Добијте стручни мислења за Galaxy S23 Ultra
„Уште по неколку минути користење, јасно е што е главната цел на Samsung – да направи уред кој ќе биде прв избор за сите оние кои сакаат да снимаат видеа и фотографии со речиси студиски квалитет во сите можни услови“.
„Samsung Galaxy S23 Ultra нè воодушеви како што очекувавме. Има мали промени во дизјанот, а големи во хардверот и камерата. Тоа значи дека може а издржите долг период со една батерија која може брзо да се наполни, да снимате врвни кинематографски записи благодарение на сензорот од 200МП и брзо да сурфате и сите апликации брзо се отвараат“.
Galaxy AI е тука
Добредојдовте во ерата на мобилната AI. Со Galaxy S23 Ultra во вашите раце, можете да ослободите целосно нови нивоа на креативност, продуктивност и можности – започнувајќи со најважниот уред во вашиот живот. Вашиот мобилен телефон.
Легендарно, баш така.
БОИ
Реалистични нијансиНизата бои инспирирани од природата ќе те инспирираат да останеш свој.8 Со природните бои, секој тон е елегантен и возвишен, а сепак нежен и скромен.7
Два телефони Galaxy S23 Ultra во зелена боја. Едниот е исправен, а другиот ја покажува задната страна. Другиот телефон е покажан од страна за да го прикаже лебдечкиот дизајн на камерата.
МАТЕРИЈАЛИ
Дизајнирани со грижа за планетата- 01 РЕЦИКЛИРАНО СТАКЛО
- 02 РЕЦИКЛИРАНА PET ФОЛИЈА
- 03 РЕЦИКЛИРАНО СТАКЛО
- 04 РЕЦИКЛИРАНА ПЛАСТИКА ШТО ЗАВРШУВА ВО ОКЕАНИТЕ ВНАТРЕШНА ЗАШТИТА ЗА S PEN ПЕНКАЛОТО
Употребата на еколошки материјали ги прави овие телефони нашите најеколошки телефони досега.5,6 Рециклираното стакло и PET фолијата ја нагласуваат надворешноста на телефонот, а во кутијата направена од рециклирана хартија се чувствува љубовта кон планетата уште од првиот момент.9
ИЗДРЖЛИВОСТ
Создаден да биде цврст-
01 Corning® Gorilla® Glass Victus® 2
-
02 Рамка од Armor Aluminum
Запознајте се со цврстиот дизајн создаден имајќи ја предвид издржливоста. Galaxy S23 Ultra е цврст со Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 на предното и задното стакло и ги користи придобивките на рамката создадена од најиздржливиот Armor Aluminum што некогаш бил користен на паметен телефон Samsung Galaxy. А оцената IP68 значи дека може да продолжите да го користите телефонот во прав и вода на кои е отпорен.
- *Задното стакло не вклучува стакло за камерата. Рамката не вклучува копчиња за јачина на звук и странични копчиња или фиока за SIM.
- *Galaxy S23, S23+ и S23 Ultra се оценети со IP68. Според лабораториски услови за тестирање со потопување во слатка вода до 1,5 метри во траење до 30 минути. Не се препорачува користење на плажа или во базен. Отпорноста на вода и на прав на уредот не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормално користење.
-
01 Corning® Gorilla® Glass Victus® 2
-
02 Рамка од Armor Aluminum
S PEN ПЕНКАЛО
Препознатливиот додаток на Note e вграденS Pen пенкалото го продолжува она што започна со Note. Покрај тоа, ти помага да не зависиш повеќе од бележници, така што ти го олеснува скицирањето и фаќањето белешки, и тоа на еколошки начин.
S Pen пенкалото го продолжува она што започна со Note. Покрај тоа, ти помага да не зависиш повеќе од бележници, така што ти го олеснува скицирањето и фаќањето белешки, и тоа на еколошки начин.
