Како да инсталирате ладилник Samsung со две врати
Важно е да го поставите ладилникот на правилно место заради негова ефикасност. Исто така, понекогаш ќе треба да ја откачите вратата или да ја смените насоката за отворање заради преместување, поправка или за нешто друго. Следете ги упатствата од видеото за монтажа на ладилникот со две врати од Samsung во продолжение. Ако ви требаат повеќе информации, ве молиме прочитајте во прирачникот за корисникот или обратете се во сервисниот центар на Samsung.
Забелешка:
- Дизајнот на ладилникот во ова видео може да се разликува од типот и моделот што го имате.
- Прочитајте ги детално сите важни упатства за предупредување и безбедност во прирачникот.
- Внимавајте да не се повредите при постапката.
- Каде што е можно и дозволено според законот, треба да се изврши тест за електрична безбедност пред вклучување.
Правилно место за монтирање
1. Цврста и рамна површина без тепих
2. Добро проветрено место
3. Соодветно место со можност за отворање и затворање на вратите
Погрешно место за инсталирање
1. Влажно место
2. Близу извор на топлина
3. Место на директна сончева светлина
Забелешка: препорачаната собна температура е меѓу 5°C и 43°C.
Оставање доволно простор
1. Оставете најмалку 10 cm простор од двете страни (лево и десно) на ладилникот што треба да се монтира.
2. Оставете најмалку 5 cm слободен простор над врвот од ладилникот што треба да се инсталира.
Забелешка: мерките може да се разликуваат во зависност од начинот на мерење.
3. Потребно е повеќе простор од вистинската големина на ладилникот за функционирање на вратите.
4. Проверете ги големината, типот и моделот на ладилникот.
5. Оставете најмалку 5 cm слободен простор од ѕидот до задната страна на ладилникот.
Забелешка: мерките може да се разликуваат во зависност од начинот на мерење.
Ако треба да се помести ладилникот на место за монтажа со тесен пристап, следете ги упатствата за „како да ги извадите и да ги склопите вратите на ладилникот“.
Забелешка:
- Од безбедносни причини, за секаква работа при инсталацијата се препорачува да работат двајца или тројца.
- Постои опасност вратите да паднат или да се превртат, па да се оштетат при некој од овие чекори.
- За да спречите несреќни случаи, бидете исклучително внимателни при работењето во овие чекори.
Потребни алати (не се доставени)
1. Крстач филипс
2. Обичен шрафцигер
3. Насаден клуч (10 mm)
4. Инбус (4 mm / 5 mm)
5. Електрична дупчалка
Забелешка: алатите не се доставени со ладилникот.
За да не се оштети подот
1. Од безбедносни причини, за секаква работа при монтажата се препорачува да работат двајца или тројца.
2. За да спречите оштетување на подот, се препорачува да го заштитите пред да почнете со работа. (килим, крпа, кутија и сл.)
Прекинете ја водоводната линија
1. Од долната задна страна на ладилникот, извлечете ја водоводната линија нанапред.
2. За да ги исклучите цревата, притиснете и држете на проѕирната спојка и откачете го цревото за вода.
Забелешка: местото на линијата за вода може да се разликува во зависност од типот на моделот што го имате.
Отшрафете ги капаците на шарките и извадете ги шарките
1. Отшрафете ги капаците на шарките со крстач филипс на горниот дел од левата врата.
2. Извадете ја шарката.
3. Исклучете го електричниот приклучок.
4. Нежно кренете ја стегата.
5. Повлечете ја стегата за да ја извадите шарката.
6. Отворете ја вратата 90 степени.
7. Додека ја држите вратата, извадете ја шарката.
- Постои опасност вратите да паднат или да се превртат, па да се оштетат при некој од овие чекори.
- Од безбедносни причини, за секаква работа при инсталацијата се препорачува да работат двајца или тројца.
8. Нежно подигнете ја левата врата за да ја извадите.
9. Внимавајте кога го истргувате цревото од линијата за вода.
Забелешка: постои опасност вратите да паднат или да се превртат, па да се оштетат при некој од овие чекори.
10. Нежно оставете ја извадената врата на заштитен под.
Забелешка: од безбедносни причини, се препорачува да бидат вклучени двајца или тројца во постапката.
Откачете ја десната врата
1. Отшрафете ги капаците на шарките со крстач филипс на горниот дел од десната врата.
2. Извадете ја шарката.
3. Исклучете го електричниот приклучок.
4. Нежно кренете ја стегата.
5. Повлечете ја стегата за да ја извадите шарката.
6. Отворете ја вратата 90 степени. Додека ја држите вратата, извадете ја шарката и откачете ја вратата.
Забелешка: постои опасност вратите да паднат или да се превртат, па да се оштетат при некој од овие чекори.
