Поставување на Samsung

Ви честитаме за вашиот нов Samsung телевизор. Кога ќе го поставувате телевизорот прв пат, ќе треба да се најавите на вашата корисничка сметка на Samsung за да завршите со првичното поставување. Следете ги едноставните упатства во ова видео.

Случај 1 - Вашиот Galaxy телефон е веќе најавен на вашата корисничка сметка на Samsung.

Откако ќе ја поставите мрежата при првичното поставување, може да ја поставите својата корисничка сметка на Samsung така што ќе изберете „Start Setup“ (Започни со поставување).

Со камерата на телефонот скенирајте го QR-кодот на телевизорот.

Ако веќе се имате најавено со корисничка сметка на Samsung на Galaxy уред, тогаш, со истата сметка може да се најавите на телевизорот.

Напомена: Откако ќе го извршите поврзувањето, ќе треба да се најавите на вашата корисничка сметка на Samsung.

Кога ќе се појави скок-прозорецот, допрете на „Sign it in now“ (Најави се сега).

Допрете на „Sign in“ (Најави се).

Успешно се најавивте на телевизорот.

Потоа, може да ја регистрирате својата кредитна картичка. Може да допрете и на „Later“ (Подоцна) за да прекинете во оваа фаза.

Прифатете ги Условите за користење и завршете ги преостанатите поставки што ќе се прикажат на ТВ екранот. 

Откако ќе завршите со поставките, може да ги користите апликациите и паметните карактеристики.

 

Случај 2 - Ако имате телефон што не е Galaxy, но имате и корисничка сметка на Samsung.

Со камерата на телефонот скенирајте го QR-кодот на телевизорот.

Најавете се на телевизорот така што на телефонот ќе ги внесете адресата за е-пошта и лозинката за корисничката сметка на Samsung.

Допрете ја врската што ќе се појави.

Внесете ја вашата адреса за е-пошта.

Внесете ја лозинката.

Успешно се најавивте на телевизорот.

Може да ја регистрирате својата кредитна картичка. Или, може да прекинете во оваа фаза. 

Прифатете ги Условите за користење и завршете ги преостанатите поставки што ќе се прикажат на ТВ екранот. 

Откако ќе завршите со поставките, може да ги користите апликациите и паметните карактеристики.

 

Одрекување од одговорност

За пристап до Smart Hub, нашата паметна услуга базирана на мрежа што вклучува апликации (како на пример апликации за стриминг услуги) и до нашите други паметни карактеристики достапни на вашиот уред, потребна е корисничка сметка на Samsung. Можеби ќе треба да користите посебен уред (лаптоп, десктоп компјутер или мобилен телефон) за да креирате корисничка сметка на Samsung или за да се најавите на неа. Ако изберете да не се најавите на корисничка сметка на Samsung, ќе може да поврзувате само екстерни уреди (како HDMI и терестријална телевизија со антена). Прикажаните слики во видеото може да се разликуваат на уредите во зависност од моделот или географското подрачје. 

 

SAMSUNG

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window