Cледното ниво на раскажување на приказни со камерата од S21
Уникатната камера на Galaxy, која го доловува секој момент со најдобрите детали и со големиот извонреден екран, засекогаш го менува нашето искуство на гледање. Ајде да испитаме некои од главните карактеристики на фотоапаратот на Galaxy од серијата S21.
Преглед на камерата
Спецификација на камерата од серијата S21
Камера |
S21 Ultra |
S21+ |
S21 |
---|---|---|---|
Задна - Ултра широко аголна |
12MP (2PD) F2.2 120˚ (13mm) 1/2.55” 1.4㎛ |
12MP F2.2 120˚ (13mm) 1/2.55” 1.4㎛ |
12MP F2.2 120˚ (13mm) 1/2.55” 1.4㎛ |
Задна - широко аголна |
108MP (PD) OIS F1.8 83˚ (24mm) 1/1.33” 0.8㎛ |
12MP (2PD) OIS F1.8 79˚ (26mm) 1/1.76” 1.8㎛ |
12MP (2PD) OIS F1.8 79˚ (26mm) 1/1.76” 1.8㎛ |
Задна – телефото камера 1 |
10MP (3x, 2PD) OIS F2.4 35˚ (72mm) 1/3.24” 1.22㎛ |
64MP (3x) OIS F2.0 76˚ (28mm) 1/1.72” 0.8㎛ |
64MP (3x) OIS F2.0 76˚ (28mm) 1/1.72” 0.8㎛ |
Задна – телефото камера 2 |
10MP (10x, 2PD) OIS F4.9 10˚ (240mm) 1/3.24” 1.22㎛ |
- |
- |
Предна - широко аголна |
40MP (PD) F2.2 80˚ (25mm) 1/2.8” 0.7㎛ |
10MP (2PD) F2.2 80˚ (25mm) 1/3.24” 1.22㎛ |
10MP (2PD) F2.2 80˚ (25mm) 1/3.24” 1.22㎛ |
Ултра висока резолуција
Моќната камера со висока резолуција на Galaxy S21 Ultra може да отсликува појасни слики со новиот 108MP сензор. Напредната обработка на Remosaic со помош на новиот сензор 108MP обезбедува слики со поголема јасност и поголема веродостојност на бојата.
Со серијата Galaxy S21 може да ги снимите сите детали на неверојатно остри фотографии со 64MP, како и оние што сте ги виделе, така и оние кои не сте ги виделе. Исто така, Quick Crop овозможува лесно, но бескомпромисно сечење на фотографиите со висока резолуција, без губење на деталите.
Чекор 1. Отворете ја апликацијата Gallery и одберете слика.
Чекор 2. Раширете два прста на подрачјето што сакате да го зачувате и допрете ја иконата Quick Crop што се појавува на горниот лев агол. Исечената област ќе се зачува како датотека.
Зумирање на просторот
Новиот систем на леќи со двојно зумирање е побрз и поостар од било кое претходно зумирање. Двојната телефото леќа на Galaxy S21 Ultra, со својот хипер детален нов зум од 100x, врши преклопување на леќите во назначениот опсег на зумирање (3х и 10x). Функцијата за заклучување на зумот поддржува и контрола при зумирање со големо зголемување.
Префрлување на леќите во назначениот опсег на зумирање (3x i 10x, само со Galaxy S21 Ultra)
Автентично селфи
Природните селфија сега се многу подобрени благодарение на стабилизацијата AI и на осветлувањето како во студио. Серијата Galaxy S21 не само што ги обновува заматените детали при слаба осветленост, туку исто така ги отстранува дамките задржувајќи ги тонусот и структурата на кожата.
① Природно ② Светло
Чекор 1. Одите на камера.
Чекор 2. На екранот за преглед со прстот поминете нагоре или надолу или допрете ја иконата Switch to the front camera (Префрли на предната камера) за автопортрети.
Чекор 3. Допрете Ефекти (Effects) (горе десно)> допрете Лице (Face) за да ги прилагодите поставките на фотоапаратот за селфи.
Чекор 1. Одете на камера (Camera) > Поставки (Settings) .
Чекор 2. Допрете Selfie color tone за да поставите Природно (Natural) или Светло (Bright) како зададена нијанса.
Светла ноќ
Со серијата Galaxy S21, снимките AI при слабо осветлување можат да ја осветлат ноќта и да ја доловат во живописни бои. Во услови на екстремно слабо осветлување како плажа навечер или парк без светла, автоматски се управува со продолжената експозиција. Напредниот „ноќен“ режим на работа, исто така, ги подобрува деталите и ја намалува бучавата со AI ISP.
