Galaxy AI пристигна
Добре дојде во ерата на мобилната AI. Со Galaxy S24 | S24+ во раце, може да откриеш сосема нови нивоа на креативност, продуктивност и можности — почнувајќи со најважниот уред во твојот живот. Твојот паметен телефон.
Прифати ја секоја облина
Лесен фат. Пријатен за држење. Со својот унифициран дизајн и сатенски финиш, Galaxy S24 и S24+ се мазни исто толку колку што изгледаат.
Бои инспирирани од минерали9
Два уреди од серијата Galaxy S24 во кобалт виолетова боја. Едниот е исправен и ја покажува задната страна. Другиот телефон е покажан од страна за да ги покаже рабовите на рамката.
Зајакнати со Armor Aluminum
Дознај ја нашата приказна инспириранa од минерали
Galaxy AI
Моќта на деталите со ProVisual engine
50 MP. Мега мегапиксели
Невидено моќни мегапиксели што нема да разочараат. Никогаш. Сликај фотки со висока резолуција што без сомнеж ќе го издржат тестот на времето во годините што следат.
Дознај ги деталите за камерата
Без разлика дали правиш слатко селфи, снимаш слики под широк агол или зумираш, овие камери ќе ти помогнат во мисијата да направиш совршена фотографија.11
Цели кон далечината. Дури и во мрак
Промени ја големината, ретуширај ја. Едноставно така
Откриј ја магијата на уредувањето фотографии со помош на AI.4 Сега со леснотија ќе ги усовршиш фотографиите и секоја од нив ќе биде посебна. Но, тоа не е сѐ, дури и ако не успеа да сликаш како што сакаше, опцијата Генеративно уредување може да ја пополни заднината и да направи несаканите предмети едноставно да исчезнат.
Ротирај ја фотографијата и остави пополнувањето на заднината да ги комплетира аглите што недостасуваат во кадарот.4
Избери и помести предмет од фотографијата и AI ќе го пополни празниот простор што ќе остане, како тој никогаш да не ни бил на сликата.4
Допрете и задржете за забавено снимање
Super HDR прегледи. Подобрено со AI уште пред да сликнеш
Со нашата најнова надградба Super HDR, може да снимаш живописни фотки баш така како што ги гледаш, од прегледот до објавувањето.16 Функционира дури и кога снимаш преку Instagram.17
Види Super HDR преглед и пред да кликнеш на блендата. Зачувај ја во галеријата или постави ја на ѕидот со објави — и вака и така ќе го имаш истиот неверојатен HDR квалитет.
Заокружи, пронајди. Едноставно така
Пребарувај како никогаш досега со опцијата Заокружете за пребарување.1 Следи одреден предмет за да добиеш резултати со пребарување на Google. Тоа е нов визуелен начин да го најдеш тоа што го бараш.
AI може да ги резимира твоите гласовни снимки
Што велиш за тоа да имаш личен асистент? Сними си го гласот и AI ќе го запише — ќе го претвори во текст, па интелигентно ќе го резимира.3 Дури и преведува.
Што треба задолжително да ти биде при рака?
Испланирај си го секојдневието со помошни програми на заклучениот екран и опцијата Always on Display. Од важни потсетници до квалитетот на воздухот во местото каде што живееш, добивај информации само со еден поглед.19
Избери го вистинскиот тон за твоите пораки со Помош за разговор
Додај нов начин на изразување со пораки со помош на Помош за разговор.20 Функционира и на е-пошта и на друштвени мрежи за допишувањето да биде брзо и лесно!
Зајакната комора за пареа.6 Играта може да почне
Нашиот најсветол адаптивен мобилен екран под сонцето
Однеси ја играта на повисоко ниво со овие два огромни екрани. Благодарение на зголемените екрани и ултратенките рамки, 6,2-инчниот FHD+ екран на Galaxy S24 и 6,7-инчниот QHD+ екран на Galaxy S24+ нудат поголем екран од кога било порано, овозможувајќи го најреалистичното и најживописно гледање.7,22 Освен тоа, може да уживаш во оптимални бои и контраст со Vision Booster и на двата екрани.
Зошто да преминам од iOS на Galaxy?
Префрли се на Galaxy
Префрли се на Galaxy, лесно е. Подигни го твоето искуство со функции ексклузивни за корисниците на Galaxy.
