Функција за заштита на батеријата Galaxy во One UI 6.1
Одржувањето на целосно наполнета батерија од 100% долго време може да го намали нејзиниот работен век. Дознајте како да ја оптимизирате батеријата со функциите за заштита на батеријата за да може да трае подолго.
Функции за заштита на батеријата
Кај моделите Galaxy со One UI 6.1 или понова верзија, има три функции за заштита на батеријата: Основна, Приспособлива и Максимална.
Основна: Кога батеријата ќе се наполни до 100%, полнењето ќе престане додека нивото на батеријата не падне на 95%, а потоа полнењето ќе започне повторно.
Приспособлива: Користи Максимална додека спиете и пред да се разбудите се префрла на Основна. Времето на спиење се проценува врз основа на навиките за користење на телефонот.
Максимална: Вашата батерија ќе престане да се полни кога ќе достигне 80%.
Забелешка: Кај моделите со оперативен систем постар од One UI 6.1, единствената опција за продолжување на работниот век на батеријата е да го ограничите максималното полнење на 85%.
Дополнителни информации за заштита на батеријата со Приспособливо
Оваа функција автоматски ги препознава Вашите навики на спиење и полни до 100% еден час пред да се разбудите.
* Заштитата на батеријата со Приспособливо може да не работи добро ако имате неправилни навики за спиење.
Забелешка: функцијата за оптимизација на полнењето на батеријата може да се разликува во зависност од моделот на телефонот Galaxy.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window