со возење, добиваш природен и сеопфатен поглед на патот пред тебе.
* Достапноста е ограничена на изворни уреди што поддржуваат излез од 21:9.* Може да функционира различно во зависност од играта или содржината што се гледа.Приклучи и гледај
Auto Source Switch +
Повеќе нема пребарување. Со Automatic Source Switch Plus, мониторот детектира новоповрзани уреди веднаш штом ќе бидат приклучени и го прикажува точниот сигнал. Повеќе нема потреба од барање на точниот инпут на менито.
Спецификации
-
Сооднос на слика 16:9
-
Осветлување (типично) 400 cd/㎡
-
Статичен сооднос на контраст 3,000:1(Typ.)
-
Резолуција 4K (3,840 x 2,160)
-
Време на реакција (ms) 4ms(GTG)
-
Агол на гледање (Х/В) 178°(H)/178°(V)
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
e-Manual
- Верзија 2311170
- 83.42 MB
- 15/02/2024
АНГЛИСКИ, ФРАНЦУСКИ, ШПАНСКИ, ПОРТУГАЛСКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ТУРСКИ, УНГАРСКИ, ПОЛСКИ, ГРЧКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, СЛОВАЧКИ, РОМАНСКИ, СРПСКИ, ГЕРМАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ШВЕДСКИ, ДАНСКИ, НОРВЕШКИ, ФИНСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, ЕСТОНСКИ, РУСКИ, УКРАИНСКИ, казахстански, еврејски, АРАПСКИ, индонезиски, ПЕРСИСКИ, виетнамски, КИНЕСКИ -
User Manual
- Верзија 2210040
- 32.37 MB
- 13/10/2022
АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (европски), РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, ТУРСКИ
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети