Како да корист. безжично споделув. на енергија (Wireless PowerShare) на Galaxy S10

S10 овозможува полнење од уред на уред без потреба од полнач. Исто така, можете да ги полните вашиот S10 уред и друг уред во исто време.

Оптимизирани перформанси на батеријата

Galaxy S10 користи вештачка интелигенција што го учи вашето однесување, така што може автоматски да ги адаптира режимите за заштеда на енергија и да ги ограничи поретко користените апликации за да ја зачува подолго енергијата.
 

Дознајте како да ја оптимизирате вашата батерија користејќи Bixby Routines

Ако батеријата на вашиот уред се празни, автоматски префрлете ја енергијата од вашиот S10. Едноставно активирајте го Wireless PowerShare на вашиот нотификациски панел, потоа ставете го другиот уред во средина на вашиот S10 свртени задна со задна страна. 

 

На задната страна на вашиот S10 ќе се појави сино трепкаво светло кога е активиран Wireless PowerShare, кое ќе стане црвено во текот на полнењето. Откако уредот е наполнет до крај, светлото ќе се исклучи.  

Напоменуваме: Локацијата на навојот за полнење може да се разликува во зависност од моделот на уредот. Можеби ќе биде потребно да ги приспособите уредите додека соодветно тие не се поврзат еден со друг. 

GIF, полнење уред на уред, Galaxy S10 и други паметни телефони

Разделете ги уредите кога е пренесено доволно енергија, или почекајте додека другиот уред не се наполни до крај.
 

Погледнете го нашето видео подолу на кое е прикажано како тоа функционира.  

How to use wireless powershare in Galaxy S10 How to use wireless powershare in Galaxy S10

Напоменуваме: Ова е достапно единствено на S10 телефоните и на другите уреди што поддржуваат функција за безжично полнење. Ако нивото на батеријата на вашиот S10 се намали под одредено ниво, Wireless PowerShare автоматски ќе се исклучи.

Додека вашиот S10 е вклучен во струја за да се полни, можете да полните и друг уред во исто време. 

Безжично полнење на други уреди, двојно полнење на Galaxy S10 и паметен часовник

Следете ги чекорите дадени подолу за да активирате двојно полнење: 

1 Спуштете го нотификацискиот панел на вашиот S10 и притиснете ја иконата Wireless PowerShare за да го вклучите. Кога е активиран Wireless PowerShare на задната страна од вашиот S10 ќе се појави сино трепкаво светло.
2 Поставете го централниот дел од задната страна на S10 на задната страна на друг уред.
3 Екранот ќе потврди штом уредите ќе се поврзат. Притиснете „ОК“. Светлото на задната страна на уредот ќе стане црвено во текот на полнењето.
4

Ако повторно го спуштите нотификацискиот панел ќе се појави порака дека тој го полни поврзаниот уред. Исто така, на статусната линија на вашиот панел Always On Display (Секогаш на екран) ќе се појави иконата WirelessPowerShare.

5 Откако уредот е наполнет до крај, светлото на задната страна на S10 ќе се исклучи.

Ефикасноста на безжичното полнење зависи од растојанието меѓу навоите за полнење вградени во уредите. Можеби ќе биде потребно да ја приспособите положбата на уредите додека тие соодветно не се поврзат еден со друг.

 

На сликата подолу е прикажана положбата на вградените навои за полнење во секој модел на Galaxy S10.

Позиција на вградени безжични калеми за полнење во некои модели на Galaxy S10

Ефикасноста на безжичното полнење зависи од растојанието меѓу навоите за полнење вградени во уредите. Можеби ќе биде потребно да ја приспособите положбата на уредите додека тие соодветно не се поврзат еден со друг.

 

На сликата подолу е прикажана положбата на вградените навои за полнење во секој модел на Galaxy S10.

Напоменуваме: Во зависност од типот дополнителна опрема или навлака што ја користите за вашиот уред, функцијата Wireless PowerShare може да не функционира соодветно. Се препорачува пред користење на Wireless PowerShare да се отстрани целата дополнителна опрема или навлаките за телефоните. Само уредите што подржуваат безжично полнење можат да се полнат со користење на оваа функција. Брзината или ефикасноста на полнење може да се разликува во зависност од состојбата на уредот или од околината.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window