Сензори за адаптивна светлина на Galaxy Z Flip5
Galaxy Z Flip5 нуди 1.600 nits светлина, што го прави совршено употреблив дури и во светли надворешни средини. Значи, ако Вашиот екран е затемнет, можеби едноставно го држите погрешно.
Во зависност од тоа како го користите Вашиот Galaxy Z Flip5, може ненамерно да покриете еден од сензорите со раката, спречувајќи го правилното функционирање на адаптивната светлина.
Додека го користите Galaxy Z Flip5 во режим на екран со камерите на врвот, фотоотпорникот под панелот може да се покрие со вашата рака, блокирајќи ја функционалноста за адаптивна светлина.
Слично на тоа, додека го користите Galaxy Z Flip5 во режим на екран со камерите на дното, сензорот за треперење за мерење на светлината може да се покрие со вашата рака, блокирајќи ја функционалноста за адаптивна светлина..
За да го избегнете ова, секогаш држете го Galaxy Z Flip5 така што ниту еден фотосензор да не е покриен, за да обезбедите оптимална адаптивна светлина.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window