Како да управувате со апликации на вашиот паметен телефон Galaxy

Вашиот уред ви овозможува преземање, управување и деинсталирање на низа апликации. Одредени апликации можеби веќе однапред се вчитани во вашиот уред. 
 

Различни апликации имаат различни минимални барања за работа. За поголемите и посложените апликации обично ќе биде потребен најнов оперативен систем за да работат ефикасно. Кај постарите уреди нема да биде можно да се инсталираат одредени апликации, а за некои апликации може да биде потребно да се инсталира SIM-картичка, на пример, WhatsApp.

Пред да може да преземате апликации користејќи Play Store (Продавница за игри), или Samsung налог заради преземање апликации од Galaxy Apps ќе биде потребно да отворите Google налог и Play Store налог

Напоменуваме: Чекорите ќе бидат исти на секој уред, но вашите икони и екранот може малку да се разликуваат од илустрациите дадени подолу, во зависност од оперативниот систем на вашиот уред и од темата.

Екранот со апликации (Apps) може да го отворите со повлекување со прстот нагоре или надолу на почетниот екран (Home). За да се вратите на почетниот екран, повлечете со прстот нагоре или надолу на екранот со апликации. 

Повлечeете со прстот нагоре или надолу на почетниот екран

Алтернативно, може да ја притиснете иконата Apps за да дојдете до екранот со апликации. Ако на вашиот екран не се појави иконата Apps, следете ги следниве чекори:

1 На почетниот екран допрете и држете празен простор на екранот.
2 Притиснете Нагодувања на почетниот екран.
Притиснете на нагодувања на почетниот екран
3 Ако имате Android version 9.0 со лизгање поместете го прекинувачот на копче Apps за да ја активирате оваа функција. Ако имате претходна верзија, притиснете на копче Apps, изберете Покажи го копчето Apps и притиснете на Примени.
Притиснете на копчето Apps
4

Во долниот дел од почетниот екран сега ќе се појави иконата Apps.

Копчето сега ќе се појави како апликации

За да преземете апликација на ваш уред, следете ги следниве чекори:

1

Од почетниот екран притиснете на копчето apps и повлечете со прстот нагоре или надолу за да пристапите до апликациите.

Притиснете на копчето Apps
2 Притиснете Play Store или отворете ја папката Samsung за да пристапите до Galaxy Apps. За овој пример ќе користиме Play Store.
Притиснете на Play Store
3 Внесете го името на апликацијата што сакате да ја преземете, а потоа изберете ја од листата со предлози.
Внесете го името на апликацијата што сакате да ја преземете
4 Притиснете на Инсталирај во Play Store или притиснете на икона за преземање во Galaxy Apps.

Притиснете на Инсталирај
5 Притиснете на Отвори за да ја стартувате апликацијата или притиснете на иконата app на екранот со апликации.
Притиснете на Отвори за да ја стартувате апликацијата

За да преместите апликација на вашиот уред, следете ги следниве чекори: 

1 Од почетниот екран притиснете го копчето Apps или повлечете со прстот нагоре или надолу за да пристапите до екранот со апликации.
2 Притиснете и држете ја апликацијата што сакате да ја преместите.
3 Притиснете на Додади на почетниот екран.
Притиснете Додади на почетниот екран

Напоменуваме: Ако апликација веќе се наоѓа на почетната страница, притиснете и држете ја апликацијата и изберете Премести од почетната страница.

Ако сакате да ги преуредите вашите апликации, едноставно притиснете ја и држете ја апликацијата и потоа повлечете ја на вашата претпочитана локација.

Апликациите може да ги групирате во папки за да ви биде уреден екранот и заради полесен пристап/стартување на апликациите. За Android 8.0 и 9.0 имате два начина да го направите тоа: 

Или:

1 На почетниот екран или на екранот со апликации притиснете ја и држете ја апликацијата, потоа повлечете ја и ставете ја преку друга апликација.
притиснете ја и држете ја апликацијата
2 Ќе се појави рамка за папка.
Повлечете ја апликацијата преку другата апликација
3 Притиснете Внеси име на папка и внесете го името.

Или:

1 Притиснете ја и држете ја апликацијата и на поп-ап прозорецот изберете Изберете ставки.
Изберете ставки
2 Изберете ги апликациите што сакате да ги групирате во папка и притиснете на Креирај фолдер на индикаторот во горниот дел од екранот.
Изберете ги елементите што сакате да ги групирате
3 Кога ќе се појави рамка за папка, притиснете на Внеси име на папка за да внесете име.

За да додадете повеќе апликации, притиснете на Додади апликации на папката, штиклирајте ги апликациите и притиснете на Додади. Апликација може да ги додадете и со нејзино влечење до папката. 

Штиклирајте ги апликациите за да ги додадете и притиснете на Додади

За да избришете папка, едноставо притиснете ја и држете ја папката а потоа притиснете на Избриши. Ќе биде избришана само папката. Апликациите од папката ќе бидат преместени на екранот со апликации.

Притиснете и држете ја папката и потоа притиснете на Избриши

За деинсталирање на преземена апликација, притиснете и држете ја апликацијата и изберете опција Деинсталирај.

Притиснете ја и држете ја апликацијата и изберете Деинсталирај

Притиснете на ОК за да го потврдите бришењето. 
 

Постојат некои стандардни апликации што не може да се деинсталираат од уредот. Тие може да бидат оневозможени со притискање и држење на апликацијата и со избирање на опцијата Оневозможи.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window