Можноста за самостојна поправка надвор од гаранцијата е од сега достапна.
Со програмата на Samsung за самостојна поправка надвор од гаранцијата можете едноставно да дојдете до оригинални делови и сами да извршите одредени поправки надвор од гаранцијата на некои од најновите Samsung Galaxy мобилни телефони, лаптопи, фрижидери, машини за перење алишта, машини за перење и сушење, машини за перење садови, како и електрични екрани како што се телевизорите или мониторите на компјутерите.
Проверете го следново пред да започнете
Најчесто поставувани прашања
Можете самостојно да вршите основни поправки надвор од гаранцијата, на фрижидери, машини за перење, машини за сушење, машини за миење садови, телевизори и монитори за компјутер купени по 1 март 2021 година.
За сами да извршите поправка надвор од гаранцијата на голем број мобилни уреди Samsung, вклучувајќи ги сериите Galaxy S20, S21, S22 и S23 и моделите претставени по 1 јули 2023 година, можете да ги користите нашите инструкции за поправка надвор од гаранцијата.
Од нашата палета на таблети и лаптопи, сега можете самостојно да ги поправате Galaxy Book Pro 15“, Book Pro 360 15“, Book2 Pro и Book2 Pro 360, како и моделите претставени по 1 јули 2023 година.
Нашиот комплет алат за самостојна поправка надвор од гаранцијата, доаѓа со се што ви треба.
Посетете ја веб-страната на нашиот партнер за да ги видите Упатствата за чекор-по-чекор за самостојна поправка надвор од гаранцијата и да ги купите алатот и оригиналните резервни делови потребни за наведената поправка.
Не, нема да треба да го внесувате IMEI бројот или да ги „спарите“ новите компоненти со вашите уреди.
Можноста за самостојна поправка надвор од гаранција се однесува исклучиво на производите на Samsung кои повеќе не се опфатени со важечката трговска гаранција од производителот за исправноста на производот, поради нејзиниот истек, како и за производите на Samsung кои имаат оштетувања што не се покриени со важечката трговска гаранција на производителот за исправноста на производот.
Samsung Electronics нема да биде одговорен за каква било неисправност или оштетување на производот, за кој било друг проблем поврзан со производот или за каква било друга имотна или неимотна штета, предизвикана или поврзана со самостојно извршена поправка на производот надвор од гаранција.
Секој дефект или оштетување на производот што е предизвикано од обид за самостојна поправка на производот надвор од гаранцијата нема да биде покриено со трговската гаранција на производителот за исправноста на производот.
Користете ги овие упатства само за самостојни поправки надвор од гаранција. Гаранциските поправки мора да ги врши исклучиво овластениот сервисен центар наведен во гарантниот лист на производот. Секој дефект или оштетување на производот предизвикано од обид за самостојна поправка на производот надвор од гаранцијата нема да биде покриено со трговската гаранција на производителот за исправноста на прозводот.
За да се осигурате дека вашиот уред е целосно функционален по самостојната поправка надвор од гаранцијата, препорачуваме да ги извршите дијагностичките тестови во апликацијата Samsung Members. Погледнете го видеото кое прикажува Како да се изврши дијагностички тест.
Ако резултатите од тестот откријат какви било проблеми или друг дефект поради поправка, ве молиме контактирајте со поддршката на Samsung за дополнителни инструкции.
• Секоја неисправност или оштетување на производот предизвикано од самостојна поправка надвор од гаранција може да доведе до дополнителни трошоци за поправка, кои нема да бидат покриени со трговската гаранција на производителот за исправноста на производот.
• Апликацијата Samsung Members е предмет на ажурирање без претходна најава.
• Достапноста на одредени функции зависи од операторот или моделот.
За да го спарите серискиот број на новата батерија со телефонот и да го рекалибрирате уредот, можете да ја преземете и официјалната апликација Samsung Electronics наречена „Помошник за самостојна поправка“ достапна во Galaxy Store.
Ако сакате повеќе детали за достапноста на резервни делови за вашиот телевизор и кујнски апарати, можете да ја погледнете целосната листа.
Можете да контактирате со поддршката на Samsung за професионални услуги и услуги за гаранциска поправка. За повеќе информации посетете ги нашите страници за поправка.
Можете сами да ги фрлите оштетените или искористените делови преку вашата локална служба за отстранување отпад.
Професионален сервисер е некој кој може да докаже дека ја има потребната техничка обука и работи во согласност со сите официјални прописи за сервисерите на електрична опрема во својата држава.
Ако вашиот мобилен телефон има изгорена батерија, не обидувајте се сами да ја поправите. Можете да забележите дали батеријата е надуена со визуелна проверка - ако е надуена, батеријата физички ќе се одвои од задниот дел на уредот. За да поправите или фрлите уред со оштетена или изгорена батерија или издуван дел од батеријата, можете да го посетете кој било сервисен центар на Samsung. Не испраќајте надуени или оштетени батерии по пошта..
Code to Open Chat Window