Како да ги решите проблемите со телевизор Samsung што не сака да се вклучи
Ако имате проблем да го вклучите Samsung Smart TV, проблемот може да биде поврзан со штекерот, кабелот, далечинскиот управувач или со самиот телевизор. Прикажувањето црвено светло за подготвеност е важно. При нормално користење, црвеното светло за подготвеност свети кога ќе биде исклучен телевизорот, а не свети кога ќе се користи телевизорот.
Ситуација 1. Кога свети црвеното светло за подготвеност
Не е проблем ако свети црвеното светло за подготвеност кога е исклучен телевизорот. Меѓутоа, ако телевизорот не се вклучува откако ќе се обидете да во вклучите, мора да има проблем со далечинскиот управувач. Прво, вклучете го телевизорот со копчето за напојување на телевизорот наместо преку далечинскоит управувач.
- Ако се вклучува телевизорот без далечински управувач, тогаш проблемот е во далечинскиот управувач Треба да ги замнеите батериите или да го поправите далечинскиот управувач.
Забелешка: местоположбата на копчето за напојување зависи од моделот на телевизорот. Ако не сте сигурни каде се наоѓа, видете во прирачникот.
Ситуација 2. Кога не свети црвеното светло за подготвеност
Проверете дали кабелот и штекерот функционираат правилно. Прво, проверете дали се добро поставени каблите. Оставете го телевизорот невклучен 30 секунди, па кога ќе го вклучите, ставете го приклучокот директно во исправен штекер. Ако не функционира тоа, обидете се на друг штекер.
- Ако се запали црвената светилка за подготвеност, значи дека во телевизорот влегува струја и веројатно ќе се вклучи без проблеми. Тоа значи дека има проблем со оригиналниот штекер каде што сте вклучиле.
Ситуација 3. Кога трепка црвеното светло за подготвеност
Проверете ги заштитниците за пренапон, ако користите такви. Со тек на време може да се истрошат и да не даваат доволно напон за телевизорот. Може да ги замените заштитниците за пренапон. Светло што трепка покажува дека има проблем или со напојувањето или со некооја внатрешна компонента на телевизорот.
Забелешка: ако телевизорот сè уштене може да се вклучи, обратете се во центарот за поддршка на Samsung.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window