Приспособете ги копчињата на Note10
Ако не можете да го најдете копчето за вклучување на Note10, не паничете. Не е повеќе на десната страна од телефонот: сега е на левата страна! Работи во комбинација со функцијата Bixby. Ова ново копче се нарекува странично копче и може да се приспособи за да врши различни задачи, било да го изгаснете телефонот, да повикате Bixby или да извршите други дејства.
Новиот Note10 има две физички копчиња на левата страна: копчето за гласност и страничното копче. Како што кажува самиот назив, копчето за гласност служи за нагодување на гласноста на телефонот. Страничното копче, или копчето за енергија/Bixby, може да се притиска кратко, долго или двапати за да пристапите до различни функции.
Како самостојни, копчињата си ги имаат своите сопствени функции, но заедно со други копчиња може да се користат за да си направите сопствен брз пристап за поедноставно работење.
Овие се стандардните функции на копчињата што може да ги користите:
- Screen on or off (Вклучување или исклучување на екранот): Кратко притиснете на страничното копче.
- Bixby Voice: Долго притиснете на страничното копче.
- Launch Camera (Активирај камера): Двапати притиснете на страничното копче.
- Power on (Вклучена енергија): Долго притиснете на страничното копче додека е исклучен телефонот.
- Power off menu (Мени за исклучена енергија): Долго притиснете на страничното копче и копчето за гласност додека е вклучен телефонот.
- Screen capture (Снимка на екран): Кратко притиснете на страничното копче и долното копчето за гласност истовремено.
Напомена: може и да го исклучите телефонот преку таблата за брзо поставки. Лизгајте надолу од врвот на екранот, допрете ја иконата Power (Енергија) во горниот десен агол на екранот, а потоа допрете Power off (Исклучена енергија).
Можеби сте навикнати да правите само една работа со тоа копче, како на пример да го разбудите Bixby. Не грижете се, може да го приспособите копчето според вашите потреби.
Од Settings (Поставки), најдете го и изберете го Side key (Странично копче) и повторно допрете го Side key (Странично копче). Овде може да ги поставите саканите поставки.
За Double press (Двојно притискање), може да изберете од:
- Брзо активирање на камерата
- Отвори Bixby
- Отвори апликација (допрете на иконата Settings (Поставки) за да изберете апликација.)
За Press and hold (Притисни и задржи), може да изберете од:
- Разбуди го Bixby
- Мени за исклучена енергија
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window