GPS не работи правилно на Samsung Galaxy Watch
Samsung Galaxy Watch има GPS сензор кој може да ја следи Вашата локација во реално време без поврзување со телефон. Кога часовникот ќе се поврзе со телефон, ќе ја добие својата GPS локација од телефонот со цел да ја подобри точноста на локацијата.
Доколку користите метално ремче за часовник со Galaxy Watch, истото може да им пречи на антените и да влијае врз прецизноста на GPS.
Ажурирањата на софтверот поправаат грешки и ја подобруваат ефикасноста на часовникот. Редовно проверувајте за ажурирања на софтверот со притискање на Ажурирање на софтверот во поставките на часовникот, или преку апликацијата Galaxy Wearable на телефонот.
Доколку сте внатре, излезете надвор и рестартирајте го часовникот. Немојте да стоите помеѓу згради или во лоши временски услови, како бури.
- За да го рестартирате часовникот, притиснете и задржете го копчето Почетна (копчето Напојување) и копчето Назад истовремено.
- Потоа, допрете на Исклучи. Откако часовникот целосно ќе се исклучи, повторно притиснете и задржете го копчето Почетна (копчето Напојување) за да го рестартирате.
Во телефонот отворете Поставки, и допрете на За телефонот. Допрете на Информации за статусот, потоа допрете на Статус на СИМ-картичка. Проверете дали мобилната мрежа прикажува „Поврзано.“
Доколку телефонот нема мобилни податоци или слаб сигнал, обратете се кај операторот за мрежна поддршка.
Од Вашиот телефон, отворете ја апликацијата Galaxy Wearable. Можеби ќе треба да допрете на картичката Почетна. Доколку уредите се поврзани преку Bluetooth, ќе се прикаже "Поврзано".
- Доколку уредите не се поврзани, нивните наслови се затемнети. Можете да допрете на насловот на уредот за повторно да ги поврзете уредите.
- Доколку уредите се поврзани преку Wi-Fi, апликацијата ќе прикаже "Поврзани далечински." Во овој случај, движете се кон Поставки, допрете на Поврзувања, потоа допрете на Bluetooth на секој уред. Потоа, вклучете го прекинувачот за Bluetooth.
Додека сте надвор, отворете апликација која користи GPS која може да ја прикаже Вашата локацијата на часовникот и на телефонот. На пример, можете да ја користите апликацијата Under Armour's MapMyRun да ја проверите Вашата локација. Може ќе биде потребно да започнете вежба во апликацијата, и потоа да лизгате кон екранот со мапа за да ја видите Вашата локација.
Иако GPS функционира во зграда или во куќа, најдобро работи на отворено со отворен поглед на небото за да можат сигналите да се примаат и да комуницираат со сателитите. Следново може да ги попречи GPS сигналите:
- Врската помеѓу часовникот и телефонот е прекината на повеќе од еден ден.
- Услугите за локација се деактивирани на часовникот или на телефонот, или и на двата уреди.
- Јачината на GPS сигналот е намалена бидејќи сигналот на локацијата го попречуваат згради кои го блокираат директниот поглед кон небото. Исто така, сигналот може да се намали при лоши временски услови или облачно време.
Доколку проблемот повторно се појавува, ресетирајте го часовникот со помош на апликацијата Galaxy Wearable. Откако ќе го ресетирате, повторно поврзете го часовникот со телефонот, потоа проверете за ажурирања на софтверот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window