Како да решите код за грешка 4C или 4E на вашата машина за перење

Кодот за грешка 4C или 4E покажува дека машината за перење открила проблем со доводот на вода. Најчеста причина за оваа грешка е блокираното или превитканото црево за довод на вода. Обидете се со долунаведените чекори за решавање проблеми за да ги решите.

Како да решите код за грешка 4C или 4E на вашата машина за перење Како да решите код за грешка 4C или 4E на вашата машина за перење

Кодот за грешка 4C или 4E покажува дека машината за перење не се полни со вода доволно брзо

Забелешка: сите копчиња ќе бидат оневозможени 3 минути откако ќе се појави информативниот код

Ова најверојатно е предизвикано од нискиот притисок на водата или брзината на проток на доводот на вода до машината

Обидете се со следново за да го решите

 

1 – Проверете го цревото за вода

  • Исклучете ја машината за перење од струја
  • Поместете ја машината напред за да пристапите до цревото
  • Проверете дали нема свиткувања, оштетувања или какви било пречки на цревото

 

2 – Проверете го доводот на вода

  • Проверете дали славината за довод на вода е целосно отворена

 

3 – Исчистете го мрежестиот филтер за цревото за вода

Забелешка: важно е да се чисти мрежестиот филтер за цревото за вода најмалку двапати годишно за да се спречи блокирање  

  • Исклучете го доводот на вода
  • Исклучете го доводното црево од доводот на вода
  • Исклучете ја L-формата од машината за перење
  • Нежно извлечете ги мрежестите филтри, вклучувајќи го и електромагнетниот вентил за довод на вода на машината за перење
  • Исплакнете ги мрежестите филтри под млаз вода додека не се исчистат
  • Повторно ставете ги мрежестите филтри
  • Приклучете ги цревата повторно, прво со машината за перење, а потоа со доводот на вода
  • Проверете дали приклучоците се водонепропустливи
  • Вклучете го доводот на вода

 

4 – Исчистете ја фиоката на диспензерот

  • Повремено, може да се појави код за грешка 4C или 4E ако има блокирање во фиоката на диспензерот
  • Извадете ја фиоката
  • Проверете дали има какви било пречки
  • Изчистете ако е потребно
  • Вратете ја фиоката

 

Ако кодовите за грешка 4C / 4E постојат, ве молиме контактирајте со поддршката на Samsung 

 

SAMSUNG

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window