Намален животен век на батеријата на Samsung Galaxy Watch
Постојат неколку причини зошто батеријата на Galaxy Watch се празни брзо или има намален животен век. Продолжете со читање за да дознаете повеќе за како да го зголемите животниот век на батеријата на часовникот.
Важно: Проверете дали часовникот и полначот имаат физичко оштетување или оштетување предизвикано од течност Користете само полначи и додатоци одобрени од Samsung, кои се специјално дизајнирани за уредот. Watch не може да се полни соодветно со полнач од трета страна.
Ажурирајте ги апликациите и софтверот
Понекогаш апликациите може да имаат грешка која предизвикува прекумерно трошење на батеријата, за најдобри перформанси уверете се дека сите апликации се ажурирани.
Исклучете ги некористените апликации за следење на здравје
Лизгајте нагоре по екранот на часовникот, потоа допрете на Samsung Health на екранот со Апликации. Лизгајте и допрете на менито за здравје за да ја исклучите функцијата. Откако ќе го исклучите кое било мени за здравје, два пати допрете на копчето Назад на часовникот за да се вратите на почетниот екран. (со притискање два пати на копчето за назад нема да се вратите на главното мени во апликацијата Samsung Health)
Избришете ги податоците и затворете ги апликациите што работат во заднина
Од Вашиот телефон, отворете ја апликацијата Galaxy Wearable. Во зависност од поврзаниот часовник, можеби ќе биде потребно да допрете на картичката Поставки за часовникот. Допрете на За телефонот. Допрете на Мемориски простор, потоа допрете на Слики или Аудио, потоа допрете на копчето Избриши.
Исклучете ги мрежните поврзувања
Запомнете дека можеби нема да можете да користите одредени апликации и функции кои бараат поврзување со Bluetooth, Wi-Fi, или мобилна мрежа.
Лизгајте нагоре по екранот на часовникот, допрете на Поставки на екранот со апликации. Допрете на Поврзувања, и исклучете Bluetooth и Wi-Fi. За LTE или 3G часовници, исклучете и мобилни мрежи. Кога Bluetooth е исклучен, врската помеѓу часовникот и телефонот ќе се прекине.
Доколку е вклучено далечинското поврзување на апликацијата Galaxy Wearable и исклучите Wi-Fi, часовникот и телефонот нема да се поврзат далечински преку Wi-Fi кога Bluetooth е исклучен.
Доколку ги исклучите мобилните мрежи на LTE или 3G часовник, врската помеѓу часовникот и мрежната услуга на операторот ќе се прекине. (Ова нема да влијае на вашата претплата на услугата.)
Исклучете Always On часовник
Лизгајте нагоре по екранот на часовникот, допрете на Поставки на екранот со апликации. Во зависност од Вашиот часовник, можеби ќе треба да допрете на Екран. Допрете на Always On Display, а потоа допрете на прекинувачот за да ја исклучите функцијата.
Прилагодете ги поставките за известувања
Од Вашиот телефон, отворете ја апликацијата Galaxy Wearable. Во зависност од поврзаниот часовник, можеби ќе биде потребно да допрете на картичката Поставки за часовникот. Потоа, допрете на Известувања, и допрете на Напредни поставки за известувања и исклучете ги прекинувачите за Прикажи со детали и Вклучи екран.
- Прикажи со детали - Кога оваа функција е исклучена, новите известувања нема да се прикажат автоматски.
- Вклучи екран - Кога оваа функција е исклучена, екранот на часовникот нема да се вклучи кога ќе прими известувања.
Во горниот дел на менито за известувања, допрете на Известувања од апликации. Потоа, исклучете го прекинувачот до која било од апликациите за кои не Ви се потребни известувања.
Вклучете режим на штедење енергија
Кога е вклучен режимот на штедење енергија, почетниот екран на часовникот ќе се прикаже во сива боја и сите функции ќе се исклучат, освен повици, пораки и известувања кои користат Bluetooth. Wi-Fi и мобилните податоци исто така ќе се исклучат, а работењето ќе биде ограничено.
Лизгајте нагоре по екранот на часовникот, допрете на Поставки на екранот со апликации. Допрете на Батерија потоа, допрете на Штедење енергија. За да го ислучите режимот на штедење енергија, постои и опција од брзото мени. Повлечете го брзото мени надолу на Почетниот екран на часовникот, и допрете ја иконата на батеријата.
Не го изложувајте часовникот на екстремни температури
Изложување на часовникот на многу ладни и топли температури може да го намали животниот век на батеријата на часовникот и може да предизвика оштетување.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window