Кои карактеристики се достапни во AR зоната во Galaxy Z Flip?

Уживајте во сите карактеристики на AR (Зголемена реалност) на едно место, AR зоната.

Тоа е едноставна продавница со богати содржини за корисниците со цел да ги користат карактеристиките базирани на реалност со цела збирка од едно место.

Детални карактеристики вклучени во AR зоната

  • Камера на AR Eмоџи: Креирајте My Emoji (Мој емоџи) што изгледа исто како Вас и фотографирајте и снимајте видеа користејќи My Emoji (Мој емоџи) или карактерни фаци.
  • AR Doodle: Снимајте забавни видеа со помош на функцијата за виртуелно рачно пишување или цртање врз лица, или врз нешто друго.
  • Студио за AR Eмоџи: Уредете или украсувајте My Emoji (Мој емоџи) и креирајте алишта со модели и бои по желба за Мој емоџи.
  • Налепници на AR Eмоџи: Креирајте сопствени лепенки со изрази или дејства на My Emoji (Мој емоџи).
  • Deco Pic: Фотографирајте или снимајте видеа со различни лепенки.
снимка на екран со одлики на AR зона

Како да ја активирате AR зоната кај Galaxy Z Flip

За да ја активирате AR зоната, видете во начините што се опишани подолу: 

 

  • Активирајте ја апликацијата AR Zone.
  • Активирајте ја апликацијата Camera (Камера)MORE (ПОВЕЌЕ)AR Zone.

Забелешка: Достапните карактеристики може да се разликуваат според регионот или давателот на услугата.

Креирајте Мој емоџи што изгледа исто како Вас и фотографирајте и снимајте видеа користејќи Мој емоџи или карактерни емоџи.

 

Чекор 1. Допрете на иконата „+“ за да креирате нов емоџи или да изберете веќе постоечко слатко емоџи.

Чекор 2. Сликајте го сопственото лице во центарот на екранот за да го порамните со нов емоџи.

Чекор 3. Изберете форма на емоџи. (машко, женско, момче, девојка).

Чекор 4. Може да си одберете сопствен стил, па дури и да дизајнирате нова облека.

Чекор 5. Допрете Следно по стилизирањето нов емоџи, ќе може да го промените стилот следниот пат.

Чекор 6. Сега може да играте, фотографирате и да снимате видеа со Вашиот емоџи кој што личи исто како Вас!

снимка на екран со одлики на камерата за AR емоџи

Забелешка: Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во Вашата земја.

Креирајте сопствени лепенки со изрази или дејства на Мој емоџи.

 

Чекор 1. Допрете Get started (Започни).

Чекор 2. Дизајнирајте сопствена лепенка и зачувајте ја. 

Чекор 3. Изберете лепенки и преземете ги.

Чекор 4. Може да најдете Ваши сопствени лепенки со емоџи коишто сте ги презеле во фотогалерија.

Забелешка: Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во Вашата земја.

виртуелно рачно пишување или да цртате врз лица, или врз нешто друго. Кога камерата препознава лице или празен простор, исцртаното врз лицето ќе се движи како што се движи лицето, односно цртежот врз празниот простор ќе остане фиксиран врз просторот (пр. ѕид) како што се движи камерата.


Чекор 1. Кога камерата ќе го препознае субјектот, на екранот ќе се појави површината што го прави препознавањето.

Чекор 2. Пишувајте или цртајте во површината на препознавање лице или простор. Ако допрете на црвената точка Record (Снимај) и потоа почнете да цртате, можете да се снимите како цртате.

Чекор 3. Допрете Record (Сними) за да снимите видео.

Чекор 4. Допрете Stop (Запри) за да престанете со снимање видео. Можете да го гледате и споделувате видеото во Photo Gallery. (Фотогалеријата)

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window