Со леснотија префрли се од iOS
Чувајте ги вашите фотографии, видеа, контакти, календари и апликации со Smart Switch – дури и ако се префрлите од iOS.25,26,27
Заборави на границите помеѓу уредите
Премини на Galaxy за да откриеш непречени начини да работиш, да играш и да го одржуваш здравјето со помош на твоите уреди.28
Споделувај датотеки за миг
Со леснотија испраќај фотографии, видеа и разни датотеки до корисници што не се дел од екосистемот на Galaxy преку Quick Share.29 Досега беше достапна исклучиво на уреди Galaxy, а сега веќе работи и со други уреди Android.30
Try Galaxy на вашиот телефон
Го искусивте ли веќе најновиот Galaxy уред? Како ви звучи да го пробате сега? На вашиот телефон! Започнете го искуството со ова преземање.
Го искусивте ли веќе најновиот Galaxy уред? Како ви звучи да го пробате сега? На вашиот телефон! Само скенирајте го овој QR code и преземете за да започнете.
Твојата приватност. Обезбедена.
Приватноста на корисниците продолжува да биде наш приоритет во ерата на вештачката интелигенција. Со лансирањето на Galaxy AI на серијата Galaxy S24, можете да бидете сигурни дека нема да ги складираме или користиме вашите лични податоци за каква било цел без ваша согласност.
Промените започнуваат со мали чекори
Чекор по чекор, се движиме кон одржлива иднина. Веруваме во градење одржливост со мали промени што можат да направат голема разлика. Кога правиме добро се чувствуваме добро.
До 512 GB меморија
Зачувај сѐ со опциите од 256 GB и 512 GB. Или, пак, избери 128 GB на Galaxy S24.34
Дополнителна опрема створена за новата ера35
Често поставувани прашања
Испробај го
- Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустрација. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребно е поврзување на интернет. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат својот Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од апликацијата или од поставките на уредот. Некои функции може да не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата се разликува во зависност од земјата и од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За опцијата Превод во живо е потребно поврзување на мрежа и најава на корисничка сметка на Samsung. Превод во живо е достапна само на инсталираната апликација Samsung Phone. За одредени јазици може да биде потребно групно преземање. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Преведувачот бара најавување на сметката Samsung. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста и поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земја, регион или оператор. Достапноста на поддржаните јазици може да варира.
- За опцијата Transcript Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на корисничка сметка на Samsung. Transcript Assist е достапна само на инсталираната апликација Samsung Voice Recorder или со датотеки снимени со инсталираната апликација Samsung Phone. Функцијата за гласовно снимање на инсталирана апликација Samsung Phone може да не е поддржана во некои земји. Аудио датотеките мора да траат помалку од 3 часа за да може да се процесираат. Функцијата за резимирање во Transcript Assist може да се активира кога ќе се исполни условот за одреден број јазични знаци. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За опцијата Generative Edit е потребно поврзување на мрежа и најава на корисничка сметка на Samsung. Уредувањето со Generative Edit резултира со фотографија со променета големина до 12 MP. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
- Galaxy S24+ спореден со Galaxy S24.
- Споредено со Galaxy S23 и S23+.
- Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S24 е 6,2 инчи како цел правоаголник и 6 инчи кога се сметаат заоблените агли, додека големината на екранот на Galaxy S24+ е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,5 инчи кога се сметаат заоблените агли; просторот за гледање е помал поради заоблените агли и дупката за камера.
- Типична вредност тестирана во лабораториски услов на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 3880 mAh за Galaxy S24, 4755 mAh за Galaxy S24+ и 4855 mAh за Galaxy S24 Ultra. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
- Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
- Рамката не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња или отворот за SIM-картичка.
- Зумирање со оптички квалитет е овозможено од сензорот Adaptive Pixel.
- Зумот од 2x мора да биде овозможен во поставките на апликацијата Camera Assistant. Camera Assistant може да се преземе од Galaxy Store.
- Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање и/или кои вклучуваат повеќе предмети, предмети кои се надвор од фокус или предмети кои се движат.
- 30X Space Zoom вклучува 3x оптички зум и 30x дигитален зум со технологија Super Resolution. Растојанијата за зумирање поголеми од 3х може да предизвикаат влошување на квалитетот на сликата.
- AI Zoom се применува на растојанија меѓу должини на дигитален зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Некои апликации за друштвени мрежи нe поддржуваат Super HDR. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- HDR-квалитетот е поддржан на фотографии поставени како објави на Instagram и на видеа објавени како reels.
