Не може да се користат апликации од Samsung TV Smart Hub Home

Паметен телевизор на Samsung на којшто е прикажан екран „Добре дојдовте, стартувајте го Smart Hub!

Почнувајќи со паметните телевизори на Samsung од 2023 година и паметните монитори, за пристап до Smart Hub, нашата паметна услуга базирана на мрежа што вклучува апликации (како апликации за стриминг услуги) и до нашите други паметни карактеристики достапни на вашиот уред, потребна е корисничка сметка на Samsung. Можеби ќе треба да користите посебен уред (лаптоп, десктоп компјутер или мобилен телефон) за да креирате корисничка сметка на Samsung или за да се најавите на неа. Ако изберете да не се најавите на корисничка сметка на Samsung, ќе може да поврзувате само екстерни уреди (како HDMI и терестријална телевизија со антена). Понатаму, телевизорот нема да може да ги користи Smart Hub апликациите. Овде спаѓаат апликации како што се Netflix и YouTube, како и Samsung услуги каква што е Samsung Health. За да се реши овој проблем, мора да се најавите на својата корисничка сметка на Samsung и да ги прифатите Условите за користење на паметниот телевизор.

Напомена: Прикажаните карактеристики и слики може да се разликуваат на уредите во зависност од моделот или географското подрачје.

Различни серии и опции прикажани на почетниот екран на паметен телевизор на Samsung

Откако ќе се најавите на својата корисничка сметка на Samsung, може да уживате во разни услуги и карактеристики, односно:

  • Да гледате филмови или драми преку ТВ апликации
  • Да гледате разни канали на Samsung TV Plus, на пример за вести и забава
  • Да добивате препораки за содржини приспособени на вашиот вкус
  • Да контролирате уреди со апликацијата SmartThings
  • Да ги користите Samsung услуги како што е App store и софтверски ажурирања
  • Да преземате стотици бесплатни апликации и да примате автоматски ажурирања од App store
  • Да пребарувате содржини со Bixby гласовните команди

Напомена: Некои карактеристики и услуги може да се разликуваат во зависност од уредот, моделот и земјата.

Може да се најавите или да креирате корисничка сметка на Samsung при првичното поставување на телевизорот. Ако го прескокнавте овој чекор при првичното поставување и избравте „Later“ (Подоцна), тогаш може да ја регистрирате сметката на почетната страница на Smart Hub откако ќе го поставите телевизорот.

1 За да почнете, одете до почетната страница на Smart Hub, а потоа изберете „Set Up Now“ (Постави сега).
Паметен телевизор на Samsung на којшто е прикажан екран „Добре дојдовте, стартувајте го Smart Hub!
2 Со камерата на телефонот скенирајте го QR-кодот на телевизорот.

Напомена: Ако го прескокнавте овој чекор при првичното поставување, тогаш може да ја регистрирате корисничката сметка на Samsung откако ќе ја поставите мрежата.

На Samsung телевизор е прикажан QR код за корисничка сметка на Samsung, а до него е прикажан истиот QR код на Galaxy телефон
3 Следете ги упатствата на екранот на телефонот за да се најавите на својата корисничка сметка или за да креирате нова.
На Samsung телевизор е прикажан QR код за корисничка сметка на Samsung, а до него е прикажан екран за најава на корисничка сметка на Galaxy телефон
  • Ако веќе имате корисничка сметка на Samsung, може да се најавите на телевизорот така што ќе ги внесете адресата за е-пошта и лозинката на телефонот.
  • Ако веќе се имате најавено на Galaxy уред со корисничка сметка на Samsung, тогаш, со истата сметка може да се најавите на телевизорот. За да го направите ова, допрете на скок-прозорецот што се појавува кога ќе го скенирате QR кодот.
  • Ако немате корисничка сметка на Samsung, може да креирате нова сметка или да се најавите на телевизорот со својата сметка на Google.

Напомени:

  • Ограничувањето за возраста при регистрација за сметка на Samsung може да се разликува во зависност од земјата.
4 Откако ќе се најавите на својата корисничка сметка на Samsung, направете ги преостанатите чекори за поставување. Мора да се согласите со Условите за користење. Ако го прескокнете овој чекор за прифаќање на Условите за користење, дури и ако сте најавени на вашата корисничка сметка на Samsung, ќе бидете одјавени од сметката.
На паметен телевизор на Samsung се прикажува корисничкиот екран на сметка на Samsung
5 Откако ќе завршите со поставувањето, може да ги користите апликациите на Smart Hub на телевизорот.
На паметен телевизор на Samsung се прикажува почетниот екран на Smart Hub

Ако веќе имате корисничка сметка на Samsung, но не сте ја поврзале со паметниот телевизор при првичното поставување, може да се најавите преку екранот на телевизорот со помош на далечинскиот управувач.

1 За да почнете, одете до почетната страница на Smart Hub, а потоа изберете „Set Up Now“ (Постави сега).
Паметен телевизор на Samsung на којшто е прикажан екран „Добре дојдовте, стартувајте го Smart Hub!
2 Изберете „Remote Control“ (Далечински управувач).
На паметен телевизор на Samsung се прикажани различни опции за најава на корисничка сметка на Samsung

Напомена: Прочитајте го претходниот пасус за да дознаете како да се најавите или да креирате корисничка сметка на Samsung преку мобилен уред. Ако го прескокнавте овој чекор при првичното поставување, тогаш може да ја регистрирате корисничката сметка на Samsung откако ќе ја поставите мрежата.

3 Внесете ги акредитивите за својата корисничка сметка на Samsung.
На паметен телевизор на Samsung е прикажано „Најави се со далечински управувач“ до рака што држи далечински управувач
4 Потоа, продолжете со верификацијата во два чекори. За да го потврдите својот идентитет, изберете „Send Code“ (Испрати код).
5 Потоа, внесете го кодот што ќе го добиете. Изберете „Verify“ (Потврди).

Напомена: Корисничката сметка на Samsung овозможува дополнителна сигурност со верификацијата во два чекори. Може да го смените бројот или да додадете телефонски број на веб-локацијата за корисничка сметка на Samsung.

6 Откако ќе се најавите на својата корисничка сметка на Samsung, направете ги преостанатите чекори за поставување. Мора да се согласите со Условите за користење. Ако го прескокнете овој чекор за прифаќање на Условите за користење, дури и ако сте најавени на вашата корисничка сметка на Samsung, ќе бидете одјавени од сметката.
На паметен телевизор на Samsung се прикажува корисничкиот екран на сметка на Samsung
7 Откако ќе завршите со поставувањето, може да ги користите апликациите на Smart Hub на телевизорот.
На паметен телевизор на Samsung се прикажува почетниот екран на Smart Hub!

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window