Како да постапите ако Samsung телевизорот не се вклучува
Кога решавате проблем кај телевизор кој не се вклучува, тоа не мора да биде толку комплицирано. Во некои случаи, телевизорот е можеби вклучен, но прикажува црн екран. Може да го проверите црвеното светло кое се наоѓа на долниот раб на телевизорот - она кон кое го насочувате далечинскиот управувач. При нормално користење, ова црвено светло е вклучено кога телевизорот е исклучен (што укажува дека телевизорот е во режим на мирување), а е исклучено кога телевизорот е вклучен (или кога нема струја). Меѓутоа, може да проверите и дали има некаков проблем со приклучниците, кабелот или далечинскиот управувач. Ако имате поврзано надворешен уред и гледате од тој извор, тогаш погрижете се дека надворешниот уред е вклучен и правилно функционира. Изберете го оној дел во продолжение кој одговара за Вашиот телевизор.
Црвеното светло е вклучено
Нормално е црвеното светло да свети кога телевизорот е исклучен, сѐ додека е вклучен во струја и има електрично напојување.
Црвеното светло е исклучено
Кога црвеното светло е исклучено, тоа значи или дека телевизорот нема напојување или, пак, е исклучен, а екранот е црн. Црвеното светло се исклучува секогаш кога ќе се вклучи телевизорот.
Напомена: Ако телевизорот е поврзан со One Connect Box, тогаш исклучете и одново вклучете го кабелот Invisible Connection што ги поврзува телевизорот и One Connect Box.
Црвеното светло трепка
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window