- Функцијата Sketch to Image бара мрежна врска и најавување на Samsung Account. Уредувањето со Sketch to Image може да резултира со променета големина на фотографијата до 12MP. Видлив воден печат е преклопен на резултатот од сликата по зачувувањето со цел да се покаже дека сликата е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и сигурноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
- Функцијата Live Effect за Photo Assist поддржува датотеки JPG, HEIC (HEIF), BMP, PNG и WebP. Можеби не е достапно на одредени фотографии. Точноста и сигурноста на генерираниот резултат не се гарантирани.
- За опцијата за преведување во Chat Assist може да биде потребно најава на корисничка сметка на Samsung. Некои апликации за допишување може да не ја поддржуваат оваа функција. За одредени јазици може да биде потребно групно преземање. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Оваа функција се активира кога ќе се детектира јазик што може да се преведува. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За некои функционални помошни програми може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на корисничка сметка на Samsung. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата.
- За функцијата за предлагање тон на обраќање во Chat Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на корисничка сметка на Samsung. Мора да бидат исполнети условите за должина на текст за да се активира функцијата. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- ©2024 Gameloft. Сите права се задржани. Gameloft, логото на Gameloft и Asphalt се трговски марки на Gameloft во САД и/или во други земји. Сите производители, автомобили, називи, брендови и поврзани слики се трговски марки и/или материјали заштитени со авторски права на нивните сопственици.
- Екранот може да постигне највисоко ниво на светлина до 2600 нити, подобрувајќи го контрастот меѓу темните и светлите аспекти на дигиталната содржина за побрилијантен квалитет на слика со сооднос на контраст 5.000.000:1, за пореалистично искуство на мобилниот телефон.
- Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД и во ОК во периодот 25.11.2023–15.12.2023 со претпродажни верзии на SM-S921, SM-S926 и SM-S928 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа.
- Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видео (резолуција на видео од 720 p, зачуванo на уредот) и репродукција на аудиозапис (датотека mp3, 192 kbps, зачувана на уредот со исклучен LCD екран), соодветно. Реалното време на репродукција на аудио и видео се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
- За жичени преноси од Android™ уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има Android 4.3™ или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 4.0 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците и содржината достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување.
- За жичени преноси од iOS уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземи ја Smart Switch за iOS од App Store на твојот iPhone или iPad. Податоците и содржината достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување.
- Се препорачува да се користи жично поврзување кога се пренесуваат разни групи податоци во исто време.
- Galaxy Buds2 Pro, Galaxy Watch6 и Galaxy Tab S9 се продаваат одделно.
- Достапно на уреди со Android OS 10 (Q OS) или понова верзија и One UI 2.1 или понова верзија. Во поддржани персонални компјутери спаѓаат Samsung Notebooks и Galaxy Books вклучувајќи компјутери со Qualcomm пуштени во продажба во 2020 година или подоцна и Windows компјутери од други производители што работат на верзија Windows 10 2004 или понова што имаат Intel верзија 22.50.02 Bluetooth drivers или понова и Intel верзија 22.50.07 Wi-Fi drivers или понова.
- Galaxy Tab S9 се продава одделно.
- Кога се споделуваат датотеки со помош на QR-кодови и контакти, одеднаш може да се префрлат до 1000 датотеки. Поединечните датотеки мора да бидат помали од 3 GB, а на ден може да се пренесуваат податоци до вкупно 5 GB. Врските истекуваат по два дена. За уредот на испраќачот е потребна корисничка сметка на Samsung, a поврзување на интернет е потребно и за уредот на испраќачот и за уредот на примачот.
- Knox Matrix е поддржана на паметни телефони и таблети Galaxy со One UI 6.0 или понова верзија. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Важат условите за употреба. Достапноста може да се разликува во зависност од операторот, земјата или регионот. Провери дали уредот е соодветен за откуп на страницата за Откуп.
- Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од операторот, земјата или регионот. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.
- Сета дополнителна опрема се продава одделно.
- Galaxy S24, S24+ и S24 Ultra се оценети како IP68. Базирано на лабораториски услови за тестирање со потопување во слатка вода до 1,5 метри во траење до 30 минути. Не се препорачува користење на плажа или во базен. Отпорноста на вода и на прав на уредот не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормалното користење.
- Инстант забавеното снимање е достапно само на претходно инсталираниот Samsung Video Player и Samsung Gallery. Достапноста на услугата може да се разликува според спецификацијата на видеото.
- Функцијата за преведување во Chat Assist бара мрежна врска, најавување на Samsung Account и преземање јазичен пакет од Galaxy store. Мора да ги исполнува барањата за должина за да се активира функцијата. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, регионот или јазикот. Некои апликации за разговор може да не ја поддржуваат оваа функција. Точноста на резултатите не е загарантирана.