Зошто треба повеќе време за да се направи фотографија со висока резолуција со Galaxy S23 Ultra?

Кога фотографирате слики со висока резолуција, интервалот меѓу снимките може да биде поголем во споредба со сликите со нормална резолуција, бидејќи треба повеќе време за обработување на сликите со поголем број пиксели. 

Приказ на рамка од слика со икони за сооднос и резолуција.

Имајте предвид: времето за обработка на сликата може да се зголеми ако снимате повеќе слики со висока резолуција последователно. 

Galaxy S23 Ultra може да прави слики со висока резолуција (до 200 милиони пиксели) со помош на технологијата за обработка на слики заснована на длабоко учење. 

Па, во текот на времето за обработка, нормално е да видите „Се вчитува“  кога фотографирате моментално или кога влегувате во галеријата веднаш откако ќе фотографирате 

Ако ја смените резолуцијата на сликата, ќе се смени времето што е потребно за нејзино обработување. 

Како да ја смените резолуцијата на сликата

Ако изберете 200 MP или 50 MP во опциите за фотографирање, може да направите фотографии со висока резолуција.

  • 200 MP: 200 милиони пиксели.
  • 50 MP: милиони пиксели.

Имајте предвид: опцијата за резолуција од 200 mp е достапна само со Galaxy S23 Ultra. 

Приказ на иконата од апликацијата Камера на почетниот екран. Приказ на иконата од апликацијата Камера на почетниот екран.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Камера на телефонот Samsung Galaxy.  

Приказ на иконата за сооднос и резолуција на камерата. Приказ на иконата за сооднос и резолуција на камерата.

Чекор 2. Допрете на иконата за сооднос и резолуција на сликата.

Приказ на опциите за сооднос и резолуција на сликите од камерата. Приказ на опциите за сооднос и резолуција на сликите од камерата.

Чекор 3. Изберете сооднос и резолуција за посакуваната големина на сликата.

Времето за обработка на сликата може да се зголеми ако фотографирате повеќе слики со висока резолуција последователно.

  • Како да го проверите времето за обработка на сликата со камерата 
Приказ на иконата Се вчитува во апликацијата Камера.

Откако ќе фотографирате, погледнете ја иконата Се вчитува, којашто го прикажува времето што е потребно за да се обработи сликата.

 

 

  • Како да го проверите времето за обработка на сликата со помош на Галеријата 
Приказ на иконата Се вчитува во апликацијата Галерија.

Откако ќе фотографирате, отворете ја Галеријата и погледнете ја иконата Се вчитува, којашто го прикажува времето што е потребно за да се обработи сликата и да се објави во Галерија. 

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window