Како да спречите прегревање на уредот Galaxy
Без разлика дали користите телефон, таблет, паметен часовник или слушалки, кај сите уреди Galaxy има поставено температурен опсег во кој функционираат најдобро. Иако може да изгледаат топли при одредени услови, на пример при полнење, тоа не влијае врз работниот век на уредот или неговите перформанси. Меѓутоа, овие уреди повремено може да создаваат топлина во различни ситуации. Со оглед на тоа, ви предлагаме да преземете мерки на внимателност за да не дојде уредот во такви ситуации.
За зголемување на температурата на уредите Galaxy, може да влијаат следниве фактори:
- Користење на уредите во средина што е надвор од нормалните работните услови (помеѓу 0 и 35 степени целзиусови).
- Поставување на уредите до/близу извор на топлина, како на пример да ги оставите во паркирано возило на жежок ден или постојано да бидат изложени на директна сончева светлина.
- Работење со повеќе апликации подолг временски период или користење апликации што бараат поголема искористеност на процесорот, како на пример играње игри, постојано пренесување информации и ГПС-следење.
- Користење полнач и/или УСБ-кабел што е некомпатибилен, неисправен или не е сертифициран од Samsung.
- Првично поставување и пренос на податоци од претходни уреди.
- Ажурирања на системот или фирмверот.
Како што се загрева уредот, ќе видите пораки за предупредување. Имајте предвид дека може привремено да закочат одредени карактеристики/функции како начин да се заштити уредот.
Забелешка:
- Знаците и резултатите се разликуваат зависно од уредот и моделот.
Што да направите ако уредот Galaxy генерира топлина дури го користите.
Еве неколку решенија што да направите ако уредот Galaxy генерира топлина.
Решение 1
Исклучете ги функциите Wi-Fi, ГПС и Bluetooth кога не ги користите.
Освен тоа, намалете ја осветленоста на екранот од уредот.
Решение 2
Оптимизирајте го телефонот за да ја намалите топлината причинета од апликациите што го оптоваруваат процесорот и ја трошат батеријата.
Решение 3
Апликациите во заднина што не се користат може да го загреат уредот.
За да го решите проблемот, обидете се со „Ограничувања за користење во заднина“.
Забелешка:
- Уверете се дека на уредот ги имате најновите ажурирања од апликациите со редовна проверка.
- Сликите на екранот и ставките од менито се разликуваат зависно од моделот и верзијата на софтверот.
- „Режим на штедење енергија“ го ограничува користењето на мрежата, синхронизацијата на податоците и информациите за локацијата во заднина.
СОВЕТИ
Што прави
„Режим на штедење енергија“?
- Го исклучува „Always on Display“ (Секогаш вклучен екран)
- Ја намалува осветленоста за 10 %
- Ја ограничува брзина на процесорот на 70 %
- Исклучува 5G
- Ја ограничува употребата на апликациите и на почетниот екран
Што да направите ако уредот Galaxy генерира топлина при полнење.
Телефоните може да генерираат топлина затоа што нивниот тенок дизајн не е оптимизиран за излегување на топлиот воздух или поради прекумерното трошење на батеријата. И уредот и полначот може да генерираат топлина при полнење. Температурата може да се чини поголема кога се врши полнење со „Супер брзи полначи“ или безжични полначи.
Ако уредот генерира топлина при полнење, преземете ги следниве мерки.
Забелешка:
- Гаранцијата за батеријата од телефонот трае една година. Ако се утврди проблем при производството во сервисниот центар на Samsung во гарантниот период, ќе биде поправен или заменет бесплатно. Доколку се утврди дека проблемот е предизвикан од корисникот, дури и во гарантниот период, или доколку се утврди некаков проблем по завршувањето на гарантниот период, тогаш ќе ви се наплати за поправката.
- Кога користите безжичен полнач, уверете се дека нема метални предмети, магнети или банкарски/транзитни картички помеѓу уредот и полначот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window