7. Нежно оставете ја извадената врата на заштитен под.
Забелешка: од безбедносни причини, се препорачува да бидат вклучени двајца или тројца во постапката.
Откачете ја долната странична врата од десната страна
1. Отшрафете ја централната шарка со насаден клуч.
2. Отшрафете ја централната шарка со помош на соодветен шрафцигер.
3. Извадете ја централната шарка од вратата.
4. Нежно подигнете ја вратата и откачете ја.
5. Нежно оставете ја извадената врата на заштитен под.
Забелешка:
- внимавајте многу да не се повредите при постапката.
- од безбедносни причини, се препорачува да бидат вклучени двајца или тројца во постапката.
Наместете го ладилникот близу местото каде што сакате да го поставите и да го користите. Особено внимавајте да не го изгребете подот или ѕидовите кога ќе го поместувате ладилникот.
Забелешка: од безбедносни причини, се препорачува да бидат вклучени двајца или тројца во постапката.
Склопете ја долната странична врата од десната страна
1. Лизгајте ја шарката од ладилникот во процепот за прицврстување и притиснете ја надолу за да се порамни со отворот во вратата.
2. Ставете ја централната шарка на горниот дел од долната врата.
3. Зашрафете ја централната шарка со помош на насаден клуч.
4. Откако ќе ја поставите шарката на своето место, со соодветен шрафцигер стегнете ја надворешната завртка за заклучување на шарката.
5. Лизгајте ја шарката од ладилникот во процепот за прицврстување и притиснете ја надолу за да се порамни со отворот во вратата.
6. Нежно турнете ја вратата за да се прикачи.
7. Со соодветен шрафцигер зашрафете ги капаците на шарката на горниот дел од десната врата.
8. Турнете ја шарката за да се прикачи.
Забелешка: внимавајте многу да не се повредите при постапката.
9. Поврзете го електричниот приклучок.
10. Покријте ја шарката со соодветен капак за шарка.
Склопете ја левата врата
1. Вметнете ја вратата во долниот отвор на шарката и лизнете ја вратата навнатре.
2. Проверете дали се добро порамнети цревата за довод на вода под вратата со долниот отвор на шарката.
Забелешка: од безбедносни причини, се препорачува да бидат вклучени двајца или тројца во постапката.
3. Склопете ја шарката и затворете ја вратата.
4. Нежно турнете ја стегата за да ја прикачите шарката.
5. Поврзете го електричниот приклучок.
6. Покријте ја шарката со соодветен капак за шарка.
7. Користете соодветен шрафцигер за да го зашрафите капакот на горната шарка.
8. За да ги поврзете цревата, турнете ја проѕирната спојка во истата боја од цревото за вода.
- За да спречите протекување вода, секое црево за вода мора да го вметнете целосно во центарот на проѕирната спојка.
- По поврзување на цревата за вода, турнете ги под орманот и распоредете ги на куката.
Прикачете го разделникот
1. Отворете ја вратата и најдете го доставениот разделник.
2. Отпакувајте го разделникот и прикачете го на задната страна од ладилникот како што е прикажано.
Забелешка: прикачете го разделникот само кај соодветните модели.
Со поместување на ладилникот може да се оштети подот. Се препорачува да употребите килим или кутија на подот за да не се оштети. Се препорачува двајца или тројца да го носат ладилникот држејќи го од двете страни.
Нивелирање
Ставете нивелатор на горниот дел од ладилникот и проверете го нивелирањето. Ако не е порамнето, постапете според следниве чекори.
Приспособете ги висината и растојанието на вратата
1. Отворете ја вратата за да ја приспособите и извадете ги приложените навртки и клуч.
2. Најдете ги двете навртки на предниот долен дел од вратата.
3. Турнете ја стезната навртка надесно за да ја олабавите.
- За да ја подигнете вратата, свртете ја навртката за висина налево.
- За да ја спуштите вратата, свртете ја навртката за висина надесно.
4. Кога ќе завршите, стегнете ја стезната навртка налево.
5. Ставете обичен шрафцигер во нивелаторот на предната ногалка од страната на ладилникот.
6. Свртете го нивелаторот надесно за да кревате или налево за да спуштате.
7. Ставете нивелатор на горниот дел од ладилникот и проверете го нивелирањето уште еднаш.
Приклучете го кабелот за напојување за да го вклучите ладилникот.
Забелешка: каде што е можно и дозволено според законот, треба да се изврши тест за електрична безбедност пред вклучување.
Притиснете го копчето за температура на контролниот панел за проверка на работата. Отворете ги вратите за да проверите дали се осветлува внатрешноста.
Забелешка: за оптимални перформанси на ладилникот, се препорачува да работи ладилникот 1 час на најниска температура пред да ја поставите саканата температура.
Довршете ја монтажата.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window