Редовно престартувајте го телефонот Galaxy за да спречите успорување или замрзнување
Ако телефонот наизменично реагира побавно или замрзнува, може да побарате помош во сервисен центар за Samsung, но прво престартувајте го за да проверите дали е решен проблемот. Проверете во водичот подолу за повеќе детали.
Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:
Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).
Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).
Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.
Престартувањето на телефонот Galaxy нека ви стане секојдневна навика
Повременото престартување може да спречи проблеми со телефонот Galaxy. Ако телефонот наеднаш замрзне или е многу бавен, прво обидете се да го престартувате. Понекогаш може да се реши проблемот само со престартување на телефонот. Се препорачува да го престартувате периодично за да видите дали тоа го решава проблемот пред да појдете во сервисен центар на Samsung.
Како да го автоматизирате периодичното престартување
Кај телефоните Galaxy има можност да се постави автоматско периодично престартување. Следете ги чекорите подолу за да ја активирате карактеристиката за автоматско престартување во одредено време.
Чекор 1. Отворете Settings (Поставyвања) и изберете Battery and device care (Батерија и грижа за уред).
Чекор 2. Допрете на More options (Повеќе опции) (три вертикални точки).
Чекор 3. Изберете Automation (Автоматизација).
Чекор 4. Допрете на Auto restart at set times (Автоматски рестартирај во поставени времиња).
Чекор 5. Поставете Schedule (Распоред). Телефонот ќе се престартува автоматски во рок од 1 час од времето што сте го поставиле.
Телефонот ќе се престартува само кога:
- Екранот е исклучен.
- Телефонот не се користи.
- Батеријата е над 30%.
- СИМ-картичката е отклучена.
Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат според моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window