-
01 ПОВЕЌЕ НАЧИНИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ
Изразете се со врвна прецизност. Цртајте директно на фотографиите и уживајте во дополнителната контрола кога допирате. Брзо запишувајте ги пораките дури и кога сте во движење и гледајте како тие веднаш се претвораат во текстуална порака.
*Не применувајте прекумерен притисок врз екранот со S Pen, бидејќи тоа може да предизвика оштетување на екранот.
*Сликата е за илустративни цели. Вистинскиот кориснички интерфејс ќе се разликува.
-
02 НАПРАВЕТЕ ПОВЕЌЕ СО СЕКОЕ ДВИЖЕЊЕ НА ПЕНКАЛОТО
Секое пенкало може да пишува зборови, но S Pen ви помага да ги снимите. Истакнете информации за настан од постер или видео, а потоа едноставно допрете за да го зачувате датумот директно во вашиот календар.15
*Сликата е за илустративни цели. Вистинскиот кориснички интерфејс ќе се разликува.
Ги додадовме најголемиот сензор на Galaxy, пиксели што ја апсорбираат светлината и технологија за стабилизација на видеа во една професионална камера, што пак, резултираше со логичното прашање: „Ќе ми ја пратиш ли фотката?“
-
12 MP
Селфи камера
-
12 MP
Ултраширока камера
-
200 MP
Широкоаголна камера
-
10 MP
Телефото камера 1 со 10x оптички зум
-
10 MP
Телефото камера 2 со 3x оптички зум
NIGHTOGRAPHY КАМЕРА
Слаба светлина. Камера. АкцијаЗа чисти фотографии и видеа, од утро до мрак. Најнапредниот сензор за камера и најбрзиот процесор на Galaxy се приспособуваат и на слаба светлина и го намалуваат шумот. Дури и објективите на камерата ја избиструваат сликата така што го намалуваат отсјајот.
-
01 НОЌЕН ПОРТРЕТ
Длабочината и димензиите се најсилните страни на професионалната камера. Замати ја малку заднината за да ги истакнеш пријателите во фокусот и истакни ги деталите на DSLR ниво.
-
02 НОЌНО ВИДЕО
Сруши го рекордот на чисти, беспрекорни сцени богати со детали, дури и на слаба светлина. Ова е најстабилното видео на Galaxy на слаба светлина со супериорен OIS и технологија за намалување на шумот што прави снимки како со филмска камера.
Сруши го рекордот на чисти, беспрекорни сцени богати со детали, дури и на слаба светлина. Ова е најстабилното видео на Galaxy на слаба светлина со супериорен OIS и технологија за намалување на шумот што прави снимки како со филмска камера.
-
03 ASTRO HYPERLAPSE
Претвори ја ѕвездената ноќ во ремек-дело. Вклучи ја опцијата Hyperlapse за да ги снимиш ѕвездените ноќи јасно и чисто, па забрзај ги за да прикажеш минути снимање во неколку неверојатни секунди.
Претвори ја ѕвездената ноќ во ремек-дело. Вклучи ја опцијата Hyperlapse за да ги снимиш ѕвездените ноќи јасно и чисто, па забрзај ги за да прикажеш минути снимање во неколку неверојатни секунди.
ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА
200 MP. Резолуција вредна за воздишкиРечиси двојно ја зголемивме резолуцијата на широкоаголната камера за да овозможи чистота каква што досега не е видена на Galaxy.10 Зумирај и исечи за да добиеш сосема нова слика без да сликаш — или остави ја како што е со сите неверојатни детали, од еден крај до друг.
Зад камерите на секоја снимка се наоѓа нов адаптивен пиксел сензор за галерија од живи, чисти фотографии од 200 мегапиксели, на секаква светлина.
EXPERT RAW
Чиста моќ, од снимање до монтирањеПрефрлете се во Expert RAW за повеќе детали.11 Снимајте во 50 MP за детални, динамични кадри или проширете го вашиот репертоар со астрофотографија, повеќекратни експозиции и други функции за експозиција.
