Проверете ги новите функции на камерата на Galaxy Z Flip
Модерниот нов паметен телефон на склопување Galaxy Z Flip дава досега невидено доживување за најдобри селфи и моменти од секој можен агол со ултрашироките леќи и ноќна хиперлапса.
Фотографирајте и снимајте видеозаписи без раце
Овој преклоплив уред е совршен за фотографирање без раце кога користите преклопен екран или кога ќе биде склопен во режим Flex (слеан). Фотографирајте лесно со Galaxy Z Flip давајќи гласовна наредба или прикажувајќи ја дланката на екранот.
Забелешка: Режимот Flex е поддржан само во одреден опсег на агли.
Како да изберете Начини на снимање
Чекор 1. Отворете го телефонот и одете на аликацијата Camera (Камера).
Чекор 2. Допрете на иконата Settings (Поставувања) што се наоѓа на горната лева страна.
Чекор 3. Допрете на менито Начини на снимање.
Може да го вклучите начинот на фотографирање преку Гoвopнa контрола и Прикажи дланка.
- Допрете го прекинувачот за гласовна контрола за да може да фотографирате изговарајќи зборови како што се „Smile“, „Cheese" или „Capture“. Може и да снимате видео со изговарање на зборовите „Record video“.
- За да активирате препознавање дланка, допрете го прекинувачот за Прикажи дланка. Ќе можете да фотографирате ако ја покажете дланката на екранот. Кога користите преклопен екран, прикажувањето на дланката ќе го активира тајмерот, па ќе го знаете точното време на фотографирање.
Подобрено ноќно фотографирање
Камерата на Galaxy Z Flip е моќна дури и ноќе. Кога ќе функционира како статив заради слеаното преклопување, ноќното фотографирање ви дава нов вид на ноќна фотографија.
Со помош на ноќниот режим, ќе може да фотографирате до најмногу 14 фотографии/5 сек. за да ги вклопите во една светла и јасна фотографија.
За да го овозможите ноќниот режим, отворете ја апликацијата Camera (Камера), допрете на менито MORE (ПОВЕЌЕ) и допрете на иконата за ноќен режим.
Користете ја функцијата Ноќна хиперлапса во камерата за да снимате динамични видеа во ноќни услови.
За да го овозможите ноќниот режим на хиперлапса, отворете ја апликацијата Камера, допрете на менито ПОВЕЌЕ, допрете хиперлапса, па на крај допрете на иконата со moon (месечина).
Забелешка: Кога ќе фотографирате во ноќен режим на хиперлапса, треба да го држите телефонот мирно. Се препорачува да го исправите нагоре и да го поставите на цврста површина.
Фотографирајте и снимајте видеа со широк опсег на размери на екранот
Достапни типови режими за размери на екранот
- 3:4 : само фотографии (поставено како стандардно за фотографии)
- 9:16 : фотографии, видео (поставено како стандардно за видеа)
- 1:1 : фотографии, видео
- 9:22 : фотографии, видео
- 16:9 : само видео
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window