Што да правите кога GPS не работи добро на часовникот Watch Active2

Samsung Galaxy Watch Active2 има GPS антена за да можете да добивате информации за локацијата во реално време без поврзување со мобилниот уред. Меѓутоа, ако часовникот не е поврзан со мобилниот уред повеќе од еден ден, GPS-от на часовникот можеби нема да е точен или може да потрае две или три минути подолго од вообичаеното за да ја одреди вашата локација. Следат совети за подобрување на точноста на GPS-от на часовникот.
 

Пред да ги испробате следниве препораки за да го решите овој проблем, проверете дали софтверот на вашиот часовник и потребните апликации се ажурирани. Повеќе информации за тоа Како да ажурирате софтвер и апликации на часовникот Samsung Galaxy Watch Active2 побарајте во Samsung поддршката.

Излезете надвор и потоа рестартирајте го часовникот

Ако сте во затворено, излезете надвор и рестартирајте го часовникот. За добивање GPS сигнал може да помогне ако нема пречки, на пример, ако не стоите помеѓу ѕидови или на лоши временски услови.

  • За да го рестартирате часовникот, притиснете и држете го копчето за Вклучување, а потоа допрете Исклучување. Кога часовникот е целосно исклучен, повторно притиснете го и држете го копчето за Вклучување за да го рестартирате.
     

Иако GPS-от работи во зграда или куќа, најдобро работи на отворено за примање сигнали и комуникација со сателитите. Пред проверка на локацијата со GPS апликацијата додека сте надвор, прво прилагодете ги поставките на часовникот.
 

Чекор 1. На екранот со апликации, допрете Поставки > Врски.

Чекор 2. Пронајдете и допрете Локација и потоа допрете го прекинувачот за да ја активирате функцијата.

 

Следното може да резултира со губење на GPS сигналот:

  • Часовникот и телефонот не биле поврзани повеќе од еден ден.
  • Услугите за лоцирање се исклучени на часовникот или на телефонот или на двата уреди.
     

Ако проблемот продолжи, ги предлагаме следниве опции за прилагодување на поставките.

Забелешка:

  • Проверете дали режимот за лоцирање на вашиот телефон е поставен на Висока точност.
  • GPS антената на часовникот Galaxy Watch Active2 се користи со апликацијата Samsung Health, дури и кога часовникот Galaxy Watch Active2 е поврзан со мобилен уред.
  • Јачината на GPS сигналот може да биде на места каде што има пречки на сигналот, како на пример помеѓу згради, во низини или во лоши временски услови.

Кога часовникот е поврзан на телефонот, часовникот ќе ја добие GPS локацијата од телефонот со цел да се подобри точноста на локацијата. Ако телефонот има проблеми затоа што нема мобилни податоци или сигналот е слаб, контактирајте го вашиот мрежен оператор.
 

Чекор 1. Пронајдете и допрете Поставки > За телефонот.

Како да најдете За телефонот

Чекор 2. Допрете Статус.

Чекор 3. Допрете Статус на SIM-картичката.

Допрете Статус на SIM-картичката.

Чекор 4. Проверете дали на Статусот на мобилната мрежа пишува „Поврзано“.

Ако уредите се поврзани преку Bluetooth врска, на горниот дел од апликацијата ќе пишува „Поврзано преку Bluetooth“.Можноста за поврзување може да се провери на почетниот екран на апликацијата Galaxy Wearable.

Проверете дали е поврзано преку Bluetooth

Ако уредите не се поврзани:

  • Апликацијата Galaxy Wearable ја прикажува пораката „Не е поврзано со часовникот“.
  • Допрете Поврзи за повторно поврзување на уредите.

 

Ако се поврзани преку Wi-Fi мрежа:

  • Апликацијата Galaxy Wearable ја прикажува пораката „Поврзано од далечина“.

        Чекор 1. Одете на Поставки > Врски.

        Чекор 2. Вклучете го прекинувачот за Bluetooth.

Што да правам кога е поврзано од далечина

Ако проблемот продолжи, ресетирајте го часовникот со помош на апликацијата Galaxy Wearable. По повторно ресетирање, одново поврзете го часовникот со телефонот.

Забелешка:

  • Редовно проверувајте дали има ново ажурирање на софтверот со помош на апликацијата Galaxy Wearable на телефонот. 
  • Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window