① Ноќен режим ВКЛУЧЕН (ON) ② Ноќен режим ИСКЛУЧЕН (OFF)
Чекор 1. Одете на камера (Camera).
Чекор 2. На списокот со режими на фотографирање, допрете ПОВЕЌЕ (MORE) > НОЌ (NIGHT).
Ако времето што се појавува во долниот десен агол на екранот го поставите на Max, може да добиете појасни слики.
Чекор 3. Допрете го копчето Камера (Camera) и држете го уредот стабилен додека не заврши снимањето.
Функцијата Поглед на директорот (Director’s View)
Со серијата Galaxy S21 можете да ги изберете аглите и да ги контролирате вашите снимки како професионалец. Добри вести за блогерите бидејќи двојното снимање на публиката може да ѝ даде интересни гледишта на вашата видео содржина.
Чекор 1. Одете на камера (Camera).
Чекор 2. На списокот со режими на фотографирање, допрете MORE > DIRECTOR’S VIEW.
Чекор 3. Изберете ја сликичката за камера што ја сакате.
Чекор 4. Ако сакате да го промените режимот на екранот, допрете ја иконата Променете го режимот на екранот (Change the screen mode) и изберете го режимот на екранот што го сакате.
① Променете го режимот на екранот ② Поглед од предната камера ③ Сликичка за фотоапарат
Чекор 5. Допрете го копчето Сними (Record) за да снимите видео.
Додека снимате можете да ја менувате камерата со допирање на сликичката за камера. Ако сликичката е скриена, допрете го копчето Display за да се прикаже.
Чекор 6. Допрете го копчето Stop за да престанете со снимање на видеото.
Дознајте повеќе за функцијата Director’s View на „Контролирајте ги вашите снимки со Director's View на серијата Galaxy S21“ (Control your shots with Director's View on Galaxy S21 Series) со поддршката на Samsung.
Single Take (Снимање со еден покрет)
Искористете ја предноста на повеќе фотографии и видеа при едно фотографирање. Можете да снимите значајни моменти користејќи ја напредната функција AI. AI фаќа до максимум 14 различни видови на фотографии и видеа (максимум 10 фотографии и 4 видеа). AI Best Moment ги избира најдобрите моменти меѓу повеќето излези на фотографии, додека функциите Highlight Video и Dynamic slow-mo ги поддржуваат најдобрите видеа што вредат за споделување.
Чекор 1. Одете на камера Camera).
Чекор 2. На списокот со режими на фотографирање, допрете SINGLE TAKE.
Чекор 3. Допрете го копчето камера (Camera) и поместете ја камерата за да ја снимите саканата сцена.
Чекор 4. Кога ќе завршите, допрете ја сликата за преглед.
За да ги видите другите резултати, повлечете ја иконата за хоризонтална линија нагоре. За да ги зачувате резултатите поединечно, допрете Избери (Select), означете ги посакуваните ставки и потоа допрете го копчето Стрелка (Arrow).
Pro-grade видеозаписи
Видео клипови со квалитет 8K овозможуваат видео со најдобар квалитет во движење. Природната заматеност од движењето ја изразува кинематографската убавина на видеата.
Секој момент може да се извлече како фотографија со висока резолуција од 33MP. Исто така, снимајте видеа како професионалец со функцијата audio mix. Pro video сега нуди различни опции за истовремено снимање звук и од вашиот вграден микрофон и од Bluetooth микрофонот.
Чекор 1. Одете на камера (Camera).
Чекор 2. На списокот со режими на снимање, допрете MORE > PRO или PRO VIDEO.
Чекор 3. Изберете опции и прилагодете ги поставките, а потоа допрете го копчето Камера (Camera) за да фотографирате или допрете го копчето Сними (Record) за да снимите видео.
Може да снимате професионални видеа со висока резолуција со максимална резолуција од 8К.
Забелешки:
- Екранот за преглед и достапните опции може да се разликуваат во зависност од режимот на снимање и од тоа која камера се користи.
- Некои карактеристики можеби нема да се достапни во зависност од режимот на снимање.
- Кога фотографирате или снимате видео со висока резолуција или со висок степен на зумирање, фокусот може да не е јасен ако предметот е близу. Направете слики или видеа од соодветно растојание.
- Камерата на вашиот уред има леќа со широк агол. Мало изобличување може да се појави на слики или видеа со широк агол што не укажува на проблеми со перформансите на уредот.
- Снимките на екранот и менито на уредот може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window