Што е eARC и како да го поставите на Samsung Smart TV
eARC ви овозможува да испраќате аудио на телевизор чиј извор е од кабел, сателит, постојан тек или од уреди на AVR или лента-звучник преку HDMI-кабел. Ова овозможува едноставност при поврзувањето и може да се доживее оригиналното аудио.
Разлики меѓу HDMI ARC и eARC
Повеќето телевизори ги компримираат аудиосигналите однапред пред да се пренесуваат преку HDMI-кабли. Функцијата eARC (Enhanced Audio Return Channel - Подобрен канал за враќање на звукот) ви овозможува да го пренесувате аудиосигналот во првобитната оригинална резолуција преку HDMI-кабел и да се репродуцира најдобар звук без компромис. eARC претставува карактеристика што е имплементирана во најновата спецификација на HDMI 2.1, а најголемата нејзина предност е дека исклучително ги подобрува протокот и брзината. Со ова ќе пренесувате висококвалитетно аудио од телевизорот на лента-звучникот или на AV-приемникот и е компатибилна со форматите за пренос со висока брзина Dolby Atmos и DTS.
eARC е популарно наречена следната генерација на ARC. Дава поддршка за голем проток и поддржува повисоки брзини. Заради тоа, може да добиете аудио со повисок квалитет од HDTV на лента-звучникот или аудиоприемникот.
Аудиоформат |
ARC |
eARC |
---|---|---|
Dolby Digital |
Да |
Да |
Dolby Digital+ |
Да |
Да |
Dolby TrueHD |
Не |
Да |
Dolby ATMOS |
Да (1) |
Да |
DTS, DTS Master, DTS-X |
Не |
Не |
Повеќеканален PCM (LPCM)* |
Не |
Да (2) |
(1) Поддршка за Dolby ATMOS е достапна само на ATMOS базиран на ARC Dolby Digital+.
(2) LPCM е поддржана на модели од 2021 (AU7000 или понови).
* Поддржан е повеќеканален PCM со макс. 5.1 ch.
Поддржани модели за eARC
- Телевизор: UHD TU7000 и подобри модели.
- Лента-звучник: Q70T и подобри модели.
- Аудиоформат: поддржани се најновите аудиоформати со голема брзина на пренос, вклучувајќи Dolby TrueHD, Dolby Atmos и други.
Забелешка:
- Мора да користите HDMI-кабел со поддршка за eARC. (HEAC или HEC)
- Мора да биде овозможена функцијата Anynet + (HDMI-CEC) на паметниот телевизор.
- Ако се користи неовластен кабел, може да се појави грешка.
Поставки за режимот HDMI-eARC
За уредите што поддржуваат eARC, може да земете предвид користење на режимот HDMI eARC. Понекогаш се исклучува звукот при поврзување на уредот.
Следете ги чекорите наведени подолу за да го поставите влезното аудио на телевизорот.
Чекор 1. Притиснете на копчето Home (Почеток) на далечинскиот управувач Samsung и изберете Settings (Поставки).
Чекор 2. Изберете го менито Sound (Звук), а потоа изберете Expert Settings (Поставки за експерт).
Чекор 3. Одете до режимот HDMI e-ARC и притиснете на копчето enter (внеси) на далечинскиот управувач за да го вклучите.
Забелешка:
- стандардната поставка за режимот eARC е исклучена. (Поврзи се со ARC автоматски)
- eARC ќе се активира само кога ќе биде вклучен режимот HDMI-eARC.
Ќе треба да ги овозможите протоколите за HDMI-CEC во менито Settings (Поставки) на телевизорот. Телевизорите Samsung го повикуваат протоколот HDMI-CEC Anynet+.
Чекор 1. Притиснете на копчето HOME (Почеток) на далечинскиот управувач Samsung и изберете Settings (Поставки).
Чекор 2. На екранот Settings (Поставки), изберете General Menu (Општо мени) и External Device Manager (Управител со надворешни уреди).
Чекор 3. Одете до Anynet+ (HDMI-CEC) во менито за External Device Manager (Управител со надворешни уреди) и притиснете enter (внеси) на далечинскиот управувач за да ја вклучите Anynet+.
Забелешка:
- HDMI-портата ќе биде означена со ARC на задната страна од телевизорот или One Connect Box.
- Повеќето One Connect Boxes имаат порта за HDMI-ARC (тоа е обично третата HDMI-порта).
Ако има проблем при работењето на ARC/eARC, прво отстранете ги сите надворешни уреди (STB, OTT-уреди итн.) поврзани на телевизорот, а потоа обидете се повторно. Некои надворешни уреди може да не бидат целосно компатибилни според спецификациите за HDMI-врска, а тоа може да предизвика проблеми.
Треба да ги проверите следниве работи за да поврзете eARC на телевизорот.
- Проверете дали е поврзана портата за eARC (истата порта како за ARC).
- Проверете дали поврзаниот AV-уред има можност за eARC.
- Проверете дали HDMI-кабелот подржува HEAC или HEC.
- Повторно поврзете го HDMI-кабелот и ресетирајте го режимот HDMI-eARC на Auto (Автоматски).
Ако имате проблем со лош квалитет на излезниот звук, дури и кога eARC е поврзана правилно, треба да го проверите Digital Output Audio Format (Дигитален формат на излезно аудио).
(Menu (Мени) > Sound (Звук) > Expert Settings (Поставки за експерт) > Digital Output Audio Format (Дигитален формат на излезно аудио))
За да проверите дали AV-уредот не поддржува Audio Output Format (Формат на излезно аудио), тестирајте го излезниот звук со менување на Digital Output Audio Format во PCM / Auto / Pass-Through, по еднаш на секое.
Забелешка: сликите од екранот и од менито се само примери на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window