Како да го поставите приказот на информациите за полнење на уредот Samsung Galaxy
Брзото полнење стана вообичаено, па го променивме и начинот на прикажување на информациите за полнење. Се појавуваат во поедноставен формат што го отстранува известувањето за брзо полнење и го крие показателот за полнење во рок од неколку секунди по поврзувањето со полначот. Следете ги чекорите подолу за да дознаете како да го приспособите приказот на показателот за полнење.
Забелешка: упатствата за овозможување на оваа функција може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Овозможувањето на оваа опција ќе го прикаже нивото на батеријата на уредот Galaxy и проценетото време до целосно полнење на екранот за заклучување.
* Оваа информација се појавува само 5 минути по целосното полнење.
Ако ја вклучите функцијата „Always On Display“, информациите за полнење се прикажуваат заедно со информациите за часовникот дури и откако уредот е целосно наполнет.
Кога ќе го поврзете полначот, може да се појави известување за брзината на полнење неколку секунди, а потоа да се ажурира или да исчезне. Бидејќи брзината на полнење постојано се променува според состојбата на полнењето, таа првично може да ви даде неточни информации.
* Подолу е пример со поврзан нормален полнач. Информациите за полнење што се прикажани на уредот Galaxy може да се променат во зависност од околината на полнење.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window