Како да употребите додатоци за Вашиот Note10
Вашиот Note10/Note10+ е веќе извонреден каков што е, но има нешто што можете да додате на него за да биде уште поизвонреден, а тоа се додатоците. Со нив можете подобро да слушате музика и дури и да го заштите телефонот, а притоа да изгледа со стил.
Не заборавајте го најважниот дел од вашиот нов телефон: пенкалото S Pen! Токму поради него Note10/Note10+ е подобар од другите телефони. Пенкалата се достапни во бела Aura, црна Aura и сина Aura боја. Бојата на вашето пенкало S Pen зависи од бојата на вашиот Note10/Note10+. И не заборавајте дека ова ново пенкало S Pen ги содржи сите нови карактеристики и способности. Кликнете на S Pen за да ги видите деталите.
Заштитата за екранот е нешто што мора да го имате ако сакате телефонот да ви биде без дамки и отпечатоци од прсти. Така ќе спречите и нечистотии да влезат во телефонот. Note10/Note10+ всушност има веќе поставена заштита за екранот.
Забелешка: Употребувајте само заштита за екранот сертифицирана од Samsung.
Сите уживаат во телефонска футрола што одговара на нивниот стил. Но, дали знаевте дека некои од нив всушност можат да светат? Буквално. Samsung нуди LED телефонски футроли на коишто мали LED сијалички трепкаат кога примате повик, порака или известување. Има два вида: LED футрола како паричник и LED футрола за задната страна.
Како што името кажува, LED футролата како паричник има џебови во коишто можете да ги чувате кредитните картички или другите работи. Кога предната страна на футролата е поклопена, светат LED сијаличките и симболите секојпат кога имате известување. Можете дури и да ги местите да светат по ваша желба, во зависност од тоа кој ве контактира или според видот на известување.
LED футрола за задниот дел, пак, е фиксна, односно нема поклопец што се отвора на предната страна. Изгледа како најобична футрола, но со таа разлика што LED сијаличките трепкаат на нејзината задна страна кога примате повици или известувања. Освен тоа, ако го ставите вашиот Note10+ свртен со екранот надолу, LED сијаличките од задната страна ќе се палат и гасат бавно, како некое светлосно шоу.
Забелешка: NFC и Samsung Pay може да не функционираат ако LED сијаличките на футролата се користат во моментот.
Note10/Note10+ вклучува и AKG слушалки што имаат приклучок од типот USB-C. Само вметнете го во USB-C портата на вашиот телефон – во истата во којашто го ставате приклучокот за полначот. Можете да употребите и слушалки со Bluetooth ако сакате да слушате нешто без да ви пречат жиците.
Забелешка: Употребувајте само адаптери и додатоци од Samsung со вашиот телефон.
Внимание: Може да се појават проблеми со прегревање или оштетување на слушалките кога полначот и слушалките се приклучени истовремено со помош на адаптер.
Сите модели Note10+ имааат еден куп простор сами по себе, кој може да го употребите за апликации, игри, филмови и повеќе. Но, ако ви е потребно повеќе простор, постојат неколку опции. Во Note10+ може да употребите microSD картичка ако сакате да добиете дополнителен простор до 1 TB. Просторот можете да го зголемите и со помош на услугите за складирање податоци во облак, во случај ако сакате да чувате резервна копија на содржините и да имате пристап до нив каде и да сте.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window