-
01 АСТРОФОТОГРАФИЈА
Долови уште повеќе детали, дури и во темница. Рачно постави ја експозицијата или остави ја камерата да избере, па насочи ја кон небото за да снимаш планети и соѕвездија, чисто и јасно.
-
02 ПОВЕЌЕКРАТНИ ЕКСПОЗИЦИИ
Финесата е во деталите. Долови и до девет кадри одеднаш, па спој ги за да добиеш ремек-дело со повеќе експозиции. Или направи го тоа рачно за да имаш време помеѓу секое снимање да прегледаш како ќе се вклопи секој слој.
Добијте инспирација од Gallery на серијата Galaxy S23. Снимајте легендарни моменти од селфи до ѕвездено ноќно небо.
Максимизирај го слободното време со најмоќниот чип досега на паметните телефони Galaxy. Подобрените функции, целокупно, значи дека сè, од гејминг до стриминг, е оптимизирано и непречено — без да се троши батеријата.
*Wreckfest ©2022 THQ Nordic AB, Sweden. Wreckfest е регистрирана трговска марка на THQ Nordic AB, Sweden. Сите права се задржани. Сите други трговски марки, логоа и авторски права се сопственост на нивните сооодветни сопственици. Достапно за купување на Samsung Galaxy Store и други продавници за апликации во одредени земји. Не е соодветно за лица помлади од 3 години.
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
Најбрзиот Snapdragon во светот12
Snapdragon® 8 Gen 2 Mobile Platform for Galaxy
*Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies Inc. и/или нејзините подружници.
*Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на Qualcomm Incorporated.
БАТЕРИЈА
Време е за борби со главнитеЗапознај ја долготрајната батерија што ќе ти биде сојузник во победите. Интелигентната батерија од 5000 mAh (типична) заштедува енергија за кога ќе бидеш во движење, да можеш да играш и да стримаш и во текот на ноќта.13
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
Како да го користите Wireless PowerShare
ЕКРАН
На повидок е посветла иднинаDynamic AMOLED 2X прикажува чисти и живописни детали на екранот, без разлика дали светлото е придушено или заслепувачко.14 А технологијата од 120 Hz интелигентно ја оптимизира стапката на освежување за секоја акција да биде непречена и да заштеди батерија.
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
ПРИВАТНОСТ
Вашата Приватност. Обезбедена.KNOX VAULT
Чувајте ги чувствителните информации во сеф во друг сеф.Со Knox Vault, вашите приватни податоци се обезбедени и заштитени. Лозинките, биометриката и другите информации важни за безбедноста се заштитени со безбеден хардвер изолирани од останатите. Не правете компромиси и преземете одговорност во овој свет управуван од податоци со вградената заштита на Galaxy.
*Сликите се симулирани за илустрација. Вистинското корисничко искуство/кориснички интерфејс може да се разликува.
КОНТРОЛНА ТАБЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ПРИВАТНОСТ
Проверете ја вашата дигитална приватност на едно место.Извршете сеопфатно скенирање на поставките за приватност на вашиот телефон. Дури и изберете кои апликации имаат дозвола за користење на што и кога.
*Сликите се симулирани за илустрација. Вистинското корисничко искуство/кориснички интерфејс може да се разликува.
SMART SWITCH
Го олеснивме чувањето податоциСо едноставно префрлување преку Wi-Fi или брзо најавување на твојата сметка на Samsung, сè е подготвено. Во дури помалку чекори, пренеси ги сите апликации, фотографии, пораки и многу повеќе од кој било оперативен систем на новиот телефон.16,17
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
ONE UI
Твој Galaxy, баш како што сакашСега е полесно од кога било да го организираш телефонот баш како што сакаш. Со One UI добиваш целосно приспособување, може да го избереш речиси секој детаљ, од екраните за заклучување и темите, до помошните апликации и известувањата.
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
SAMSUNG HEALTH
Здравје на твој начинЗапочни го остварувањето на твоите лични здравствени цели со Galaxy Watch5 и телефонот.23 Следи го спиењето, вежбањето, составот на телото и многу повеќе во Samsung Health за да ја пронајдеш својата најдобра верзија.
