Како да постапите ако Android Auto не функционира на Вашиот Galaxy S22 или S23
Android Auto е апликација која Ви овозможува да гледате информации од разни апликации на екранот на автомобилот. Може да ја користите за комуникација со асистентите за навигација, да примате и упатувате повици, како и да слушате музика и подкасти.
Некои корисници нѐ известија дека не можат да ја користат Android Auto или да ја поврзат со Galaxy S22 или S23, или пак со својот Volkswagen, Skoda или SEAT автомобил. Ако се соочувате со ваков проблем, обидете се да го решите со чекорите дадени во продолжение.
Ако ниту еден од овие чекори не го реши вашиот проблем, контактирајте го центарот за корисници на Volkswagen, Skoda или SEAT или, пак, сервисниот центар. Овие производители потврдија дека работат на ажурирање на софтверот за засегнатите возила.
Volkswagen возила
Има проблем со компатибилноста со поврзувањето на пристапните точки помеѓу некои Volkswagen возила и некои Android OS модели. Ова се должи поради измените во тоа како се назначуваат IP адреси за пристапните точки откако е пуштен оперативниот систем Android OS 11.
Проблемот може да се реши така што ќе се ажурира фирмверот на возилото на најновата верзија. За да го направите ова, контактирајте го центарот за корисници на Volkswagen или застапништвото на Volkswagen.
Проверете ги поставките на својот автомобил
- Погрижете се автомобилот и стерео-системот да бидат компатибилни со Android Auto.
- Погрижете се Android Auto да биде вклучена во поставките на возилото.
- Ажурирајте го софтверот на системот за забава.
- Погрижете се Android Auto да биде достапна во Вашата земја.
Проверете го УСБ-кабелот
- Ако се поврзувате преку УСБ-кабел, погрижете се да користите висококвалитетен кабел којшто поддржува пренос на податоци. Ако е можно, треба да го користите оригиналниот кабел што се испорачува со Вашиот уред.
- Проверете го приклучокот за полнење за да се погрижите дека нема нечистотија или остатоци во него.
Проверете го телефонот
- Погрижете се телефонот да функционира на Android OS 8.0 или понова верзија.
- Погрижете се да ја имате инсталирано најновата верзија на апликацијата Android Auto.
- Вашиот телефон треба да има активен план за податоци и 5 GHz Wi-Fi поддршка.
- За да го направите ова, одете на: Поставувања > Конекции > Моб. хотсп. и споделување врска > Мобилен хотспот > Конфигурирај > Опсег.
- Ако телефонот има 5 GHz Wi-Fi поддршка, ќе се прикаже 5 GHz.
- Погрижете се да го имате преземено најновиот софтвер. За да проверите, одете на Поставувања > Ажурирање софтвер > Преземете и инсталирајте. Ако има достапно ажурирање, тогаш автоматски ќе се преземе.
- Погрижете се Bluetooth поврзаноста да биде вклучена и правилно да функционира.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window