Како да го ажурирате фирмверот на телевизорот Samsung со помош на USB-меморија
Многу важно да го ажурирате фирмверот на телевизорот до најновата верзија. Може да го ажурирате телевизорот со помош на USB-меморија или преку мрежа, а ако не функционира ниеден од двата начина, може да се користи и Remote Management (Далечинско управување). Следете го водичот подолу за да го ажурирате фирмверот на телевизорот со помош на USB-меморија.
Редовно ажурирајте го фирмверот
Ќе имате некои придобивки што ќе може да ги искористите кога ќе го ажурирате фирмверот. Прво и основно, ќе може да додавате нови карактеристики на телевизорот. Дури и ако телевизорот не е најнов модел, сепак ќе може да ги користите најновите карактеристики од ажурирањето на фирмверот. Може и да поправи разни грешки. Новиот фирмвер може да има решение за Вашиот проблем.
Забелешка: повеќето телевизори ќе добијат ажурирања во кои има нови карактеристики за следните две години. Ажурирањата по ова се главно за поправање проблеми.
Како да извршите ажурирање со помош на USB-меморија
Ако телевизорот не е поврзан на интернет, добро е да го ажурирате со помош на USB-меморија. За таа цел, ќе Ви треба USB-меморија и компјутер поврзан на интернет. Обидете се со следниве чекори.
Чекор 1. Побарајте го кодот на моделот на телевизорот на веб-локацијата од Samsung Support и преземете ја датотеката за надградба.
Чекор 2. Отпакувајте ја содржината и зачувајте ја на USB-меморијата.
Забелешка: зачувајте ја датотеката за ажурирање на основниот директориум од USB-меморијата за да може да ја пронајде телевизорот.
Чекор 3. Вметнете ја USB-меморијата во отворот за USB на телевизорот.
Чекор 4. Ажурирањето на фирмверот ќе започне автоматски.
Забелешка:
- Не исклучувајте го телевизорот, не исклучувајте го кабелот и не вадете ја USB-меморијата за време на ажурирањето. Може да предизвика грешка во фирмверот.
- Кодот на моделот може да го најдете во менито Support (Поддршка) > About this TV (За овој телевизор) или на задната страна од самиот телевизор.
- Сликите од екранот и од менито се само пример на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window