Зошто секое пенкало S Pen е уникатно?
Моделите Note се легендарни токму поради пенкалата S Pen. Иако и досегашните пенкала S Pen се закон, имавме решено секое ново издание на пенкало да биде подобро од претходното. Затоа, пенкалата S Pen за Note10/10+ се најдобрите што досега сме ги направиле! Постојат одредени разлики во карактеристиките и спецификациите од претходните пенкала S Pen.
Поцврсти од кога и да било
Пенкалата S Pen за Note8 и Note9 беа од два одделни дела, додека тие за Note10/Note10+ се направени од еден цел дел, поради што се и поцврсти од претходните.
Подобра батерија
Уште од Note9, пенкалото S Pen е направено да работи со Bluetooth LE, што значи потрошувачка на помалку енергија, така што можете да уживате во опцијата за контрола од далечина, како и во другите кул карактеристики. Поради тоа што има Bluetooth, пенкалото S Pen треба да го полните одвреме-навреме.
Во случајот на Note10/Note10+, пенкалото S Pen се полни малку подолго од тоа за Note9, но затоа и поиздржливо е. Батеријата може да потрае до најмногу 30 минути ако го користите постојано, а потребно е помалку од 10 минути за целосно да се наполни, што воопшто не е многу.
Пенкалото S Pen за Note8 не мора да се полни со оглед дека нема опција за поврзување Bluetooth LE.
Забавни Bluetooth карактеристики
Карактеристиката за контрола од далечина ги воодушеви сите кога беше објавен моделот Note9. Со неа можете пенкалото S Pen да го користите за сликање, да контролирате презентации во PowerPoint, да ја разгледувате галеријата и повеќе од тоа.
Пенкалото S Pen за Note10/Note10+ ја има оваа карактеристика, но има многу повеќе Air дејствија што може да се употребуваат! Пенкалото S Pen може да чувствува движења, поради што можете да извршувате одредени дејствија.
Сменете ја апликацијата, функциите или дејствијата што сакате да ги употребувате со пенкалото S Pen.
За да ја смените апликацијата што ќе се вклучува,
1. Отворете го панелот за известувања, лизгајте надолу, допрете и држете долго на текстот „S Pen air actions“
Или, отворете ја апликацијата Settings, допрете на Advanced features → S Pen → Air actions
2. Допрете на Hold down Pen button to, а потоа изберете апликација или функција. За да го смените дејството за секоја апликација поединечно, отворете го екранот со поставки за Air дејствија и изберете апликација во делот App actions. Дејствијата можете да ги менувате со допирање на работите под Pen button или Gestures
Забелешка: Исто како и со останатите уреди со Bluetooth, максималниот досег на пенкалото S Pen е 10 метри. Не можете со пенкалото S Pen од Note8 да ја користите функцијата за контрола од далечина или Air дејствијата.
„Откачете“ со пенкалото
Има ли некој што не ужива во користењето на менито за Air команди за да пишува или црта? Тие се ударната карактеристика на серијата модели Note. И не заборавајте ја апликацијата PENUP, каде што ќе пронајдете дигитална цртанка. Можете да уживате во овие работи на Note8, Note9 и Note10/Note10+.
Но, со моделите Note10/Note10+ имате повеќе опции за уредување и креативност од кога било претходно. Можете попрецизно да уредувате со новиот уредник за видеа, да цртатите во самите видеа со снимачот за екранот и да бидете уметници со новата апликација Adobe Rush. Освен тоа, моделите Samsung Note имаат и нови карактеристики. Можете брзо да го претворите ракописниот текст во печатен и дури и да ги претворате вашите белешки во документи за програмата Microsoft Word!
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window