Упатство за корисници за футролата Flipsuit за Samsung Galaxy Z Flip6
Официјалната футрола Flipsuit за Samsung Galaxy Flip6 користи безжична комуникација активирана со NFC помеѓу телефонот и куќиштето. Ова обезбедува содржина на насловниот екранот што се усогласува со графичкиот дизајн на LED-картичката. Содржината на насловниот екран се променува како што го навалувате телефонот.
Забелешки:
- Galaxy Z Flip6 и футролата Flipsuit се продаваат одделно.
- Оваа функција се напојува од батеријата на телефонот.
- LED-картичките Flipsuit за Galaxy Z Flip6 се компатибилни само со Galaxy Z Flip6.
- Сите футроли за интерактивни картички за Galaxy Z Flip5 може да се користат на Galaxy Z Flip6.
Пред да го прицврстите производот, отстранете ги туѓите тела, како што се прав и масла од мобилниот уред.
Кога ќе ја прицврстите LED-картичката на Galaxy Z Flip6 со помош на футролата Flipsuit, насловниот екран автоматски ќе се промени за да одговара на темата на LED-картичката. Ако повеќе сакате да користите различен насловен екран, следете ги чекорите подолу.
* Потребна е интернет-врска при инсталирање на LED-картичката за правилно да се прикажува темата.
Забелешка: LED-компонентите на LED-картичката ќе реагираат дури и откако ќе го смените насловниот екран на друга тема.
Како да го поставите траењето на насловниот екран
Траењето на насловниот екран се совпаѓа со поставката за исклучување на насловниот екран. Ако главниот екран не се отклучи кога уредот ќе се отвори, содржината на насловниот екран ќе се исклучи по 5 секунди.
Забелешка: LED-компонентите работат 10 секунди без оглед на поставувањето за исклучување на насловниот екран.
Како да ги вклучите/исклучите LED-компонентите на футролата Flipsuit
Осветлувањето на футролата Flipsuit ја троши батеријата на телефонот. Исклучете ја функцијата ако сакате да заштедите батерија.
Кога работи LED на футролата Flipsuit
- По монтирањето на футролата на Galaxy Z Flip6, LED-картичката ќе се вклучи заедно со анимацијата на насловниот екран при отворање.
- Кога двапати ќе го допрете насловниот екран или ќе го притиснете копчето за вклучување додека уредот е преклопен, LED на LED-картичката ќе се вклучи 3 секунди со анимацијата на насловниот екран.
- Кога алармот или тајмерот ќе се активираат или кога ќе се прими дојдовен повик, LED на LED-картичката ќе се вклучи 3 секунди.
Што треба да направам ако мојата LED-картичка не е препознаена?
LED-картичката на футролата Flipsuit работи со користење на безжична комуникација напојувана со NFC помеѓу телефонот и картичката. Ако ја поставите LED-картичката на магнет или метал, вашиот уред може да не ја препознае картичката. Отстранете го капакот и повторно ставете го за да се уверите дека LED-картичката е правилно препознаена.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window