Како да го ажурирате софтверот на слушалките Galaxy Buds?
Ажурирањето на слушалките Galaxy Buds е најдобриот начин да се осигурите дека ќе го извлечете максимумот од Buds секој ден. Еве како да го проверите и ажурирате софтверот на слушалките Galaxy Buds за да бидат секогаш во тек со новостите.
Како да го ажурирате софтверот на вашите Galaxy Buds
За да го ажурирате софтверот на вашите слушалки Galaxy Buds, прво мора да ја преземете апликацијата Galaxy Wearable на паметен телефон следејќи ги овие чекори:
- Отворете ја Galaxy Store или Play Store и допрете на иконата Пребарувај. Пребарајте и изберете Galaxy Wearable и потоа допрете на иконата „Инсталирај“ (стрелка надолу) веднаш до апликацијата. Откако инсталацијата ќе заврши, допрете на иконата Пушти за да ја отворите апликацијата.
За да го ажурирате софтверот на слушалките Galaxy Buds со најновите функции, следете ги овие чекори:
Чекор 4. На екранот „Ажурирање на софтверот на слушалките“ може да изберете меѓу „Преземи и инсталирај“, „Преземи автоматски преку Wi-Fi“ или „Последно ажурирање“.
Имајте предвид: Во зависност од моделот, мрежата и податоците за верзијата што ја користите, менито „Ажурирање на софтвер на слушалките“ може да не се појави.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window