Како да користите различни режими на работа на машината за перење

Иновациите како што се машините за перење ecobubble™ и QuickDrive™ можат напорно да работат за да ја отстранат нечистотијата од облеката, за кратко време и со помала потрошувачка на енергија. Тоа значи и дека ќе потрошите помалку време на перење алишта и дека ќе имате повеќе време да уживате во работите што ги сакате.

Пронајдете ја совршената програма за перење што одговара на вашата облека

Важно е да изберете соодветна програма за перење алишта, за алиштата добро да се исперат. Табелата подолу ги прикажува основните режими за перење на машината за перење Samsung. Правилната употреба на овие програми ќе ви помогне да ги исушите алиштата многу побрзо и полесно.


Keresse meg a ruháidnak leginkább megfelelő mosási programot

15' QUICK WASH

(БРЗО ПЕРЕЊЕ)

За лесно извалкана облека со тежина помала од 2 кг што сакате брзо да ја исперете.

 (Употребете помалку од 20 гр. детергент. Ако користите повеќе од 20 гр. детергент, остатоците од детергентот може да останат на облеката. За течен детергент, употребете најмногу 20 мл. течен детергент.)

DAILY WASH (СЕКОЈДНЕВНО ПЕРЕЊЕ)

Користете го за секојдневни работи, како што се долна облека и маици.

SUPER ECO WASH

(СУПЕР ЕКО ПЕРЕЊЕ)

Оваа програма ги пере алиштата на ниски температури и ви овозможува да добиете најдобри резултати од перењето со мала потрошувачка на енергија.

SUPER SPEED

(СУПЕР БРЗО)

Ниската температура на програмата ecobubble помага да се намали потрошувачката на енергија.

DARK GARMENT

(ТЕМНА ОБЛЕКА)

Програмата вклучува дополнителни плакнења и намалено вртење за да се обезбеди нежно перење и темелно плакнење.

AUTO OPTIMAL WASH

(AUTOMATSKO OPTIMALNO PRANJE)

Ја прилагодува количината на детергентот и циклусот според полнењето и нивото на нечистотија.

 (Најдобри резултати добивате ако го користите овој циклус со функцијата за автоматско дозирање.)

BEDDING

(ПОСТЕЛНИНА)

За ќебиња, чаршави, навлаки за јоргани, итн.

 (Перете само еден вид постелнина и внимавајте количината на алишта да тежи помалку од 2 кг за да добиете најдобри резултати.)

COTTON DRY

(ПАМУК, СУВ)

Циклус за општо сушење.

SYTHETICS DRY (СИНТЕТИКА, СУВА)

Циклус за сушење на ниска температура за облека осетлива на топлина.

AIR WASH

(ПЕРЕЊЕ НА ВОЗДУХ)

Оваа програма е корисна за отстранување непријатни мириси. 

59' WASH+DRY

(ПЕРЕЊЕ И СУШЕЊЕ)

Ова служи за брзо перење и сушење мала количина синтетичка облека.

SYNTHETICS (СИНТЕТИКА)

За блузи или кошули од полиестер (диолен, тревира), полиамид (перион, најлон) или слично. 

COTTON

(ПАМУК)

Програма за памук, постелнина, чаршафи за маса, долна облека, крпи или маици.

 (Времето на перење и бројот на плакнења автоматски се прилагодуваат според полнењето.)

OUTDOOR CARE

(НЕГА НА НАДВОРЕШНА ОБЛЕКА)

За надворешна облека, скијачка и спортска облека изработена од функционални материјали како спандекс, стреч и микрофибер.

DELICATES

(ОСЕТЛИВИ АЛИШТА)

За осетливи ткаенини како што се рајон, вискоза и мешани синтетички влакна.

 (За најдобри перформанси, користете течен детергент.)

RINSE+SPIN

(ПЛАВЕЊЕ И ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ)

Вклучува дополнителен процес на плавење по примената на омекнувач.

WOOL

(ВОЛНА)

Специјално за волна што се пере во машина, за тежина помала од 2 кг.

Циклусот за волна се одликува со нежно натопување за да се заштитат волнените влакна од собирање/изобличување. (Се препорачува употреба на неутрален детергент.)

ECO DRUM CLEAN

(ЕКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ)

Го чисти барабанот со отстранување на нечистотијата и бактериите од барабанот. Изведете го еднаш на 40 перења без употреба на детергент или белило.

 (Проверете дали барабанот е празен и не користете средства за чистење на барабанот.)

Забелешка: 

  • Вистинскиот дизајн на контролната плоча може да се разликува во зависност од типот на моделот што го имате.
  • Оваа слика е само пример на англиски јазик, но е достапна на јазикот на вашата земја. 
  • Програма FUZZY:  Автоматски ја избира најдобрата програма за перење. Нивото на вода ќе се избере автоматски, а перењето, плавењето и центрифугирањето ќе следат според избраниот циклус.
  • Програма SOAK:  Изберете ја оваа функција кога сакате да ги перете алиштата со натопување.
  • Програма BLANKET:  Големи алишта како ќебиња и покривки.
  • Брза програма:  Брзо перење на лесни или помалку извалкани алишта.
  • Програма CLEAN TUB:  Оваа функција ќе го одржува вашиот барабан чист и хигиенски. 

Забелешка: 

  • Вистинскиот дизајн на контролната плоча може да се разликува во зависност од вашиот модел.
  • Оваа слика е само пример на англиски јазик, но е достапна на јазикот на вашата земја. 

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window