Како да го снимите и сликате екранот на Note10

На новиот Note10/Note10+ ќе се случуваат одлични работи. Со новиот снимач на екранот опциите за сликање кадар на екранот, споделувањето на доживувањата ќе биде полесно од кога било. Сликајте смешен мем, снимете ја играта или кажете му на саканиот(та) како да направи нешто на телефонот.

Напомена: имајте предвид дека сите екрани овозможуваат снимање или сликање кадри на екранот.

Напомена: снимачот на екранот нема да ги снима телефонските повици, VOIP или видеоповиците. Освен тоа, некои апликации може да ја блокираат карактеристиката за снимање на екранот поради ограничувања за авторски права.

Наместо да користите апликација од трета страна, снимете го екранот на телефоните Galaxy со снимач на екранот. Со Note10/Note10+ може да снимате скоро сè што се прикажува на екранот! Може дури да ја користите и предната камера да се снимате себеси во текот на видеото.

 

За да ја отворите таблата за брзи поставки, лизгајте надолу од врвот на екранот со два прста. Лизнете налево, а потоа допрете на Screen recorder (Снимач на екран). Откако ќе заврши одбројувањето на тајмерот, телефонот ќе снима сè што се прикажува на екранот.

Слика од приказ на мени на брз панел за бирање на функцијата за снимање на екранот

За да се додадете себеси на видеото со помош на предната камера, само допрете на иконата front camera (Предна камера) – има изглед како икона од лице. Ќе се појави мало прозорче во горниот лев агол од екранот и ќе снима сè што ќе правите.

 

Кога ќе завршите со снимање, допрете на иконата Stop (Запри). Видеото ќе се зачува автоматски во галеријата.

Note10 слика од екранот каде што е прикажана иконата за стопирање во десната горна страна за време на снимањето екран

За додатна забава, може и да пишувате на екранот додека снимате. Допрете на иконата Pencil (Молив), изберете ја саканата боја и употребете го прстот или S Pen за да пишувате на екранот. Меѓутоа, не може да работите интерактивно со опции во игри, видеа или навигација додека пишувате на екранот. Откако ќе ја исклучите карактеристиката за молив, екранот ќе се врати на нормала.

Дали сакате на видеото да се снимаат само медиумите или и надворешните звуци, како на пример вашиот глас? Лесно може да ја поставите оваа и други функции за да добиете совршено видео.

 

Отворете ја таблата за брзи поставки со лизгање надолу од врвот на екранот со два прста. Лизнете налево, а потоа допрете и држете на Screen recorder (Снимач на екран). Ове ќе ги видите достапните опции:

 

  • Sound (Звук): Изберете кои звуци да ги снима видеото. Може да изберете од No sound (Без звук), Media sounds (Звуци од медиуми) или микрофон од звукот на медиумите.
  • Video quality (Квалитет на видеото): Изберете го саканиот квалитет на видеата. Достапните опции се 1080p, 720p и 480p.
  • Selfie video size (Големина на видео од самослик): Нагодете ја големината на скок-прозорецот кога се снимате себеси со предната камера.

Сликањето на кадар на екранот не е променето, но се променети копчињата. На Note10/Note10+, копчињата за енергија и Bixby се комбинирани во едно копче; наречено е странично копче. Можеби ќе ви треба малку време за да се навикнете, но добра работа е што ќе можете да сликате кадар на екранот со една рака.

Слика за уредување на екранот по правењето слика од екранот

За да сликате кадар на екранот, истовремено притиснете кратко на копчето Side (Странично) и на копчето Volume down (Намалување гласност). Екранот ќе светне и ќе се појави мени на дното од екранот. Ќе бидат достапни следниве опции:

 

  • Scroll capture (Сликање со лизгање): Снимете долг кадар на екранот за да го снимите сето. Оваа поставка е достапна само кога е можно лизгање.
  • Draw (Цртај): Уредете го кадарот на екранот пред да го споделите или да го зачувате.
  • Add tag (Додај ознака): Додајте или зачувајте ознаки на кадарот на екранот.
  • Share (Сподели): Споделете го кадарот на екранот со друга апликација или некој контакт.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window