Искусете го режимот ANC на Вашите слушалки Galaxy Buds Pro

Слушалките Galaxy Buds Pro ви овозможуваат повеќе да се фокусирате на вашата музика без надворешен шум, а новата опција за откривање на глас го олеснува и подобро го контролира поништувањето на бучавата.

Пред да ги испробате долу наведените препораките како ваши решенија, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на уредот се ажурирани со најновата верзија. Проверете како да го ажурирате софтверот на вашиот мобилен уред по следниот редослед.

Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.

Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Вклучете го режимот за контрола на бучавата на слушалките Buds Pro

Кај слушалките Galaxy Buds pro постојат два режима за контрола на бучавата: активно поништување на бучавата и режим на амбиентален звук. Режимот за активно поништување на бучавата служи за блокирање на надворешните звуци околу вас и користете го кога сакате да го избегнете одвлекувањето на вниманието, на пример, кога слушате музика.

Спротивно на тоа, режимот на амбиентален звук е за јасно слушање на вашата околина, така што можете брзо да откриете какви било потенцијални опасни ситуации или да го слушате гласот на друго лице за време на разговор. Постојат неколку начини за да се овозможи контрола на бучава.

Метод 1. Користење на функцијата „допри и задржи“

За да овозможите режим на активно поништување на бучава или амбиентален звук, едноставно допрете на една од слушалките и задржете. Ќе слушнете звучен сигнал, што покажува дека режимот за контрола на бучавата е вклучен.

Функцијата „допри и задржи“ на слушалките Galaxy Buds Pro

Секогаш кога ќе ги допрете слушалките и ќе задржите, ги вклучувате режимите за активното поништување на бучавата и за амбиентален звук, еден по друг. Стандардно е поставено режимот за контрола на бучавата да се активира со функцијата „допри и задржи“.

Однапред поставената функција „допри и задржи“ на секоја слушалка, исто така, можете да ја одберете за брзо и едноставно да активирате и други функции.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable, а потоа допрете ја поставката Допри и задржи.

Чекор 2. Одберете ги саканите наредби за секоја слушалка. (Префрлување на контролите на бучавата, Bixby, зголемување и намалување на јачината на звукот, Spotify).

Функцијата „допри и задржи“ во апликацијата Galaxy Wearables

Метода 2. Користење на апликацијата Galaxy Wearable

За да го активирате режимот за контрола на бучавата од Galaxy Wearable, отворете ја апликацијата и потоа допрете Активно поништување на бучава или Амбиентален звук. Ќе го слушнете истиот звучен сигнал кој сигнализира дека функцијата е овозможена.

Кај опцијата Ниво на активно поништување на бучавата изберете Високо или Ниско за да го прилагодите нивото на активно поништување на бучавата, или повлечете ја лентата за прилагодување на јачината на амбиенталниот звук за да ја прилагодите јачината на звукот.

3Функцијата за контрола на бучавата во апликацијата Galaxy Wearables

Метода 3. Користење на виџет-от на Galaxy Buds Pro

Ако на Почетниот екран ги додадете новите виџети на Galaxy Buds Pro ќе можете да го вклучите и исклучите режимот за контрола на бучавата со помош на брзата контрола. Само допрете ја левата икона за брза контрола, а потоа можете да вклучите Активно поништување на бучавата, Амбиентален звук или Исклучено.

Опција за амбиентален звук во виџет-от на Galaxy Buds Pro

Дознајте повеќе за виџет-от Buds Pro на „Како да ги користите новите виџети за Galaxy Buds Pro со Samsung поддршката.

 

Забелешка:

  • Ако микрофонот (надворешниот микрофон додека ги носите слушалките) и просторот околу него се целосно покриени, може да дојде до микрофонија при активирањето на функцијата Активно поништување на бучавата.
  • Режимот за контрола на бучавата можете да го активирате само ако двете слушалки ви се во ушите.

Функција за препознавање на глас која автоматски го препознава вашиот глас

Кога почнувате да зборувате додека слушате музика, вашите слушалки Galaxy Buds Pro автоматски го препознаваат вашиот глас и ја намалува музиката за да можете јасно да ја слушнете другата личност на кое било место. Покрај тоа, ако вашиот глас не е препознаван одреден временски период, автоматски се враќа претходната поставка. (Можете рачно да поставите на 5, 10, 15 секунди.)

  • Откривање на гласот при Активно поништување на бучавата (ANC): исклучено ANC + музика намалена + вклучен амбиент (микрофонот е фокусиран на гласот на соговорникот)
  • Откривање на глас на амбиентален звук: Музиката е намалена

Забелешки:

  • Функцијата за препознавање на глас го открива гласот со работа на сензорите за откривање на глас во двете слушалки. Оваа функција може да не е достапна ако се користи само едната слушалка.
  • Во ситуации каде што може да се појават вибрации, како што се миење на забите, кашлање или потпевнување, слушалките може погрешно да ги препознаат како вашиот глас.
  • За рачно да го деактивирате режимот на амбиентален звук за време на разговорите, допрете ја и задржете ја слушалката, или можете да оневозможите препознавање на глас во апликацијата Galaxy Wearable.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable, а потоа допрете Препознавање на глас и допрете го прекинувачот за да ја активирате.

Чекор 2. Изберете го времето што ќе биде потребно за автоматско деактивирање на режимот Амбиентален звук.

Функцијата на препознавање на глас во апликацијата Galaxy Wearables

Забелешка: Снимките на екранот и менито на уредот може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

 

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window