Користете го следењето на спиењето на Samsung Health на Samsung Galaxy Watch и Fit
Со апликацијата Samsung Health и плочката Спиење на Samsung Galaxy Watch или Fit, можете да го гледате времето на спиење, да го снимате ‘рчењето и да ги користите опциите за тренирање за спиење за да ви помогнат да спиете подобро.
Забелешка: прво проверете дали Galaxy Watch или Fit се поврзани со телефонот.
Поставете следење на спиењето
Следете го спиењето
Можете да ги видите следните податоци:
Време на спиење: го прикажува времето на спиење во часови и минути.
Оценка за спиење: го оценува квалитетот на спиењето на скала од одлично, добро, прифатливо и потребно е внимание.
Фази на спиење: прикажува графикон и список на различни фази на спиење и колку време сте поминале во секоја фаза.
Кислород во крвта за време на спиењето: го покажува процентот на кислород во крвта.
Откривање рчење: го прикажува времето што сте го поминале во ‘рчење.
Температура на кожата при спиење: ја покажува температурата на кожата на телото од претходниот ноќен сон.
Конзистентност на спиењето: го прикажува бројот на денови во тековната недела кога сте ги постигнале целите за спиење.
Откријте го вашето животно за спиење: врз основа на резултатите од истражувањето и податоците за начинот на спиење, ќе ви биде доделен симбол на животно и програма за тренирање за спиење приспособена на вашите потреби за спиење.
* Можеби ќе треба да внесете податоци или цели за да се појават некои категории на податоци.
Можете да го следите ‘рчењето додека спиете со апликацијата Samsung Health. За да ја користите оваа функција, проверете дали Galaxy Watch или Fit е поврзан со телефонот преку апликацијата Galaxy Wearable.
Поставете „Откривање рчење“
Забелешка: најдоброто место за телефонот би било на стабилна површина, како ноќна масичка. Исто така, обидете се да го насочите дното од телефонот кон вас.
Проверете ги податоците за 'рчењето наутро
Samsung Health ќе ги следи и ќе ги анализира начините на спиење со користење податоци снимени од Galaxy Watch или Fit и ќе создаде програма за тренирање од четири до пет седмици за вас.
* Ќе треба да го носите Galaxy Watch или Fit најмалку 7 ноќи пред да можете да ја користите функцијата „Тренирање за спиење“.
* Поставувањата за „Тренирање за спиење“ може да се приспособат само од вашиот телефон.
Поставете/престартувајте „Тренирање за спиење“
Прекинете Тренирање за спиење
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window