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
*Функцијата за GPS рута е достапна само на Galaxy Watch5 Pro.
*Потребно е да се увезе датотека за рута во формат GPX за планинарење или возење велосипед и рутата да се постави како цел во поставките за Samsung Health.
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
Токму тоа што ти требаЧесто поставувани прашања
-
Galaxy S23 Ultra ја нуди највисоката резолуција досега на паметен телефон Galaxy, од 200 MP, споредено со 108 MP на S22 Ultra. Со истата батерија од 5000 mAh (типична) како S22 Ultra, Galaxy S23 Ultra овозможува до отприлика 26 часа репродукција на видео и поефикасни перформанси, благодарение на подобрената моќ за процесирање.13,24
СПОРЕДИ УРЕДИ -
Galaxy S23 Ultra доаѓа во зелена, фантомска црна, лаванда и крем.8
ПРОДОЛЖИ НА БОИ -
Galaxy S23 Ultra e опремен со 5 камери: селфи камера од 12 MP, ултраширока камера од 12 MP, широкоаголна камера од 200 MP, телефото камера од 10 MP со 10х оптички зум и втора телефото камера од 10 MP со 3х оптички зум. Селфи фотографиите направени на слаба светлина се подобруваат со вештачка интелигенција за почисти детали и попрецизни бои. Мапирањето на длабочината овозможува побрзо фокусирање за селфи фотографии. А портрет фотографиите што се снимаат ноќе имаат јасна дефиниција благодарение на анализата на длабочината што се врши со помош на вештачка интелигенција.
ПРОДОЛЖИ НА КАМЕРА -
Со Galaxy S23 Ultra, може да снимаш неверојатни астрофотографии без посебна опрема. Едноставно допри на иконата со соѕвездие во горниот десен агол на Expert RAW, насочи ја камерата кон небото и снимај со најмногу 10 минутна експозиција. Потоа, сегментацијата со помош на вештачка интелигенција ја подобрува јасноста на месечината и ѕвездите.11
ПРОДОЛЖИ НА EXPERT RAW -
Покрај Super Smooth екранот со освежување од 120 Hz, Galaxy S23 Ultra е опремен и со долготрајна батерија од 5.000 mAh (типична) и Snapdragon® 8 Gen 2 мобилна платформа за Galaxy што го минимизира времето на вчитување и потрошувачката на енергија.12,13,25
ПРОДОЛЖИ НА ПЕРФОРМАНСИ -
Galaxy S23 Ultra има широк екран од 6,8 инчи за сè, од реалистичен гејминг до уредување фотографии и фаќање белешки.26
ПРОДОЛЖИ НА ЕКРАН -
Galaxy S23 Ultra доаѓа со вградено S Pen пенкало што сега поддржува повеќе апликации од кога било пред тоа.
ПРОДОЛЖИ НА S PEN ПЕНКАЛО -
Galaxy S23 Ultra е достапен со 3 опции за капацитет на меморијата: 256 GB, 512 GB и 1 TB.27
СПОРЕДИ УРЕДИ
- Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустративни цели. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е врска со интернет. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции може да не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата се разликува во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Live Translate бара мрежна врска и најава на Samsung Account. Live Translate е достапна само на однапред инсталираната апликација Samsung Phone. Одредени јазици може да бараат преземање на јазични пакети. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За Преведувач е потребна најава на Samsung Account. Одредени јазици може да бараат преземање на јазични пакети. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста на и поддржаните карактеристики може да се разликуваат во зависност од државата, регионот и операторот. Достапноста на поддржаните јазици може да се разликува.
- Generative Edit бара мрежна врска и најава на Samsung Account. Уредувањето со Generative Edit резултира со промена на големината на фотографијата до 12 MP. Видлив воден печат е преклопен на излезната слика по зачувувањето со цел да се покаже дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот излез не се загарантирани.
