Како да го измерите крвниот притисок со апликацијата Samsung Health Monitor
Измерете го крвниот притисок со вашиот часовник Galaxy и апликацијата Samsung Health Monitor.
Следете ги чекорите во видеото за да ги пратите отчитувањата на крвниот притисок.
Забелешка:
- Апликацијата Samsung Health Monitor е компатибилна со часовниците Galaxy Watch Active2 и Galaxy Watch3.
- Потребен е монитор за крвен притисок за калибрирање на вашиот часовник.
На вашиот часовник отворете ја апликацијата Samsung Health Monitor.
Изберете Blood pressure (Крвен притисок).
Изберете Преземи ја апликацијата.
Инсталирајте ја апликацијата Samsung Health Monitor на паметниот телефон што е поврзан со часовникот.
Изберете Accept (Прифати).
Овозможете ги дозволите и изберете Done (Направено).
Направете профил.
Изберете Blood pressure (Крвен притисок) во главното мени.
И потоа Калибрирајте го часовникот.
Внимателно прочитајте како работи апликацијата пред да изберете Get started (Започнете).
Проверете дали часовникот е прилепен на вашиот зглоб.
Поставете ја манжетната на мониторот за мерење на крвниот притисок на спротивната рака од онаа на која што е вашиот часовник.
Стартувајте го мониторот за крвен притисок.
Двата уреди мерат истовремено.
Внесете ги резултатите од мониторот за крвен притисок.
Мерењето на калибрацијата треба да се повтори 3 пати континуирано.
Вашиот часовник сега е калибриран.
За подобра точност, треба да калибрирате еднаш на секои 4 недели.
По калибрацијата можете да мерите користејќи го само часовникот.
Отчитувањата се пренесуваат во апликацијата на паметниот телефон.
Таму можете да ја видите историјата на мерењата.
SAMSUNG
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window