Како да ги спарите Bluetooth слушалките и часовникот Samsung Galaxy Watch Active2
Поврзете го вашиот паметен часовник со Bluetooth слушалки и уживајте во омилената музика без оглед каде се наоѓате. Со Galaxy Watch Active2 можете да слушате музика и додека сте во движење.
Спарете ги Bluetooth слушалките со часовникот
Со следниве чекори можете лесно да поврзете Bluetooth слушалки и да слушате музика или да остварувате телефонски повици.
Чекор 1. На часовникот одете во Поставки.
Чекор 2. Пронајдете и допрете Поврзувања > Bluetooth.
Чекор 3. Вклучете го прекинувачот за Bluetooth и проверете дали слушалките се во режим на спарување.
Чекор 4. Допрете Bluetooth звук и изберете ги саканите Bluetooth слушалки.
Со помош на иконата Поставки покрај Bluetooth слушалките можете да го изберете следново:
- Поништување на спарувањето
- Аудио поставки за повициdëgjimin e thirrjeve
- Аудио поставки за медиуми
Bluetooth слушалките можете да ги спарите и со Брзите поставки на часовникот.
Чекор 1. Повлечете со прст надолу од горниот раб на екранот.
Чекор 2. Повлечете со прст налево или надесно за да дојдете на следното јазиче на Брзите поставки или да се вратите на претходното.
Чекор 3. Допрете ја иконата Слушалки.
Чекор 4. Bluetooth е активиран и се пребарува список на достапни Bluetooth слушалки.
Ако е достапен претходно користен Bluetooth, тој автоматски ќе се поврзе.
Забелешка: излезниот аудио сигнал за телефонски разговори преку Bluetooth слушалките е достапен само кај LTE моделите на часовници. Ако е исклучен прекинувачот за аудио поставките за повици и аудио поставките за медиуми, нема да слушнете ништо во Bluetooth слушалките и може да дојде до прекин на врската со часовникот.
Можете да спарите два Bluetooth уреда истовремено, а слушалките интуитивно ќе се префрлаат од еден на друг уред. Меѓутоа, ако поради некоја причина другиот Bluetooth уред не може да го лоцира вашиот Galaxy часовник, проверете ги следните чекори пред да се јавите во Samsung поддршката.
- Проверете дали е активирана безжичната опција Bluetooth на вашиот часовник Galaxy Watch Active2.
- Рестартирајте го вашиот Galaxy Watch Active2 и обидете се повторно.
- Проверете дали вашиот часовник Galaxy Watch Active2 и другиот уред со Bluetooth се во домет на Bluetooth врската (10 м).
Дометот може да се разликува во зависност од околината во која се користат уредите.
Кога Bluetooth конекцијата не е воспоставена или кога Galaxy Watch Active2 и мобилниот уред не се поврзани, направете ги следниве чекори.
- Проверите дали е активиран Bluetooth на двата уреди.
- Проверете да нема пречки меѓу уредите, на пр., ѕидови или електрична опрема.
- Проверете дали ја имате инсталирано најновата верзија на Galaxy Wearable на вашиот мобилен уред. Ако е потребно, ажурирајте ја апликацијата Galaxy Wearable.
· Проверете дали вашиот часовник Galaxy Watch Active2 и другиот уред со Bluetooth се во домет на Bluetooth врската (10 m).
Дометот може да се разликува во зависност од околината во која се користат уредите.· Повторно стартувајте ги двата уреди и апликацијата Galaxy Wearable на вашиот мобилен уред.
Забелешка: Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window