- Внатрешната заштита на S Pen пенкалото што се наоѓа во отворот за пенкалото содржи најмалку 20 % полиамид (РА) што завршува во океаните. Предното и задното стакло содржат просечно 22 % рециклирани материјали. Задната украсна фолија содржи најмалку 80 % рециклирани материјали. Горенаведените мерења се засновани врз тежина.
- Стаклената PET фолија, рециклираното стакло и пластиката што завршува во океаните добиле потврда за точност на изјавите во врска со животната средина (ECV).
- Боите за анодизација на металните рамки се направени од 10 % природна боја.
- Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
- Хартиеното пакување е направено од 100 % рециклирана хартија, не вклучувајќи ја етикетата на заптивката и термопластичниот винил. Заштитната хартија за прозорец е направена од 100 % рециклирана хартија. Мерењата се засновани врз тежина.
- Споредено со Galaxy S22 Ultra.
- Expert RAW мора да се преземе одделно од Galaxy Store, бесплатно, пред употреба. Поддржано на уреди од сериите S23, S22, S21 Ultra, S20 Ultra, Note20 Ultra, Z Fold4, Z Fold3 и Z Fold2.
- Од 1 февруари 2023 година, врз основа на спецификациите и индустриските одредници спроведени од Qualcomm Technologies, Inc.
- Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 3785 mAh за Galaxy S23, 4565 mAh за Galaxy S23+ и 4855 mAh за Galaxy S23 Ultra. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
- Екранот на Galaxy S23 Ultra може да достигне максимална осветленост од 1750 нити.
- Достапноста на карактеристиките и апликацијата може да се разликува во зависност од регионот.
- Quick Setup е поддржана само на модели од серијата Galaxy S23 кои работат на One UI 5.1 или понова верзија и на Android M или понова верзија.
- За жичен пренос е потребно барем Android™ 4.3, iOS 5 или постари верзии. Android OS мора да користи опции за безжичен пренос. Ако не располагате со потребниот USB кабел/конектор за жичен пренос на Galaxy, може да ги користите и опциите за безжичен пренос. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на новиот Galaxy телефон или преземи ја апликацијата Smart Switch од Galaxy Store. Податоците и содржината достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од оперативниот систем. Од податоците на уредот Galaxy е направена резервна копија и е обновена во меморијата на уредот. Користете резервна копија за PC преку SmartSwitchPC или преку функцијата за резервна копија на SD картичка на SmartSwitchMobile.
- Функцијата Повеќекратна контрола е достапна само на избрани паметни телефони Galaxy со One UI 5.1 или понова верзија, уреди Galaxy Tab со One UI 4.1 или понова верзија и уреди Galaxy Book пуштени во употреба во 2021 година или подоцна или со Samsung Settings верзија 1.5 (Intel) или со Samsung Settings верзија 3.3 (ARM).
- Достапноста на одредени функции може да се разликува во зависност од моделот на уредот.
- Некои дејства на функцијата Повеќекратна контрола може да се недостапни кај одредени апликации.
- Потребна е лозинка за Samsung account. Потребна е врска со Wi-Fi и Bluetooth.
- Достапноста на Samsung Wallet може да се разликува во зависност од земјата или моделот на уредот. Поддржаните артикли може да се разликуваат во зависност од земјата.
- Наменето само за следење на општа добросостојба и физички активности. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било медицинска состојба или болест. Kорисничкиот интерфејс/корисничкото искуство може да се разликува во зависност од верзијата на софтверот, моделот, регионот и други фактори. Функцијата за GPS рута е достапна само на Galaxy Watch5 Pro.
- Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот). Реалното време на репродукција на видеозаписот се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на видеозаписот, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
- Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на Qualcomm Incorporated.
- Големината на екранот на Galaxy S23 Ultra е 6,8 инчи како цел правоаголник; просторот за гледање е помал поради заоблените агли и дупката за камера.
- Опциите за складирање и достапноста може да се разликуваат во зависност од земјата или регионот. Фактичката достапност на просторот за складирање може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер.